Контакт

Свет

Британската влада бара падот на цената да нафтата да го почувствуваат потрошувачите

Објавено пред

Британската влада побара од енергетските компании и авиопревозниците остриот пад на цената на нафтата да го пренесат на порошувачите, а ја разгледува и можноста да преземе акција за да ги принуди на такво нешто.

dobivaj vesti na viber

 

 

Четири месеци пред националните избори, кои ќе се одржат на 7 мај, цените на енергентите стана политички чувствителна тема во Британија, со оглед дека животниот стандард на потрошувачите замо што започна да закрепнува по долгиот период на економска стагнација.

 

Прекумерното глобало снабдување ја преполови цената на нафтата во изминатите шест месеци, што ја наведе владата да испита дали компаниите кои имаа корист од падот на цената на нафтата ги спуштиле цените на своите производи.

 

Во средата цената на барелот на лондонската берза падна под 50 долари прв пат од мај 2009 година, додека цената на бензинот на британските бензински пумпи во вторникот падна на најниско ниво од јануари 2010 година.

 

Британското министерство за финансии објави дека спроведува истражување меѓу комуналните и воздухопловните компании за да утврди дали е потребно да преземе некоја акција. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Ново

Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра

Објавено пред

Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.

dobivaj vesti na viber

Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.

Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.

Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.

Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.

Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.

„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.

Прикажи повеќе...

Економија

Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера

Објавено пред

Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.

dobivaj vesti na viber

Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.

Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.

„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.

Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.

„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.

Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.

Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.

ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.

Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.

„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени 41 член од исто семејство во Газа

Објавено пред

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.

dobivaj vesti na viber

Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.

На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.

Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија2 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет3 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија3 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет3 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија3 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет4 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија17 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија18 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија19 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија20 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија22 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија22 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија23 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...