Контакт

Економија

Серафимовски во Белград: Посилни пазари, климатска отпорност и иднина за младите во руралните средини

Објавено пред

Регионалната соработка во земјоделството ќе се вреднува според конкретните промени и можности што ги создава за земјоделците преку обезбедување посилни и подостапни пазари, поголема отпорност на климатските ризици и услови младите да ја градат својата иднина во руралните средини, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во своето обраќање на 20-тиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што се одржува во Белград, Република Србија.

Во своето обраќање, тој нагласи дека европската интеграција останува стратешка определба на државата, а земјоделските политики се усогласуваат со Заедничката земјоделска политика на ЕУ паралелно со зајакнувањето на институциите задолжени за нивно спроведување. Како значаен дел од реформскиот процес, министерот Серафимовски го издвои Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој воспоставува системска рамка за организирање на производителите, пазарни стандарди, училишни шеми, пазарни информации и мерки за справување со големите нарушувања на пазарот.

„Треба да се фокусираме подобро да го искористиме постојниот пристап до пазарот на ЕУ, преку поддршка на производителите во исполнувањето на европските барања, подобрување на сертификацијата и дигиталната документација, зајакнување на транспортот, складирањето и ладните синџири, како и намалување на непотребните задржувања на лесно расипливите производи на границите“, порача министерот Серафимовски.

Тој оцени дека реформите, заедно со инвестициската поддршка преку ИПАРД, ќе ја зајакнат позицијата на производителите во синџирот на снабдување со храна и ќе им помогнат на земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси да се модернизираат и да ги исполнат европските стандарди.

„Сушите, високите температури, поплавите и шумските пожари ги загрозуваат производството, достапноста на водата, шумите и руралните заедници. Во Северна Македонија оваа рамка ја претвораме во практични совети за почвата, водата, наводнувањето и производството, за земјоделците да можат да носат одлуки и да инвестираат во согласност со локалните ризици“, нагласи министерот Серафимовски.

Осврнувајќи се на Приштинската агенда 2026 и Берлинскиот процес, министерот Серафимовски посочи дека регионалната соработка треба да се развива во насока на претворање на плановите за климатска адаптација во мерки што институциите ќе можат да ги спроведуваат и следат, како и за поддршка на генерациската обнова во руралните средини. Тој потенцираше дека на младите земјоделци и руралните претприемачи, покрај финансиската поддршка, потребен им е олеснет пристап до земјиште и кредити, соодветни знаења и вештини, дигитални услуги и реален пристап до пазарите.

„Постојаната работна група за регионален рурален развој има значајна улога во претворањето на овие приоритети во конкретни активности, преку поврзување на министерствата, експертите и партнерите. Фокусирана работна програма, со јасно определени институции, практични резултати и редовно известување на министрите, ќе им овозможи и на нашите партнери да ја насочат поддршката кон активности што самите како држави сме ги избрале и сме подготвени да ги спроведеме“, рече министерот Серафимовски.

Тој во своето обраќање заклучи дека вредноста на заедничките одлуки ќе се потврди преку конкретни резултати за земјоделците кои ќе овозможат посигурно инвестирање и побрз пристап до пазарите, како и поголема отпорност на климатските ризици и реална перспектива за следната генерација во земјоделството.

Дваесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа се одржува под заедничко покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG. На настанот учествуваат министри и шефови на делегации од регионот, претставници на ЕУ, меѓународни организации и донаторската заедница. Агендата на настанот ги опфаќа Заедничката земјоделска политика на ЕУ, ИПАРД, европската интеграција, стратешките партнерства, климатските промени и ризиците од пожари на Западен Балкан.

Најново

Спорт2 минути

Седлоски: Бев борец како играч, таков сум и сега, не се предавам

Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато...

Култура8 минути

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија10 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава13 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет19 минути

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...

Спорт21 минута

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ...

Економија21 минута

Една година во СЕПА: над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и компаниите

Народната банка, денес, 7 октомври, одбележува една година од оперативното приклучување на нашата земја кон Единствената област за плаќање во...

Свет25 минути

Венс: Разговараме со иранските лидери, но не знаеме колкава вистинска моќ имаат

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во ексклузивно интервју за „Ројтерс“ изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за...

Забава32 минути

(Фото/Видео) Сите зборуваат за нејзините ќерки, а таа се појави во најкраткиот фустан

Ќерките на Никол Кидман се појавија на Модната недела во Париз, привлекувајќи го вниманието покрај нивната славна мајка за време...