Контакт

Свет

Салвадор наложи целосна забрана за екстракција на метали

Објавено пред

 

Koнгресот на Салвадор усвои закон со кој се воведува целосна забрана за екстракција на метали, објави во четвртокот Reuters.

 

Целта на ограничувањето е да се заштитат природните богатства и животната средина на централноамериканската држава.

 

Законот става крај на студијата за рударството и обработката на метали, без разлика дали станува збор за откриени или подземни рудници.

 

Според текстот ниту една институција нема право да издава лиценци за слични активности. Се забранува употребата на токсични супстанции како цијанид и жива во рударството во земјата.

 

Гласови за поддршка на законот се слушаат во Салвадор уште од 2005 година, кога еколошки организации, активисти за човекови права и католичката црква долго лобираа за воведување на строги ограничувања на добивање на метали, пишуваат латино американските изданија.

 

Земјата располага со златни и сребрени наоѓалишта, кои последниве години го привлекоа вниманието на многу инвеститори.

 

Во 2009 година, австралиско-канадска компанија поднесе тужба од 250 милиони долари  против владата врз основа на тоа дека е одбила да издаде дозвола за ископување.

 

Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови при Светската банка сепак пресуди во корист на Салвадор и ја задолжи компанијата да и плати на државата 8 милиони  долари.крај /мф/кс

Економија

Намалено производството на вино во светот поради пандемијата

Објавено пред

Глобалното производство на вино ќе остане под петгодишниот просек оваа година поради нискиот обем на производство во Јужна Америка и ограничувањата во Европската Унија поради пандемијата на коронавирусот, објави Меѓународната асоцијација на производителите.

Оттаму, прелиминарно проценуваат дека оваа година во светот треба да се произведуваат помеѓу 253,9 и 262,2 милиона хектолитри (мхл) вино или во просек 258 милиони хектолитри.

Тоа би значело дека производството ќе остане под просекот втора година по ред откако во 2018 година се приближи на рекордно високо ниво, соопшти организацијата со седиште во Париз.

„Ова не е нужно лоша вест за винскиот сектор со оглед на сегашниот контекст, во кој геополитичките тензии, климатските промени и пандемијата на Ковид-19 генерираат висок степен на нестабилност и неизвесност на глобалниот пазар на вино“, соопшти ОИВ.

Во Европската Унија лозовите насади имаат корист од добрите временски услови, но производството останува под просекот бидејќи производителите и владите го ограничуваат производството за да му се спротивстават на негативното влијание на пандемијата.

Така, производителите на шампањ во Франција оваа година се согласија да претворат околу 20 проценти помалку грозје како дел од напорите да закрепнат од колапсот на продажбата предизвикана од корона-кризата.

Прикажи повеќе...

Економија

Брегзит може да ја чини автомобилската индустрија до 11 милијарди евра

Објавено пред

Британското излегување од Европската Унија би можело да ги чини производителите на автомобили и нивните добавувачи околу 11 милијарди евра, предупреди финансискиот директор на германскиот производител на луксузни автомобили „бe-ем-ве“, Николас Петер.

„БМВ“ потроши двоцифрен милионски износ оваа година за да се подготви за брегзит, рече Петер.

„Потребна ни е бесцаринска трговија. Дури и во тој случај, таа мора да се одвива непречено. Имаме временски тесно усогласен систем на производство, што значи дека административната обработка на царината мора да биде ефикасна”, додаде тој.

Покрај тоа, Велика Британија мора да продолжи да ги следи барањата за штетни емисии во ЕУ, така што производителите би можеле да ги нудат истите автомобили на сите европски пазари“, нагласи директорот на германската компанија.

Големата побарувачка за електрични и хибридни автомобили му помогна на „БМВ“ да го постигне планираното намалување на емисијата на штетни гасови во возниот парк за 2020 година и пред нејзиниот крај.

Прикажи повеќе...

Економија

H&M казнет со 35 милиони евра поради шпионирање вработени во Германија

Објавено пред

Германски правобранител го казни шведскиот моден синџир H&M со 35,3 милиони евра за собирање податоци од приватниот живот на вработените.

„Надзорот бил насочен кон неколку стотици вработени, кои работеле во сервисен центар во баварскиот град Нирнберг“, се вели во соопштението на хамбуршката комисија за заштита на податоците и слобода на информациите.

Уште од 2014 година раководството на H&M во Нирнберг собирало голема количина податоци за приватните животни околности на вработените, вклучувајќи здравствени дијагнози, семејни проблеми и верски убедувања. Деталите често биле евидентирани и дигитално чувани во системот, односно биле достапни на најмалку 50 други менаџери во компанијата, соопштено е во рамките на истрагата.

H&M објави дека инцидентот открил практики за обработка на приватни податоци на вработените, кои не биле во согласност со упатствата и инструкциите на компанијата.

Компанијата во соопштението им се извини на вработените и објави дека ќе ја анализира одлуката на хамбуршкиот правобранител.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток ( 05 ноември) и ќе трае еден...

Свет3 часа

(Видео) Макрон: Се залагам за слобода на изразување и не прифаќам оправдување на насилство

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ги разбира чувствата на муслиманите кон навредливите карикатури од пророкот Мухамед, но нагласи дека...

Македонија5 часа

Нови 1085 позитивни случаи на Ковид-19, починале 12

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на...

Регион5 часа

Расте бројот на загинати во Турција – почина дете извлечено од под урнатините

Најмалку 35 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, објавија турските власти. Две лица загинаа на...

Регион5 часа

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Северна Македонија кон членството во Европската унија, доколку не признае дека...

Македонија6 часа

Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донација за ново возило

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, поради, како што вели, зголемениот обем...

Свет6 часа

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Лион, напаѓачот во бегство

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен...

Свет7 часа

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион8 часа

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија11 час

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија11 час

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет12 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион12 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија12 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија12 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија13 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион13 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет15 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет1 ден

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија1 ден

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Досие