Контакт

Економија

СДСМ: Власта ги извиси земјоделците, во време на СДСМ откупната цена на пиперката ајварка беше 50 денари

Објавено пред

Власта на Мицкоски ги извиси и ги изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка. Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина, велат од СДСМ.

„Договорената цена што Серафимовски, сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од откупната цена на пиперката ајварката во 2022 и 2023. Во време на Владата на СДСМ, црвената пиперка ајварка, во период на пост ковид криза и енергетска криза се откупуваше по 45 денари во 2022 година и 50 денари за килограм во 2023 година. Земјоделците не бараат милостина, туку фер цена за својот труд. Денес, кога се е поскапено, од репроматеријали, ѓубрива, работна рака и сите останати трошоци за производство, земјоделците заслужуваат да имаат откупни цени со кои ќе имаат исплатливо производство“, велат од СДСМ.

Додаваат дека производните трошоци во последните две години се зголемиле за околу 20%, а откупната цена е намалена во просек за 30 %.

„Сè поскапе, само трудот на земјоделецот поевтини. Ова е резултатот од две години погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците. Две години власта ги понижува земјоделците, ги укинува добрите мерки на СДСМ и воведува нови критериуми кои дополнително го загрозуваат земјоделското производство. Дозволија да се случи хаос со откупот во секоја земјоделска гранка. Ги оставија земјоделците без сигурност, сами да се снаоѓаат во сред криза“, велат од СДСМ.

Најново

Македонија41 секунда

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува...

Економија9 минути

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се...

Економија14 минути

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон „Алта банка“, средствата се во Трезорот, финансиската стабилност е сигурна

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска...

Забава54 минути

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија1 час

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија1 час

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија2 часа

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...

Македонија2 часа

Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора

Лекарска комора информира дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател...

Свет2 часа

Дојави за бомби во 300 италијански училишта

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за...