Контакт

Економија

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ

Објавено пред

Проценките покажуваат дека комбинацијата од реформи во областите на пазарот на трудот, човечкиот капитал, деловното окружување и доброто управување има потенцијал да го зголеми БДП на земјава за околу 14 проценти, доколку се затвори половина од јазот којшто постои во однос на водечките економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Ова го порача гувернерот на Народната банка Трајко Славески на Годишната меѓународна конференција „Координација на политиките за конвергенција кон ЕУ: фискален простор и монетарно закотвување во услови на забрзана интеграција“, којашто се одржа во Кишињев, Молдавија, во организација на Народната банка на Молдавија.

Гувернерот Славески, говорејќи на панел-дискусијата насловена „Интеграција во единствениот пазар и структурна конвергенција“, истакна дека реалната конвергенција на земјите од Западен Балкан сѐ уште е бавна и дека структурните реформи се од суштинско значење за зајакнување на потенцијалот за раст и за побрзо економско приближување кон Европската Унија.

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата. „Во 2025 година, трговската отвореност достигна околу 130 проценти од БДП, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со раниот период на транзицијата“, информира гувернерот Славески.

Во однос на потребната реформска агенда, тој посебно ги издвои институционалните реформи и реформите во областа на доброто управување. „Владеењето на правото, ефикасноста на институциите и поголемата предвидливост ќе ја подобрат инвестициската клима, ќе ја зајакнат ефикасноста на јавните политики и ќе ги зголемат ефектите од инвестициите во човечкиот капитал и приватниот сектор“, оцени Славески.

Гувернерот посочи дека подлабоката интеграција во Единствениот пазар на ЕУ може да послужи како важен катализатор за нашиот процес на конвергенција. „Во овој поглед, Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан обезбедува сеопфатна рамка за унапредување на оваа интеграција, комбинирајќи поблиска интеграција во единствениот пазар, подлабока регионална интеграција преку заедничкиот регионален пазар, забрзани реформи и финансиска поддршка“, рече Славески.

Како конкретен пример за непосредните економски придобивки од интеграцијата Славески го посочи членството на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).

„За граѓаните, трошокот за испраќање 500 евра е намален за шестпати во споредба со претходните кореспондентски банкарски аранжмани, додека за компаниите трошокот е околу осумпати понизок за трансакција од 20.000 евра. Вкупните заштеди од пониските банкарски провизии се проценуваат на околу 5 милиони евра во првата година. Во тек се и оперативните подготовки за воспоставување на клонот ТИПС, кој ќе обезбеди инфраструктура за инстант плаќања којашто ќе биде компатибилна со таа на ЕУ и ќе овозможи побрзи и поефикасни платежни трансакции“, посочи гувернерот Славески.

Најново

Македонија2 минути

„Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, Обвинителството да го повика на информативен разговор“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден...

Спорт7 минути

Седлоски: Бев борец како играч, таков сум и сега, не се предавам

Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато...

Култура12 минути

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија15 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава17 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет23 минути

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...

Спорт25 минути

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ...

Економија25 минути

Една година во СЕПА: над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и компаниите

Народната банка, денес, 7 октомври, одбележува една година од оперативното приклучување на нашата земја кон Единствената област за плаќање во...

Свет29 минути

Венс: Разговараме со иранските лидери, но не знаеме колкава вистинска моќ имаат

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во ексклузивно интервју за „Ројтерс“ изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за...