Контакт

Свет

Вкупниот биланс на панамските банки на рекордно ниво

Објавено пред

Вкупниот износ на билансот на состојба на банките со седиште во Панама минатата година достигна рекордни 121 милијарда долари, и покрај последиците од скандалот со избегнувањето даноци кои беше откриен со „документите од Панама”, објави здружението на банки.

Meѓународниот банкарски центар кој ги преставува панамскиот и странските банка, обајви дека вкупната актива на нејзините членки „достигна рекордно високо ниво од 121,075 милијарди долари”, односно зголемување од 3,3 отсто во однос на претходната година.

Панама во центарот на вниманието на властите од целиот свет се најде пред една година, по објавата на ткн „панамски домументи“, кои отрија дека богати луѓе од целиот имото го чуваат во овој даночен рај.

Двајца партнери на адвокатската канцеларија „Mossak Fonseca“, чии компјутери беа хакирани и откаде беа извлечени податоците се наоѓаат во притвор како дел од истрагата за „перење пари“.

Според проценките на Светска банка, економијата на Панама оваа година ќе бележи расто од шест отсто, најмногу од сите земји во Латинска Америка. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Отворен Ормускиот теснец, но резервите на нафта се на ниско ниво

Објавено пред

Ормускиот теснец повторно е отворен по договорот меѓу Иран и САД, но аналитичарите предупредуваат дека светот веќе се соочува со сериозен недостиг на нафта поради четиримесечниот прекин на испораките од Блискиот Исток.

Според компанијата Kpler, во тој период глобалниот пазар изгубил околу 1,15 милијарди барели нафта, додека стратешките резерви ширум светот паднале на најниски нивоа во последните децении.

Иако цените на нафтата значително се намалија по најавата за договорот со Иран, дел од аналитичарите сметаат дека падот е прерано голем. Причината е што ќе бидат потребни месеци за целосно обновување на транспортот и производството на нафта низ Ормускиот теснец.

Експертите предупредуваат дека резервите и понатаму ќе се трошат додека пазарот не се стабилизира, што може повторно да ги зголеми цените во наредните недели и месеци.

Од друга страна, некои аналитичари веруваат дека дополнителното производство од земјите на ОПЕК и постојните залихи ќе помогнат да се избегне поголем ценовен шок и постепено да се нормализира пазарот.

Прикажи повеќе...

Економија

Цената на нафтата нагло падна по договорот меѓу САД и Иран

Објавено пред

Цените на нафтата денеска значително паднаа на меѓународните пазари и се спуштија под 80 долари за барел, откако САД и Иран постигнаа договор за рамката на преговорите за завршување на војната и најавија отворање на Ормутскиот Теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е финализиран меморандум за разбирање кој треба да биде потпишан во петок, по што би следувало отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Договорот го потврди и иранскиот Врховен совет за национална безбедност, кој соопшти дека по потпишувањето на документот ќе почне процесот на отворање на теснецот.

Според иранската агенција Тасним, во меморандумот е вклучен 60-дневен мораториум за наплата на надоместоци за пловилата што минуваат низ Ормутскиот Теснец. По истекот на рокот, Иран планира да наплатува поморски услуги, додека САД очекуваат теснецот да остане отворен без дополнителни давачки.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека овие прашања ќе бидат разгледувани во претстојните технички преговори.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Германија го губи статусот на ветена земја

Објавено пред

Германската економија веќе денес очајнички бара квалификуван кадар, но поради забрзаното стареење на населението овој проблем во наредните години би можел да прерасне во сериозен економски предизвик.

Според најновата студија на Институтот за германска економија (IW), недостигот на работна сила ќе биде значително поголем отколку што се предвидуваше досега.

Новите прогнози покажуваат дека Германија се соочува со историски дефицит на работници, што би можело сериозно да влијае врз стабилноста на најголемата европска економија.

Студијата издвојува три клучни показатели:

  • До 2036 година на германскиот пазар на труд ќе недостигаат околу 4,3 милиони работници, што е значително повеќе од прогнозата од пред две години, кога се споменуваа три милиони.
  • Демографските проекции покажуваат дека до 2045 година во Германија ќе живеат околу 81,1 милион жители, што е за 2,9 проценти помалку од денес.
  • Вкупниот потенцијал на работната сила ќе се намали за 6,9 проценти до 2036 година – од 55 милиони лица во 2025 година на 51,2 милиони.
    Странците губат интерес за Германија

Како главна причина за ваквите прогнози, експертите од IW ги наведуваат значително пониските стапки на доселување во споредба со претходните економски модели.

Германија, која со децении важеше за ветена земја за работници од целиот свет, сè побрзо ја губи својата привлечност на глобалниот пазар на труд, пренесува „Феникс магазин“.

Клучна причина за намалениот интерес е долготрајната слабост на германската економија, како и сè поголемите структурни проблеми на пазарот на труд. Многу странски стручњаци денес избираат други дестинации, што дополнително го отежнува пополнувањето на работните места.

Споредбата со прогнозите од пред само неколку години покажува колку брзо се влошиле трендовите. Проекцијата од 2024 година, која предвидуваше умерен економски и демографски раст до 2040 година, повеќе не се смета за реална.

Во извештајот се наведува дека до 2036 година работоспособна возраст ќе достигнат само 9,8 милиони жители, што нема да биде доволно за да го надомести големиот бран пензионирања.

На подолг рок, до 2045 година потенцијалот на работоспособното население ќе се намали за 8,3 проценти и ќе изнесува околу 50,4 милиони луѓе.

Доколку овие прогнози се остварат, германските компании би можеле да бидат принудени на сериозни промени во работењето, затворање на дел од производствените капацитети или преселување на производството во други земји, пренесе „Б92“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 минути

Европа повторно под топлотен удар: Франција и Холандија воведоа вонредни мерки, температурите до 40 степени

Нов топлотен бран ја зафати Западна Европа, а Франција и Холандија воведоа посебни мерки поради екстремно високите температури кои во...

Економија52 минути

(Видео) Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите

(Видео) Филипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителите Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со оризопроизводители...

Економија56 минути

Серафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекото, сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман

Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со...

Свет1 час

Новиот ирански врховен лидер се закани: „Крвта на мачениците мора да биде одмаздена“

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко и претходник, ајатолахот Али...

Македонија1 час

(Фото) Ѓорѓиевски: БРТ проектот влегува во фаза на реализација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој...

Европа2 часа

ЕУ ги менува правилата за патниците во авионскиот сообраќај

По 13 години преговори, Европската унија постигна договор за промена на правилата со кои се регулираат правата на патниците во...

Македонија2 часа

(Фото) Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по...

Црна хроника2 часа

МВР: Лишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување...

Македонија3 часа

(Видео) Штерјова: Во Чаир законите не важат, со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици

Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина...