Контакт

Свет

Вестагер: „Северен поток 2″ не е од взаемен интрес за ЕУ

Објавено пред

 

Проектот „Северен поток 2″, кој треба да обезбеди руски гас за Германија и оди по дното на Балтичкото Море, не е од заеднички интерес за ЕУ, изјави еврокомесарот за конкуренција Маргарет Вестагер, пренесува Reuters.

 

Вестагер потсетила дека позицијата на Еврокомисијата околку проектот е дека не им служи на напорите на ЕУ да се реформира енергетскиот пазар во заедницата и да се намали зависноста од рускиот гас. Агенцијата потсетува дека засега ЕУ ги издржа обидите на некои национални влади да се спротивстават на заклучокот, иако проектот во спротивност со законите кои дејствуваат на територијата на ЕУ.

 

Пред една седмица германскиот регулатор отстрани уште една од пречките за проектот и пресуди дека т.н. Трет енергетски пакет, кој го регулира внатрешниот ЕУ ​​пазар во секторот, не се однесува на гасоводот, кој ќе ги поврзува Русија и Германија. Причината за ова е дека проектот се смета за продолжување на „Северен поток”, кој пак е изграден пред да влезат во сила правилата на Третиот енергетски пакет.

 

Во меѓувреме рускиот печат соопшти дека „Газпром” одлучи да го зголеми капиталот на филијалата Nord Stream 2 за 1.4 милијарди евра. Тоа е проектантска компанија за продолжување на „Северен поток”.

 

Весникот „Комерсант” наведува дека рускиот гигант планира годинава да инвестира околу 1,8 милијарди евра за гасоводот, што е околу два пати повеќе од првично предвидените. Причината за тоа, според толкувањето на изданието е дека „Газпром” нема да смета на учеството на други европски компании во проектот./крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Администрацијата на Трамп размислува за укинување на данокот на гориво

Објавено пред

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека администрацијата на Доналд Трамп разгледува можност за привремено укинување на федералниот данок на гориво со цел да се намалат цените на бензинските пумпи.

Според него, Белата куќа анализира повеќе мерки за стабилизација на пазарот, меѓу кои користење на стратешките резерви на нафта, измени на регулативите за летните мешавини на бензин и барање до рафинериите да го скратат одржувањето за да нема прекини во производството.

Рајт рече дека стабилизацијата на цените ќе зависи и од состојбата во Ормускиот теснец, кој Иран практично го затвори по израелско-американските напади во февруари.

Тој претходно изјави дека цените на горивото во САД веројатно нема да паднат под три долари за галон пред 2027 година, што предизвика реакција од Трамп, кој оцени дека таквата прогноза е погрешна.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

Објавено пред

Цените на нафтата нагло пораснаа откако се појавија извештаи дека САД се подготвуваат за продолжена блокада на Иран, при што глобалната референтна цена на нафтата Брент надмина 120 долари за барел – највисоко ниво од средината на 2022 година.

Како што пренесува Би-Би-Си, раководители на енергетски компании, меѓу кои и директорот на „Шеврон“, Мајк Вирт, во вторникот се сретнале со американскиот претседател, Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за ублажување на последиците од конфликтот врз американските потрошувачи.

Трговците со нафта тој состанок го протолкувале како сигнал дека американскиот притисок врз Иран и ограничувањата во Ормутскиот Теснец би можеле да траат подолго.

Според претставник на Белата куќа, на состанокот се разговарало за домашното производство на енергија, состојбите во Венецуела, терминските договори за нафта, природен гас и поморски транспорт.

Овие информации следуваат по извештај на „Волстрит журнал“ дека Трамп им наредил на своите соработници да се подготват за продолжување на актуелната блокада на иранските пристаништа со цел дополнителен притисок врз економијата на земјата.

Цената на нафтата силно осцилира од почетокот на конфликтот, бидејќи пловидбата низ Ормутскиот Теснец е сериозно нарушена и драстично ограничена. Низ овој стратешки морски премин вообичаено се транспортира околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.

Иран претходно предупреди дека секој брод што ќе се приближи до теснецот ќе се смета за цел, по што САД соопштија дека нивните сили ќе пресретнуваат или враќаат пловила што патуваат кон ирански пристаништа или од нив.

И покрај осцилациите во изминатите недели, цената на нафтата останува значително повисока отколку пред конфликтот.

Во меѓувреме, иранската економија се соочува со продлабочена криза. Според Статистичкиот центар на Иран, годишната инфлација достигнала 53,7 проценти, додека националната валута – ријалот – паднала на рекордно ниско ниво.

Иранската влада минатата недела соопшти дека околу два милиони Иранци директно или индиректно останале без работа како последица на војната.

Светска банка прогнозира дека цените на енергенсите во 2026 година може да пораснат за 24 проценти, на највисоко ниво од руската инвазија врз Украина во 2022 година, доколку најтешките нарушувања предизвикани од војната во Иран завршат во мај, пренесува Би-Би-Си.

Прикажи повеќе...

Економија

Нафтените гиганти профитираат од кризата

Објавено пред

Британската нафтена и гасна компанија BP објави повеќе од двојно поголем профит во првите деловни резултати по избувнувањето на војната со Иран, благодарение на растот на цените на енергенсите на светскиот пазар.

Референтните цени на нафтата нагло пораснаа од почетокот на март, откако нападите доведоа до практично затворање на Ормускиот теснец – клучна поморска рута низ која поминува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.

BP е меѓу најголемите добитници од ваквите движења, заедно со другите нафтени гиганти. Резултатите за првите три месеци од финансиската година покажуваат дека основната добивка достигнала 3,198 милијарди долари (2,366 милијарди фунти).

Тоа е дури и подобро од очекувањата на аналитичарите, кои предвидуваа раст на околу 2,7 милијарди долари (1,99 милијарди фунти). За споредба, во истиот период претходната година добивката изнесувала 1,381 милијарда долари (1,021 милијарда фунти).

Од компанијата јасно истакнаа дека растот на добивката е директно поврзан со повисоките цени на нафтата, наведувајќи дека резултатот „одразува исклучително успешно тргување со нафта“.

И покрај растот на заработката, производителите на фосилни горива и натаму подлежат на посебен данок на вонредна добивка, воведен по руската инвазија врз Украина, кога одредени енергетски компании остварија рекордни профити.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група...

Економија9 минути

Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската...

Македонија12 минути

Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје...

Спорт13 минути

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино....

Свет15 минути

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот...

Забава41 минута

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е...

Македонија44 минути

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Забава52 минути

Една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот се закотви во Дубровник

Импресивната суперјахта „Дип блу“ се закотви пред Дубровник, откако претходно беше видена во водите на Мљет, пишува „Дубровачки дневник“. Станува...

Македонија1 час

Со Клинички центар во близина на обиколницата, може да привлекуваме пациенти и од соседните држави, рече Мицкоски и најави почеток на активностите в година

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се...