Контакт

Свет

Германија го предупреди Лондон за ризикот со Brexit

Објавено пред

Еден од најглавните банкарски регулатори во Германија го предупреди Лондон дека најверојатно ќе ја загуби улогата на „портата кон Европа“ за витални финансиски услуги.

Др.Андреас Домбрет, член на Извршниот одбор на германската Централна банка, Bundesbank, изјави дека дури и доколку банкарските правила се „еквивалентни“ меѓу Велика Британија и остатокот од Европаската унија (ЕУ) тоа е со „километри далеку од пристапот кон еденствен пазар“.

Домбрет ваквите коментари ги даде на приватна средба на германски бизниси и банки, организирана од Boston Consulting Group во Франкфурт на почетокот на неделава, пренесува BBC.

Излагањето на банкарскиот експерт дава јасен и редок увид во пристапот на Германија во период кога Британија го започнува процесот на напуштање на ЕУ.

А тој пристап е остар, пишува BBC.

„Сегашниот модел во кој Лондон се користи како „порта кон Европа“ најверојатно ќе заврши“, рече Домбрет на состанокот зад затворени врати.

Тој јасно стави до знаење дека не поддржува „конфронтирачки пристап“ кон идните односи на значајниот сектор финансиски услуги на Велика Британија и ЕУ. крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Цените на нафтата паѓаат, берзите растат по отворањето на Ормускиот теснец

Објавено пред

Цените на нафтата паднаа, а берзите забележаа раст откако иранскиот министер за надворешни работи соопшти дека Ормускиот теснец ќе остане целосно отворен за комерцијален сообраќај во преостанатиот период од примирјето.

Цената на нафтата Брент, глобален репер, падна за 9 отсто на 90 долари за барел. Американската WTI нафта, која служи како репер за САД, се намали за 9,5 отсто на 82,60 долари за барел.

Истовремено, на американските берзи пораснаа терминските договори. Dow Jones фјучерсите скокнаа за 560 поени, односно за 1,16 отсто. Терминските договори на индексот S&P 500 зајакнаа за 0,8 отсто, додека оние поврзани со Nasdaq 100 пораснаа за 0,9 отсто.

Директорот на Меѓународна агенција за енергија, Фатих Бирол, предупреди дека светот треба да се подготви за „значително повисоки“ цени на енергијата доколку Ормускиот теснец не се отвори.

Тој додаде дека дури и со неговото повторно отворање, цените на енергијата нема веднаш да се „вратат во нормала“.

„Треба да се подготвиме на нестабилни пазари во подолг период“, изјави Бирол за швајцарскиот весник Neue Zürcher Zeitung.

Според него, растот на цените ќе се почувствува на глобално ниво, а досегашното влијание на војната било делумно ублажено бидејќи танкерите со нафта и гас што веќе биле на пат пристигнале на своите дестинации. Сепак, во март не биле натоварени нови танкери.

Бирол посочи дека ќе бидат потребни околу две години за да се обнови производството на енергија изгубено на Блискиот Исток по конфликтот со Иран, при што темпото на опоравување ќе варира од земја до земја.

Прикажи повеќе...

Економија

САД повторно ги одложиja санкциите кон „Лукоил“

Објавено пред

Американското Министерство за финансии повторно го продолжи рокот за завршување на трансакциите со меѓународната мрежа на бензински пумпи на ЛУКОИЛ, овој пат до крајот на октомври.

Општата дозвола беше објавена вчера на страницата на OFAC (Канцеларија за контрола на странски средства) при Министерството за финансии на САД и важи до 29 октомври оваа година.

Во декември, OFAC издаде дозвола според која трансакциите со мрежата на бензински пумпи на ЛУКОИЛ во странство требаше да бидат завршени до 29 април. Вашингтон воведе санкции кон ЛУКОИЛ и Роснефт кон крајот на октомври, со образложение дека сака да ги ограничи буџетските капацитети на Русија за финансирање на војната во Украина.

Меѓународната подружница на ЛУКОИЛ со седиште во Виена поседува мрежа од околу две илјади бензински пумпи во 20 земји, вклучувајќи ги и САД. Американската мрежа опфаќа 200 пумпи во Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк.

Роковите за овие трансакции постојано се поместуваат. Кон крајот на март, OFAC повторно го продолжи рокот за завршување на преговорите за купување на странската подружница на ЛУКОИЛ до 1 мај. Претходно, американската влада го продолжи рокот до 17 јануари, потоа до 28 февруари и до 1 април.

Со посебна дозвола, OFAC вчера го продолжи и рокот за завршување на трансакциите со бугарските подружници на ЛУКОИЛ, вклучувајќи ја рафинеријата Нефтохим Бургас, исто така до 29 октомври 2026 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран

Објавено пред

Биткоинот нагло порасна над 72.700 долари откако Доналд Трамп потврди двонеделен прекин на огнот со Иран, објави „Си-Ен-Би-Си“.

Овој потег предизвика ликвидации од околу 595 милиони долари кај крипто-трговците, при што најголемиот дел беа кратки позиции – над 427 милиони долари, што покажува дека пазарот очекувал пад.

Само во 12 часа биле ликвидирани над 500 милиони долари, што го прави ова еден од најсилните „short squeeze“ моменти во периодот на конфликтот.

Најголеми ликвидации имало кај биткоин и етер, а падот на цената на нафтата дополнително влијаел врз пазарите.

Примирјето е условно, со ограничено отворање на Ормускиот теснец, што остава неизвесност за понатамошниот развој.

Биткоинот сега се движи на горната граница од својот опсег, а идното движење ќе зависи од тоа дали примирјето ќе се одржи или ќе се покаже како краткотрајно.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Економија42 минути

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука...

Македонија45 минути

Работилница на ЗНАМ и ИФЕС: Спречување на насилство врз жените во политичкиот живот

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организираше еднодневна работилница на тема...

Македонија47 минути

Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

Претсеседателот на СДСМ, Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка...

Македонија49 минути

Балканската платформа за мир како форум за конкретни резултати, порача Муцунски во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на неговиот турски домаќин, Хакан Фидан, учествуваше на...

Црна хроника57 минути

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 5 август...

Топ2 часа

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија2 часа

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...

Македонија2 часа

Трипуновски: Интепелацијата на СДСМ е нелегитимна, а Љупчо Николовски политички не постои

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува...

Македонија2 часа

Во Анталија потврдена соработката: Сиљановска-Давкова и Ерен за нови проекти со ТИКА

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто...