Контакт

Економија

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

Објавено пред

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој.

Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за учество на конференцијата е започнато, а билетите веќе се пуштени во продажба. Деталната програма и сите информации за говорниците и билетите може да се најдат на www.biznisarena.mk.

„Бизнис Арена“ е создадена како платформа на која знаењето се поврзува со конкретни деловни можности. На едно место ќе се сретнат претприемачи, сопственици на компании, менаџери, домашни и меѓународни експерти, претставници на институциите и професионалци што носат одлуки и создаваат нови партнерства.

 

Во фокусот на конференцијата ќе бидат прашањата што се клучни за иднината на македонскиот бизнис: како локалниот бренд да стане меѓународно релевантен, кога компанијата е подготвена за извоз, што е потребно за успешен настап на нов пазар и како да се изгради бренд што создава долгорочна вредност.

Она што ја прави „Бизнис Арена“ поинаква е концептот „Три зони. Една конференција.“ Наместо класичен формат во кој посетителите само слушаат предавања, конференцијата нуди целосно деловно искуство преку три меѓусебно поврзани содржини.

Eкспозеата на говорниците ќе донесaт инспиративни разговори за растот и развојот на брендовите, актуелни теми и динамични дискусии меѓу различни деловни перспективи. Во посебен дел ќе се обработуваат практичните знаења, конкретните алатки и стратегии што учесниците ќе можат веднаш да ги применат во своето работење. Дополнително обезбеден е простор за вмрежување, B2B средби, индивидуални консултации и директно поврзување со потенцијални партнери, клиенти и експерти.

 

„Бизнис Арена 2026“ ќе обедини бројни домашни и меѓународни говорници од бизнисот, институциите и експертската јавност, кои ќе споделат различни перспективи и искуства за растот, конкурентноста и настапот на нови пазари. Дел од имињата што ќе ги видиме на сцената се Хенрик Исаксон, директор за трговска политика во Confederation of Swedish Enterprise, Ема Гарет, правен советник во SCC Arbitration Institute, Н.Е. Кристин Мелсом, амбасадорка на Норвешка за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, Робин Зимбаков, основач и извршен директор на „Солопром“ и сопственик на „Урбан ФМ“ и „Минисо Македонија“, Даница Личанин, основач и извршен директор на „Рептил Маркети“, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација и Горан Поповски, претседател на Global Land Vehicles во Dometic.

Учеството на „Бизнис Арена 2026“ е можност компаниите и професионалците да добијат повеќе од инспирација. Тоа е можност да стекнат применливи знаења, да ги преиспитаат своите деловни стратегии, да воспостават контакти со релевантни луѓе и да откријат конкретни патишта за раст и пристап до нови пазари.

Конференцијата е наменета за сите што сакаат да бидат чекор пред промените – од претприемачи што развиваат нов бренд и компании што се подготвуваат за извоз, до искусни деловни лидери што бараат нови партнерства, идеи и можности за проширување.

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој.

Официјалната веб-страница на конференцијата е активна, а започната е и продажбата на билети. Целосната програма, информациите за говорниците и билетите се достапни на www.biznisarena.mk.

ПР

Најново

Македонија54 секунди

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија5 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија11 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...

Спорт37 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника42 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија44 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија47 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт53 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт1 час

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...