Контакт

Економија

Собранието ја именува Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

Објавено пред

На предлог на гувернерот на Народната банка,Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.

Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.

Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

„Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој“, соопштија од Народната банка.

Најново

Спорт8 минути

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион9 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт13 минути

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија33 минути

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...

Свет36 минути

Дали Епстин се плашел од Трамп? „Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“

Поранешниот познаник на Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно многу се плашел од Трамп и ги гледал неговите...

Свет44 минути

(Видео) Драматични снимки од руско елитно одморалиште: експлозии и пукање

Украинците нападнаа пристаниште во рускиот црноморски туристички град Сочи, потврдија тамошните власти. Сочи, познат како „втор главен град“ на Русија,...

Свет58 минути

Трамп: Пречката за мир во Украина се двајца луѓе кои се мразат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека имал „одличен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела и дека...

Македонија1 час

Без струја делови од неколку скопски општини

Денеска (10.09.2026 година- Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: –...

Свет1 час

Mедведев: Русија има воен потенцијал да направи нуклеарна прашина од објектите на НАТО

Русија има воен потенцијал да удри во Киев и главните објекти на НАТО, така што од нив „нема да остане...