Контакт

Свет

Кинезите градат мост над Панамскиот Канал вреден 1,4 милијарда долари

Објавено пред

Владата на Панама му додели на кинески конзорциум договор вреден 1,4 милијарда долари за изградба на мост над Панамскиот Канал, ден по посетата на кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Овој проект е дел од напорите на Кина да го прошири своето политичко и економско влијание во Латинска Америка.

Конзорциумот „Панама куарто пуенте“, кој се состои од две кинески компании, ќе дизајнира и изгради мост над Панамскиот Канал.

Ова ќе биде еден од најголемите градежни проекти во историјата на Панама, објави АФП.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Кинеските телефони ја освојуваат Европа, опаѓа увозот на „Епл“ и „Самсунг“

Објавено пред

На глобалниот пазар на паметни телефони минатата година е забележан тренд што го навестуваа многу актери на пазарот – кинеските мобилни телефони го преземаат приматот во Европа.

Последните податоци од агенцијата за истражување на пазарот „Каналис“ покажуваат дека 32 отсто или околу една третина од продажбата на паметни телефони во Европа во 2018 година се однесува на кинески производители – „Хуавеј“, „Шаоми“ и „Уанплас“, пренесува порталот „Верџ“.

Притоа лавовски удел во вкупните испораки, од над 23 проценти, има „Хуавеј“ со 42,5 милиона испорачани уреди за европските трговци. Само во последниот квартал од минатата година овој кинески технолошки гигант во Европа доставил 13,3 милиони паметни телефони, со тоа зголемувајќи ја вкупната бројка на испораки на Стариот континент за 55,7 отсто во споредба со 2017 година.

Од друга страна, најголем пад на извозот на паметни телефони во Европа во 2018 година забележа лидерот на пазарот, „Самсунг“, чии испораки се за 10 отсто помали во однос на претходната година и изнесуваат 61,6 милиони единици.

Ниту „Епл“ не мина брилијантно иако се задржа на второто место со 42,8 милиони испорачани „ајфони“ во Европа во текот на минатата година. Тоа е, сепак, 6 проценти помалку од претходната година.

Аналитичарите предвидуваат дека „Хуавеј“ во Европа до крајот на годинава ќе го собори „Епл“ од второто место, како што набргу се очекува да го направи тоа и во остатокот од светот. Во опасност од ваквиот налет е и досега недопирливиот „Самсунг“, наведува „Верџ“.

Неочекуван продор на европскиот пазар за паметни телефони направи и кинескиот „Шаоми“, кој го зазема четвртото место.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Германија им воведува посебен данок на „Гугл“ и „Фејсбук“

Објавено пред

Германското министерство за финансии размислува да воведе посебен данок на приходи од огласување на интернет, кој странските компании, како „Гугл“ и „Фајсбук“, го собираат од германските фирми, информираат германските медиуми.

Министерството би вовело данок од 15 отсто на приходите од огласување на интернет, а како модел би послужило даночењето на надоместот за лиценца, пишува деловниот неделник Wirtschaftswoche.

Тоа би значело дека германските компании што одлучиле да огласуваат на интернет ќе плаќаат данок по неговото одбивање. Потоа би барале поврат на тие пари од интернет-компаниите што уплаќаат приходи за објава на огласи, се наведува во извештајот.

Заобиколениот пат преку германските фирми би бил нужен бидејќи германскиот даночен систем нема пристап до платформата на операторите во странство. Планот е во тек, додава весникот.

Министерството за финансии потврди дека ја разгледуваат можноста за воведување посебен данок, но велат дека не е постигната согласност меѓу сојузните власти и одделни земји.

Прикажи повеќе...

Економија

„Ербас“ во историјата го испраќа најголемиот патнички авион во светот

Објавено пред

Европскиот производител на авиони „Ербас“ денеска соопшти дека во 2021 година ќе престане да го произведува суперџамбо-авионот „А380“ поради недостиг на клиенти. На овој начин производителот се откажува од најголемиот патнички авион на светот и еден од најамбициозните и најтешки потфати во историјата на воздухопловството.

Само десет години како патничкиот авион со 500 седишта почна да пренесува патници, „Ербас“ објави дека главниот клиент, компанијата „Емирати“, ги намалува нарачките за овој авион и поради тоа нема основа за продолжување со производството на „А380“, се вели во извештајот на агенцијата АП.

Ваквата одлука би можела да загрози 3.500 работни места и веќе ја чинеше авиокомпанијата загуба од 463 милиони евра во 2018 година, додаваат од „Ербас“.

Крајот на најновото летало и икона на компанијата, констатира АП, е добра вест за ривалот „Боинг“ и непријатен удар за „Ербас“, кој се смета за европски економски мотор.

Прикажи повеќе...

Најново

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија14 минути

Апелација в четврток ќе одлучува за затворот на Кочан и Авировиќ

Апелациониот суд в четврток на јавна седница ќе одлучува за затворските казни на бизнисменот Сеад Кочан и управителот на фирмата...

Македонија20 минути

Заев: Имаме четири до шест кандидати, ама не сакаме да се истрчуваме

Премирот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека сѐ уште е рано по средбите со Африм Гаши од Беса...

Крвав четврток2 часа

Игор Југ: За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор

Политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во...

Македонија2 часа

Ставот на Адеми појак од оној на Заев: Ќе се преиспитуваат само одбиените проекти од скандалозниот конкурс за култура

По обелоденувањето на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, каде што бројни проекти кои со години наназад ја обележувале македонската...

Македонија2 часа

Мијалков: Секој ден сме на судење

Несогласување и високи тонови помеѓу обвинетите и обвинителите на СЈО за тоа дали денеска да продолжи судењето на случајот „Титаник...

Македонија4 часа

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија5 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија5 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија6 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија6 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток7 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток7 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ7 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет8 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија8 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет9 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет9 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет11 час

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет12 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ21 час

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Досие