Контакт

Свет

Гејтс и Бафет сметаат дека САД со Трамп нема да престанат да растат

Објавено пред

Соединетите држави во мандатот на новиот претседател Доналд Трамп ќе ги надминат поделбите во општеството, ќе се придвижат напред и нема да сопре процесот на одржлив развој, уверени се најбогатите Американци и воедно најбогатите луѓе на планетата, основачот на корпорацијата „Microsoft“, Бил Гејтст и челникот на холдинг компанијата „Berkshire Hathaway’, кои во петокот зборуваа на Универзитетот Колумбија.

„Убеден сум дека Америка ќе напредува“, истана Бафет, одговарајќи на прашањата на околу 1.300 студенти. Според него, „современите политичари тешко ќе ги натерате да мислат за следните 20 години“, бидејќи тие често повеќе се загрижени за нивниот повторен избор, а нивните одлуки се носат само поради чиста полза. „Тоа е лошо“, смета Бафет.

Според прилогот на телевизиската мрежа CNBC од ланскиот ноември, богатството на Ворен Бафет, кој во претседателската трка во САД ја поддржуваше демократската кандидата Хилари Клинтон, по победата на републиканецот Доналд Трампсе зголемило за над 11 милијарди долари. А тоа се должи на растот на акциите на берзите на компаниите, главно во финансискиот сектор.

Влијателното списание Fobres го проценува богатството на Бил Гејтс на 85,2 милијарди, ана Ворен Бафет на 73,9 милијарди долари.

„Администрацијата (на претседателот Трамп) е релативно млада. Сé уште не знаеме во кој степен ќе ги реализираат своите приоритети во однос на буџетската дисциплина“, забележа Гејтс. Притоа искажа оптимизам во врска со активностите на владата и конгресот, коишто според челникот на технолошкиот гигант, „иницираат прекрасни работи“.

Во декември Гејтс се сретна со Трамп кога се обидел да го придобие за нов проект. Основачот на „Microsoft“ со групата најбогати луѓе во светот објавија дека создаваат инвестициски фонд кој ќе располага со милијарда долари за финансирање проекти за развој на технологии во сферата на производство на чиста еколошка енергија.

Целта на фондот „ Dubbed Breakthrough Energy Ventures“ е „инвестирање средства во ризични долгорочни проекти за развој на енергетски технологии, коишто ќе овозможат значително намалување на емисиите на стакленичките гасови во атмосферата“.
Меѓу основачите на фондот се и основачот и директор на корпорацијата „Amazon“, Џеф Безос, сопственикот на холдингот „Virgin Group“, Ричард Бренсон, претседателот на бордот директори на „Alinababa“
Џек Ма и саудискиот принц Ал-Валид бен Талал./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

САД повторно ги одложиja санкциите кон „Лукоил“

Објавено пред

Американското Министерство за финансии повторно го продолжи рокот за завршување на трансакциите со меѓународната мрежа на бензински пумпи на ЛУКОИЛ, овој пат до крајот на октомври.

Општата дозвола беше објавена вчера на страницата на OFAC (Канцеларија за контрола на странски средства) при Министерството за финансии на САД и важи до 29 октомври оваа година.

Во декември, OFAC издаде дозвола според која трансакциите со мрежата на бензински пумпи на ЛУКОИЛ во странство требаше да бидат завршени до 29 април. Вашингтон воведе санкции кон ЛУКОИЛ и Роснефт кон крајот на октомври, со образложение дека сака да ги ограничи буџетските капацитети на Русија за финансирање на војната во Украина.

Меѓународната подружница на ЛУКОИЛ со седиште во Виена поседува мрежа од околу две илјади бензински пумпи во 20 земји, вклучувајќи ги и САД. Американската мрежа опфаќа 200 пумпи во Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк.

Роковите за овие трансакции постојано се поместуваат. Кон крајот на март, OFAC повторно го продолжи рокот за завршување на преговорите за купување на странската подружница на ЛУКОИЛ до 1 мај. Претходно, американската влада го продолжи рокот до 17 јануари, потоа до 28 февруари и до 1 април.

Со посебна дозвола, OFAC вчера го продолжи и рокот за завршување на трансакциите со бугарските подружници на ЛУКОИЛ, вклучувајќи ја рафинеријата Нефтохим Бургас, исто така до 29 октомври 2026 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран

Објавено пред

Биткоинот нагло порасна над 72.700 долари откако Доналд Трамп потврди двонеделен прекин на огнот со Иран, објави „Си-Ен-Би-Си“.

Овој потег предизвика ликвидации од околу 595 милиони долари кај крипто-трговците, при што најголемиот дел беа кратки позиции – над 427 милиони долари, што покажува дека пазарот очекувал пад.

Само во 12 часа биле ликвидирани над 500 милиони долари, што го прави ова еден од најсилните „short squeeze“ моменти во периодот на конфликтот.

Најголеми ликвидации имало кај биткоин и етер, а падот на цената на нафтата дополнително влијаел врз пазарите.

Примирјето е условно, со ограничено отворање на Ормускиот теснец, што остава неизвесност за понатамошниот развој.

Биткоинот сега се движи на горната граница од својот опсег, а идното движење ќе зависи од тоа дали примирјето ќе се одржи или ќе се покаже како краткотрајно.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Економија

Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран

Објавено пред

Глобалните цени на нафтата нагло паднаа, а берзите пораснаа откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен договор за прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, пренесе „Би-Би-Си“.

Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%. Сепак, цените остануваат повисоки од периодот пред конфликтот.

Пазарите реагираа позитивно – берзите во Азија забележаа значителен раст, особено во Јапонија и Јужна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави пауза во нападите врз Иран од две недели, под услов да се обезбеди безбедно отворање на теснецот.

Иако се очекува делумно олеснување со продолжување на транспортот на нафта, експертите предупредуваат дека целосно стабилизирање на пазарот ќе бара повеќе време.

Штетите врз енергетската инфраструктура се големи и обновата може да трае со месеци или години, со трошоци над 25 милијарди долари.

Најпогодени се азиските земји зависни од увоз на енергенси, додека авио-компаниите веќе ги зголемија цените поради поскапото гориво.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Стразбур со супер пресврт против Мајнц, АЕК не успеа да приреди чудо

Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо...

Спорт2 часа

(Видео) Спектакуларен пресврт на Брага, Вила ја растури Болоња, во полуфиналето е и Нотингем Форест

По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи...

Свет3 часа

Бланар: Словачка e подготвена да го блокира новиот пакет санкции на ЕУ против Русија

Словачка е подготвена да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но нема да се спротивстави на...

Свет4 часа

Захарова: Германија е главен спонзор на војната во Украина

Германија се претвори во главен спонзор на војната во Украина и има една од главните улоги во милитаризацијата на Украина,...

Свет4 часа

Фицо за ЕУ: Прекрасен проект во лоши раце

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Европската Унија останува силен и вреден проект, но дека нејзиното сегашно управување е во...

Свет4 часа

Трамп: Имам право да не се согласувам со папата

Американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи со новинарите пред Белата куќа пред да замине за Лас Вегас, рече дека прекинот на...

Свет4 часа

Закана за бомба во домот на братот на папата Лав

Полицијата во Илиноис потврди дека вчера вечерта е примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата...

Спорт5 часа

Загина Алекс Манингер

Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација...

Спорт5 часа

(Видео) Фрајбург ја размонтира Селта

Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето...