Контакт

Свет

Полска нема да го прифати еврото како валута уште 10 до 20 години

Објавено пред


 

Полска нема да го прифати еврото како валута во земјата уште барем 10 или 20 години, изјави полскиот вицепремиер Матеус Мораветци, пренесува во четвртокот “Блумберг”.

 

Според зборовите на вицепремиерот, ако земјата се лиши од алатки, како можноста за издавање на долг, определување на каматните стапки и слободно печатење на конвертибилна валута, таа “наскоро ќе сожали” за својата одлука.

 

“По 10-20 години, кога клучните параметри на економијата ќе ни се слични на оние кои постојат во Германија, Франција и Холандија, ќе ја разгледаме можноста”, рече тој./крај/мф/кс

 

 

Економија

Харадинај: Во Косово пристапот до интернет сè уште е во развој

Објавено пред

Ние сме најмладата земја на Балканот, нашата економија и стопанството се најмали, но имаме најмлада популација која создава притисок во однос на дигитализацијата. Сепак, пристапот до интернет сè уште е во постапка на развој, имаме многу рурални области и поради неразвиената инфраструктура, имаме тешкотии да стигнеме до тие места. Косово сè уште има доста да сработи во однос на дигитализацијата, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, на панел-дискусијата во рамките на Дигиталниот самит во Скопје.

„За жал, немаме ниту визен режим и поради тоа граѓаните на Косово не патуваат слободно, што ги спречува да комуницираат со граѓаните од европските земји“, рече Харадинај.

Косовскиот премиер истакна дека како влада се фокусирани на информатичките технологии и нивниот развој по што додаде дека добредојдена е експертизата од соседните земји што сакаат да му помогнат на Косово со цел земјата да му се придружи на тимот на земјите од Западен Балкан.

Харадинај уште еднаш повтори дека Дигиталниот самит е важен настан за целиот регион по што ги поздрави сите напори што ги направила Република Македонија во поглед на предизвиците со кои се соочуваше државата во последниот период.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Економија

Економскиот раст на Кина ги надмина очекувањата

Објавено пред

Од

Кинеската економија расте со годишно темпо од 6,8 отсто во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, според официјалните податоци што ги надминуваат прогнозите за тој период, објави Би-би-си.

Бројките за раст за периодот јануари-март, кои биле цел на Пекинг за годишен раст во 2018 година, се над предвидените 6,5 отсто.

Податоците покажуваат издржливост во втората по големина економија во светот, потпомогната од силната побарувачка на потрошувачите. Но, сепак останува загриженоста за зголемувањето на долговите.

Владата се бори да го одржи балансот со долговите, без да го наруши растот.

Кинескиот економист во Нордеа банк во Сингапур, Ејми Чуанг, ги опиша податоците за растот во првите три месеци како цврсти, но исто така соопшти дека има знаци дека позитивниот импулс слабее, најверојатно поради опаѓање на пазарот на станови.

Прикажи повеќе...

Економија

Русија ќе ја запре испораката на титаниум за „Боинг“

Објавено пред

Од

Советот на Руската Федерација побара усвојување контрасанкции против САД во рамките на кои земјата ќе може да ја спречи испораката на титаниумски компоненти за авиогигантот „Боинг“, изјави шефот на одборот за буџет на Горниот дом од рускиот парламент, Сергеј Рјабукхин.

Тој за „РИА новости“ рекол дека титаниумот е меѓу металите со кои Русија ги снабдува САД. Тој метал е неопходен во технолошкиот циклус на производство во „Боинг“.

Руската компанија „ВСМПО-Ависма“ е најголемиот светски произведувач на титаниум. Рјабукхин додал дека Русија исто така би можела да забрани испорака и на ракетните мотори „РД-180“, што го користат НАСА и Пентагон.

„Овие ракетни мотори, покрај НАСА, веќе ги користи и Пентагон за своите сателити. Тоа значи дека САД ги користат овие ракетни мотори за лансирање на своите воени сателити“, објаснил Рјабукхин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот...

Македонија3 часа

Скопје ќе добие нов екоавтобус

Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот...

Македонија3 часа

Манчевски: Регистарот на населението не е замена за попис

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна трибина за Законот за централен регистар на населението и Законот за...

Македонија3 часа

Фејзи Азири ќе биде вратен во затвор

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“, ќе биде вратен во затвор за издржување затворска казна за нелегално поседување оружје. Кривичниот...

Македонија3 часа

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор бидејќи понудиле гаранција

Две лица, кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи...

Македонија7 часа

Ердоган: Македонија има поддршка од Турција за влез во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Анкара се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти собраниската прес-служба,...

Свет7 часа

Лавров: Путин и Трамп нема да дозволат вооружен судир

Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат вооружен судир меѓу Русија и САД, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија8 часа

Ново рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на...

Македонија8 часа

Јанакиески на суд за „Сончев Град“

Во кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети...

Македонија1 ден

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија1 ден

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион1 ден

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија1 ден

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија1 ден

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет1 ден

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија2 дена

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија2 дена

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Досие