Економија
Peugeot – бренд што зад себе носи 210 години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации
Години на иновација, на постојано надминување на просекот за постигнување на максимумот, секогаш во чекор со иднината и во тек со најновите побарувања на современиот клиент.
Низ годините тимот на Peugeot неуморно работеше на постојан раст на Брендот. Peugeot се докажа како традиционалист, иноватор, како креативно и уникатно дизајнерско решение, како првенец во воведување на новитети, како современ реалист кој е по мерка и за најпребирливите потрошувачи. Бренд кој во своето работење се потпира на два главни постулати: емоција и движење!
Денес, Peugeot се издвојува со својата неуморност во воведување на иновативни решенија и креирање на уникатен дизајн и 100% електрични верзии за секој модел во гамата. При тоа произведувајќи 100% еколошки возила, практични, економски безбедни, со значително повисоко ниво на уживање на корисникот.
На 26. септември 1810 година, компанијата PEUGEOT Frères Aînés беше официјално основана од страна на „контрибутор со готовина“, запишан во Централен регистар, што сè уште се наоѓа во архивите Тере-Бланш. (Terre-Blanche), Дубс (Doubs).
Повеќе од два века, фамилијата Peugeot е присутна во модната револуција почнувајќи од 19 век, со воведување на челичната жица во кринолинските здолништа, А потоа ја покренува ревозлуцијата за мобилност со велосипеди и автомобили.
Со фокус на истражување и развој, Peugeot секогаш се прилагодувал на временските промени, стилови и потреби од страна на клиентите и на тој начин постојано бил чекор напред.
Peugeot е Бренд изграден од страна на креативни луѓе, инженери, дизајнери, кои со векови ги „предизвикуваат“ нормите, со цел да креираат и осмислат нови стандарди на возење и управување.
Благодарение на оваа алијанса на слободоумни мажи и жени, Peugeot никогаш не престана да се надградува како Бренд и продолжи да прераснува во стабилен и моќен идентитет низ годините.
Затоа денес овој Бренд слави цели 210 години на градење успешна приказна!
За да ја прослави својата богата историја, тим од Peugeot Design Lab дизајнираше лого за одбележување на 210-годишнината од постоење. Лого кое е креација на беспрекорните умови на тимот. Лавот, е прикажан странично во логото подвлечено со стрела.
Станува збор за најстарото постоечко лого на Брендот (регистрирано во 1858 година) кое симболизира три квалитети прикажани од самиот почеток: флексибилност, моќ и издржливост и брзина. Стрелата го симболизира терминот брзина.
Насловот „210 години“ се однесува на историјата на брендот, но и на следните 210 години што доаѓаат. Подвлечени се црно-белите бои на логото кои упатуваат на умереност и економичност, мантрата на Peugeot. Кругот околу Лавот го истакнува логото како амблем, на кој секој ќе биде горд да го користи како свој.
Повеќе од 2 века подоцна – Peugeot фамилијата се уште расте повеќе од било кога.
Тоа се 210 години поминати во „кршење на правилата“, 210 години следење на мудрите зборови на Armand:
“Si nous sommes assez hardis et habiles, nous ferons de Peugeot l’une des plus grandes affaires industrielles de France”.
„Ако сме доволно паметни и силни, од Peugeot ќе создадеме еден од најголемите бизниси во индустријата на Франција“.
Очигледно и биле доволно смели. Доволно смели, за дури и да се прошират на светски рамки.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.