Контакт

Економија

СДСМ: Кочовска призна дека без ребаланс нема да има пари ни за плати ни за пензии

Објавено пред

Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, велат од СДСМ.

Со други зборови, додаваат од партијата, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон граѓаните.

„Ова е директно признание за катастрофалната економска политика на ВМРО-ОКГ. Наместо да признаат дека буџетот е празен поради нивното расипништво, задолжувања и криминални тендери, тие се обидуваат да го претстават ребалансот како нешто нормално и развојно. Реалноста е поинаква: по две години власт, ВМРО-ОКГ е принудена да прави ребаланс за да не дојде до блокада во исплатата на платите и пензиите. Ова е резултат на нивната неспособност, лажни ветувања и економска политика која ја турка Македонија во финансиска криза. Граѓаните не треба да бидат измамени со зборови како „развоен ребаланс“. Ова е ребаланс на криза која самите ја создадоа. ВМРО-ОКГ дојде на власт ветувајќи подобар живот, а сега признава дека без нови задолжувања и ребаланс, нема да може да ги исплаќа ниту платите, ниту пензиите. Тоа е вистинското лице на оваа криминална власт“, велат од СДСМ.

Најново

Македонија2 секунди

Ангелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењето

Во моментот нема алармантни пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека опасноста...

Спорт25 минути

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија33 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура39 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет57 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура59 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија1 час

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет1 час

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника1 час

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...