Контакт

Свет

Мајкл Блумберг размислува да се кандидира за претседател

Објавено пред

Милионерот Мајкл Блумберг сериозно размислува да влезе во трката за претседателска номинација на американската Демократска партија, објави Би-би-си.

Поранешниот градоначалник на Њујорк смета дека сегашните кандидати не се доволно добри за да го победат Доналд Трамп на изборите во 2020 година, британскиот сервис го цитира неговиот советник.

Се очекува 77-годишниот бизнисмен да поднесе документи оваа недела за да добие шанса за номинација на Демократската партија на изборите во Алабама.

Вкупно 17 демократски кандидати се борат против претседателот Трамп.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторот на Масачусетс, Елизабет Ворен, и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, се предводници во трката за номинација.

Нajновите анкети покажаа дека Ворен и Сандерс – кои се сметаат за лево од Бајден – може да загубат против републиканецот Трамп долку еден од нив ја добие номинацијата на партијата.

Според Би-би-си, досега тројца републиканци се подготвени да го оспорат Трамп во примарниот натпревар во партијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Маск откри каде ќе се наоѓа првата фабрика на „Тесла“ во Европа

Објавено пред

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека неговата прва фабрика во Европа ќе биде отворена во Берлин бидејќи познатиот производител на автомобили планира да се прошири на глобално ниво.

Маск потврди дека неговата фирма ќе изгради и инженерски и дизајнерсјки центар во германската престолнина.

„Тесла“ претходно објави дека планира да го почне производството во Европа до 2021 година и одлучи да го направи овој чекор поради зголемената конкуренција во производството на електрични автомобили.

„Секој знае дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е една од причините зошто ние ќе ја лоцираме нашата фабрика во Европа токму во Германија“, рече Маск при посетата на Германија.

Тој додаде дека фабриката ќе се наоѓа недалеку од новиот аеродром во Берлин и ќе произведува батерии, погонски склопови и возила, почнувајќи од моделот Y.

Прикажи повеќе...

Економија

„Адидас“ затвора фабрики во Германија и САД

Објавено пред

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ планира да затвори високотехнолошки роботизирани фабрики во Германија и САД и да пренесе дел од технологијата во Азија.

Компанијата не достави дополнителни детали за причината за затворањето на погоните, кои, според „Ројтерс“, се покажале како скапа инвестиција.

Директорот за меѓународна бизнис-соработка на „Адидас“, Мартин Шанкланд, вели дека двете фабрики помогнале компанијата да ја подобри својата експертиза за иновативно производство и дека примената на она што го научиле со своите доставувачи ќе овозможи пофлексибилна и економична работа.

Во 2016 година „Адидас“ во германскиот град Анзбах почна со роботизирано производство на обувки во фабриката „Спадфактори“, а во 2017 година отвори уште една ваква фабрика во близина на американскиот град Атланта.

Компанијата „Адидас“, основана во 1949 година, го пресели поголемиот дел од своето производство од Европа во Азија и сега се потпира на повеќе од еден милион работници во тој регион, особено во Кина и Виетнам.

Прикажи повеќе...

Економија

За девет часа од Денот на самците, „Алибаба“ заработи 23 милијарди долари

Објавено пред

Кинескиот гигант за онлајн-трговија „Алибаба“ соопшти дека продажбата за време на првите девет часа на Денот на самците, која компанијата го организира секој 11 ноември, достигна 158,31 милијарда јуани (22,63 милијарди долари), што е 25 проценти повеќе во споредба со продажбата во првите девет часа истиот ден лани.

Денот на самците, кинески пандан на американскиот Црн петок и Сајбер-понеделник, промовиран од претседателот на „Алибаба“ и извршен директор, Даниел Џанг, како 24-часовен празник за купување преку интернет од 2009 година, цвета со тенденција да стане најголем малопродажен настан во светот, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 часа

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата3 часа

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија3 часа

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ4 часа

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Топ5 часа

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија5 часа

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија6 часа

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада6 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија6 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија8 часа

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија8 часа

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија9 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија10 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа10 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет10 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет11 час

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион11 час

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет12 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет13 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Досие