Свет
ECB ѝ ја ускрати поддршката на Грција
Европската централна банка (ЕСВ) неочекувано во средата доцна ноќта одлучи дека повеќе нема да ги прифаќа грчките обврзници како осигурување на заемите, со што врз грчката централна банка го префрли товарот на финансирање на грчките банки и ја изолираше Грција, освен доколку новата влада предводена од радикалната левица не постигне договор со своите доверители.
Неочекуваната одлука на Европската централна банка (ECB), којашто значи дека грчката централна банка мора да обезбеди десетици милијарди евра итни заеми во седмиците кои доаѓаат, е предизвикана од тоа што многумина во Франкфурт сметаат дека новата влада во Атина се откажала од спроведување на програмата за меѓународна помош договорена со Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд која вклучуваше структурни реформи, остри мерки за штедење и приватизација на државните компании.
Одлуката беше објавена дозна ноќта кон четвртокот, само неколку часа откако новиот грчки министер Јанис Варуфакст по средбата со претседателот на ECB Марио Драги тврдеше дека Банката „ќе стори се’ што е потребно“ за да им помогне на земјите како што Грција.
Меѓутоа, се случи токму спротивното. Одлуката на ЕСВ, за којашто беше потребна поддршката од повеќето гувернери на централните банки од земјите од еврозоната, покажува дека плановите на новата грчка влада запрепастиле многумина, не само во Франкфурт, туку и во целата еврозона.
Одлуката, којашто стапува на сила на 11-ти февруари, значи дека грчките државни обврзници редни десетици милијарди евра, како и обврзниците на банките за коишто гарантира Атина, повеќе нема да бидат прифатени како колатерал во земена за заемите на ЕСВ за тие банки. Наместо тоа, грчката централна банка ќе мора на грчките банки осигури итни заеми и самата за тоа ќе ги носи ризиците. Доколку грчката централна банка поради тоа падне во потешкотии, грчката влада ќе мора да скокне во помош, што нема да ѝ биде нималку лесно.
Неочекуваната одлука донесена е откако грчката влада на ЕСВ да го одржи нејзините банки во животот додека не го договори ублажувањето на долговите со партнерите од еврозоната. ЕСВ тоа барање со оваа одлука дефинитивно го одбива, дополнително отежнувајќи ја ситуацијата во којашто се наоѓа Грција.
Со оваа одлука, грчките банки се во тешка ситуација, од кои трите најголеми кои во понеделникот добија од својата централна банка добија итна помош од две милијарди евра поради големиот одлив на депозитите на граѓаните, по изборната победа на Сириза на предвремените парламентарни избори 25-ти јануари, поради неизвесноста од продолжувањето на договорите со доверителите.
Без поддршката на доверителите и ЕСВ, Грција наскоро би можела да се најде во многу тешка финансиска криза. Имајќи предвид дека нема пристап до пазарите поради високите трошоци на задолжување, грчката влада има доволно пари за уште само неколку месеци, а до летото мора да врати околу 10 милијарди евра долгови.
Одлуката на ЕСВ веднаш се одрази и врз курсот на еврото, кој падна во однос на американскиот долар. Еврото во средата навечер вредеше 1,1341 долари, во однос на 1.1479 во вторникот во исто време и 1,1423 долари пред објавувањето на одлуката на Европската централна банка.
Владата на Алексис Ципрас најави дека во рок од еден месец ќе подготви предлогот за измена на должничкиот договор со своите меѓународни партнери, и дека дотогаш нема да ја земе новата транша од помошта.
Меѓутоа, Германија се противи на грчките планови и очекува да се откаже од ветувањето на дека ќе ја зголеми минималната палта, ќе ја запре продажбата на државниот имот, повторно ќе ги вработи отпуштените работници во јавниот сектор и ќе ги врати надоместите за сиромашните пензионери. Берлин, исто така, се противи и на контролата од страната на ткн „тројка“ меѓународни доверители за тоа како се спроведуваат реформите во Грција.
Премиерот Алексис Ципрас и министерот за финансии Јанис Варуфакис од изминатиот викенд патуваат низ Европа на средба со европските челници за да обезбедат поддршка за реструктуирање на долгот кој изнесува 175 отсто од бруто домашниот производ (БДП). Меѓутоа, наидоа на студен прием, дури и во лево ориентираните власти во Франција и Италија, од кои очекуваше поддршка, како и во Франкфурт, во седиштето на ЕСВ./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Ново
Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра
Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.
Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.
Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.
Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.
Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.
Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.
„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.
Економија
Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера
Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.
Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.
Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.
„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.
Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.
„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.
Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.
Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.
ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.
Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.
„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.
Свет
Убиени 41 член од исто семејство во Газа
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.
Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.
На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.
Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.