Свет
Данците ја гасат последната ковачница на пари во Скандинавија

До крајот на оваа година, ќе се затвори последната ковачница на пари во Скандинавија, откако Данска реши да го следи примерот на Шведска и Норвешка. Данска одлучи да го следи трендот па така по потреба ќе ги ангажира Финците за производство.
Централната банка на Данска веќе го запре печатењето на банкноти. Тие станаа толку бескорисни за нив па така не мораат да да тражат произведувачи.
Додека некои држави допрва го отвараат патот кон општество без готовина, Скандинавија веќе е чекот напред.
Во Данска не се одрекуваат од готовина само поради борбата против криминалот, туку и заради комфор, додека продавниците сите до една преферираат пластика.
Тамошната влада дури им овозможува на трговците да одбијат плаќање во готово, а централната банка планира да направи и своја сопствена виртуелна валута. крај/мф/дѓс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Кина престана да извезува минерали неопходни за производство на чипови

Кина извезе нула килограми од двата минерала што се клучни за производството на полуспроводници или чипови во август, еден месец по воведувањето ограничувања за продажбата во странство поради загриженост за националната безбедност.
Кина учествува со 80 отсто во светското производство на галиум и околу 60 отсто германиум, а минатиот месец ниту еден од овие елементи не се продаде на светскиот пазар. Во јули се извезени 5,15 тони кован галиум и 8,1 тони кован германиум.
Портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Хе Јадонг, на прес-конференција рече дека Министерството примило барања за извоз од компании, кои тргуваат со овие минерали и дека некои барања се одобрени.
Ограничувањата ја сигнализираат подготвеноста на Кина да возврати на американските извозни контроли и покрај загриженоста за економскиот раст додека врие технолошка војна.
Аналитичарите велат дека ограничувањето на извозот е меч со две сечила, што може да ѝ наштети на кинеската економија и да го забрза преминот кон други синџири на снабдување.
Кина можеби е водечки производител на двата минерала, но има алтернативни производители, како и замени за двата минерала, рече аналитичарот на Групацијата Евроазија во извештајот од јули.
Економија
„Хјундаи“ инвестира повеќе од 12 милијарди долари во САД

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Group објави дека ќе инвестира 12,6 милијарди долари во изградба на погони за електрични возила и батерии во САД. Компанијата ќе потроши 7,6 милијарди долари на фабрика во округот Брајан, Џорџија, која ќе вработи повеќе од 8.500 работници. Во соработка со SK Ona, компанијата ќе инвестира и пет милијарди долари во фабрика за батерии во округот Бартоу, која ќе вработи околу 3.500 работници.
Техничкиот државен универзитет „Џорџија“ и неговиот Технолошки институт потпишаа меморандум за разбирање со Hyundai Motor Group, во кој се наведени соработката за истражување и примена на нови технологии вклучувајќи ја економијата на водород и развојот на работната сила.
Hyundai истакна дека во наредните години ќе создаде економска вредност во Грузија, која ќе се мери во десетици милијарди долари и ќе помогне да се отворат околу 40.000 работни места.
Економија
Инвазивните гасеници им ја изедоа лавандата на одгледувачите на југот на Франција

Гасеници веројатно предизвикаа милионски загуби на француските одгледувачи на лаванда оваа година, според земјоделското здружение кое ја повика владата на помош.
„Десетици и десетици хектари не беа собрани затоа што не вредеше. Немаше ништо останато“, вели Ален Обанел, шеф на Здружението за парфеми, ароми и лековити растенија PPAM, со седиште во Маноскје во јужна Франција.
Земјоделците во некои случаи изгубија 90 отсто од жетвата, изјави тој за ДПА. Загубата, според него, се проценува на неколку милиони евра. Од Министерството за земјоделство штетите ги оценија како големи.
Се вели дека виновниците се гасеници кои пристигнале во Франција со жешкиот ветер од Северна Африка, а потоа ги изеле стеблата на лавандата и предизвикале сушење на растенијата. Наместо виолетова, полињата со лаванда, кои се популарни и како дестинации за одмор и мотиви со разгледници, ова лето се сиво-кафеави.
Главно се погодени департманите Прованса, Воклуз и Дроме – а особено традиционалните области за одгледување во планините, што значи токму областите каде што земјоделците тешко можат да одгледуваат нешто друго, вели Обанел.
Тоа што многу повеќе се погодени планинските обработливи површини се должи на тоа што таму жетвата почна подоцна. Обанел проценува дека најмалку 50 проценти од посевите се изгубени од штетната гасеница во планинската област на регионот Дроме.