Контакт

Свет

Девет ирачки војници убиени при израелски напад на база во Сирија

Објавено пред

Најмалку девет прорежимски борци, вклучувајќи членови на Иранската револуционерна гарда и други припадници на шшитските парамилиции беа убиени во израелскиот напад во Сирија изведен еден час откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе се повлечат од иранскиот нуклеарен договор, пренесува британски „Телеграф“.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека израелските авиони нападнале складиште за оружје во близина на Ал-Кисвах, сириска воена база јужно од Дамаск, која ја користат иранските сили и која и во минатото беше цел на израелски напади.

„Девет припадници на Иранската револуционерна гарда или на проиранските шиитски милиции биле убиени”, изјави за Рами Абд ел Рахман, директор на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Израелската војска одби да коментира согласно со својата политика кога станува збор за операциите во Сирија. Нападот е најнов круг на крвава војна во сенка што ја води Израел во обид да го спречи Иран да го зголеми своето воено присуство во Сирија, пренесува „Тајмс оф Израел“.  Нападот се случи неколку часа откако израелската војска идентификувала невообичаени движења на иранските сили во Сирија и ги повикала локалните власти на Голанската Висорамнина да ги отворат своите засолништа за бомби. Рахман рече дека цел на нападот биле складиште за оружје што им припаѓаат на Хезболах и Иранците.

Нападот се случи еден час откако Трамп објави дека се повлекува од нуклеарниот договор со Иран, нарекувајќи го Техеран главен извозник на тероризам во регионот, додава „Тајм“. Во вторникот вечерта израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека целосно го поддржува повлекувањето на САД од мултинационалниот нуклеарен договор со Иран, а во исто време  дел од Голанската Висорамнина беше ставен во состојба на готовност поради активности на иранските сили преку демаркационата линија во Сирија.

По изјавата на Трамп, израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, одржа состанок со шефовите на израелските вооружени служби во Тел Авив за безбедносната ситуација.  Претходно во вторникот Амбасадата на САД во Израел им забрани на вработените во американската администрација да ја посетуваат Голанската Висорамнина без одобрение.

 

Економија

„Боинг“ со огромни финансиски загуби поради катастрофалните несреќи

Објавено пред

„Боинг“ соопшти дека неговата добивка во вториот квартал ќе биде намалена за 4,9 милијарди долари. Американскиот производител на „Боинг“ наведе дека загубата е поради еднократниот трошок, кој компанијата го претрпела поради приземјувањето на својот авион „737 Макс“ низ светот по двете катастрофални несреќи.

Тоа воедно ќе биде и најголема квартална загуба во историјата на „Боинг“ откако компанијата во следниот период ќе ги објави своите финансиски резултати.

Вкупните трошоци на Боинг поради намалениот обем на продажба, падот на производството и исплатата на отштетите на семејствата на жртвите во двете катастрофални авионски несреќи, ќе изнесуваат 6,6 милијарди долари.

„Боинг“ соопшти дека „737 Макс“ би можел да се врати во употреба на есен. Тој тип на авиони е приземјен откако еден се урна во Индионезија во октомври 2018 година, а вториот во Етиопија во март оваа година. Вкупно загинаа 346 патници и членови на екипажите.

Прикажи повеќе...

Економија

Некои од најбогатите, според „Форбс“, немаат факултетски дипломи

Објавено пред

На листата на „Форбс“ од 400 милијардери – 63 од нив имаат само средношколска диплома, а повеќето не го наследиле, туку сами го направиле своето богатство.

Бил Гејтс и Марк Цукерберг се отпишале од „Харвард“, Дејвид Гефен бил само три семестри на факултет, а Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс исто така се откажале од дипломите од највисок степен.

Милијардерите што се откажале од колеџ очигледно знаат што прават бидејќи во просек имаат по 9,4 милијарди долари.

Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат по 3,2 милијарди долари, пишува „Инвеститор.ме“.

На листата на „Форбс“ има повеќе луѓе што се отпишале од факултет од такви со докторат. Соодносот е 63 наспроти 21.

Меѓутоа, тајната на успехот не е само во напуштање на факултетското образование, туку и во тоа какви амбиции имаат оние што се откажуваат.

Луѓето што без диплома станале милијардери се посебни затоа што имаат нешто што ги тера да бидат успешни и може да се класифицираат во две групи.

Во првата група се луѓе што се откажале од факултетското образование бидејќи имале одреден производ или бизнис-план на кој сакале да му се посветат и да го развијат зашто верувале дека ќе успеат. Втората група не го напуштила факултетот за веднаш да основа фирма или да развие производ. Нивниот пат е сличен, но сепак се разликува. Тие работеле профитабилни работи и постепено напредувале кон врвот.

Прикажи повеќе...

Економија

Кина со најбавен економски раст од 1990 година

Објавено пред

kina i sad trgovska vojna tarifi

Економскиот раст на Кина се движи со најбавно темпо од раните 90-ти во вториот квартал, покажуваат официјалните бројки.

Во првите три месеци од годинава економијата пораснала 6,2 отсто од претходната година. Резултатот е во согласност со предвидувањата.

Кина се придвижи да ја стимулира економијата оваа година преку зголемување на трошоците и испорачување даночни намалувања.

Земјата исто така се бори против трговската војна со САД, која ги погоди бизнисите и се базира на раст.

Податоците објавени денеска покажаа дека економскиот раст на Кина се намалил 6,4 отсто во првите три месеци од годината.

Бирото за национални статистики во Кина соопшти дека бројките укажуваат на комплексна околина и дома и во странство.

Иако експертите советуваат претпазливост со официјалните бројки на домашниот бруто-производ во Пекинг, податоците се гледаат како корисен показател за траекторијата за раст на земјата.

Други податоци покажаа знаци на подобрување на втората по големина економија во светот.

Индустриското производство се зголеми 6,3 отсто во јуни од претходната година, а продажбата на мало се зголеми 9,8 отсто за период од една година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет8 часа

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија9 часа

На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во...

Свет11 час

Расте напнатоста поради запленетиот танкер, британски министер го предупреди Иран

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, денеска изјави дека инцидентот со нафтениот танкер во Ормускиот проток може да биде...

Македонија14 часа

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија15 часа

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија17 часа

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија18 часа

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија18 часа

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион18 часа

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија19 часа

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија2 дена

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија2 дена

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија2 дена

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија2 дена

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија2 дена

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија2 дена

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија2 дена

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет2 дена

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Досие