Свет
Ципрас повикува на натамошно намалување на грчкиот долг
Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека ќе бара натамошно намалување на грчкиот долг и ублажување на острите мерки за штедење, коишто, според негова оцена, ги диктира Германија, и рече дека буџетскиот вишок на Германија, од една страна, и продолжувањето на рекордната невработеност на југот од Европа, од друга страна, не се прифатливи.
„Не може Берлин да биде некој вид европска штедилница и да бележи буџетски вишок, додека југот на Европа е погоден од рекордната невработеност, Доколку тоа продолжи, ќе видиме уште непријатни резултати на референдуми и избори во Европа“, истакнува грчкиот премиер Алексис Ципрас во разговорот за атинскиот весник Realnews објавен во неделата.
Според Ципрас, догмата за штедењето ја довела Европската унија „на работ од распадот“. Ги повикува северните земји членки на ЕИ да дадат финансиска поддршка на проблематичниот југ во борбата против невработеноста.
Ципрас, исто така, гои повтори својот апел до Германија да ја исплати воената отштета за време на нацистичката окупација. „Тоа е прашање на честа, Грција нема да ги повлече своите барања“, порачува грчкиот премиер.
Атина бара меѓу 269 и 332 милијарди евра отштета сторена од Германија во текот на Втората светска војна. Тоа вклучува материјална штета и отштета за воени злосторства, како и заеми кои Грција под принуда морала да му ги одобри на Третиот Рајх а кои никогаш не се вратени.
Барањето репарација од Втората светска војна е идеја којашто потекна во 2010 година од претходната конзервативна влада на Антонис Самарас кога Атина беше принудена да бара спасоносни меѓуанродни кредиите за да не банкротира, а којашто го покрена во 2013 година, но не беше упорна во овој процес. Берлин неколкупати одговори дека воената отштета со Грција е решено прашање.
На почетокот од февруари 2015 година, кога ова прашање повторно го отвори новата влада во Атина, германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел, одлучно ја отфрли ваквата можност. „Веројатноста на Грција да ѝ исплатиме отштета е нула“, рече Габриел додавајќи дека пред 25 години е потпишан договор кој ги оневозможува таквите барања од грчка страна.
Германија од крајот на војната во 1946 година, според договорот и’ ги исплатила репарациите на Грција, и активно го поддржала обновувањето на земјата, појасни во неколку наврати изминатите години Берлин. Германија и’ платила на Грција во 1960 година, 115 милиони тогашни германски марки (67 милиони тогашни американски долари) за штетата предизвикана од окупацијата во периодот од 1941 до 1944 година, кога стотици илјади луѓе во Грција починале од глад или биле убиени. Грчките влади, пак, смета дека овие исплати се несоодветни.
„Спогодбата за конечно решение со обѕир на Германија“, попознат како „Спогодбата два плус четири“, којашто во септември 1990 година, непосредно пред обединувањето на Германија, го потпишаа тогашните Западна и Источна Германија и четирите земји сојузнички од Втората светска војна. Со тој документ, што го потпишала и Грција, повлечена е линија под можните идни барања кон Германија за воена отштета, вклучително и за тоа што тогашната грчка централна банка била принудена да им даде пари на нацистите.
Грција во вторникот дека парламентарна комисија треба да ја процени висината на бараните репарации, а во средата во Атина со износ до 332 милијарда евра. Грција министерството правосудство се закани дека, доколку Германија го одбие барањето, ќе ги запленува германските недвижнини во Грција. Станува збор за зградата на Гете институтот во Атина, Германскиот археолошки институт и германските училишта во Атина и во Солун.
Зајберт не сакаше за медиумите да ги коментира ваквите закани, а портпаролот на германското министерство за финансии Мартин Јагер ја отфрли можноста за разговори за оваа тема. „За тоа прашање нема да водиме разговори ниту преговори со грчката страна“, порача Јагер.
Германската партија Левица, во меѓувреме, го поддржа грчкото барање. „Оправдани се барањата на грчката влада. Морална обврска на Германија е да го плати износот, па дури и доколку и постојат различни меѓународни правни мислења за тоа“, изјави во средата пратеничката на оваа партија во Бундестагот и претседателка на германско-грчката парламентарна група Анете Рот, барајќи германската влада за тоа прашање да пронајде решение заедно со грчката. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Ново
Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра
Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.
Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.
Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.
Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.
Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.
Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.
„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.
Економија
Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера
Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.
Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.
Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.
„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.
Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.
„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.
Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.
Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.
ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.
Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.
„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.
Свет
Убиени 41 член од исто семејство во Газа
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.
Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.
На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.
Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.