Свет
Goldman Sachs пред Брегзит ќе пресели стотина работници од Англија
Goldman Sachs ќе пресели неколку стотини вработени од Лондон и ќе го зголеми своето присуство на европскиот пазар и пред Британија да излезе од Европската унија, рекол Ричард Гнудл, директорот на банката во Европа.
Во разговор за телевизијата CNBC, Гнудл дополнил дека банката нема да чека да завршат преговорите на Велика Британија за излегување од ЕУ, туку ќе биде покренат план според кој во наредните 18 месеци ќе биде зголемено присуството на Goldman Sachs на европскиот пазар.
Директорот нагласил дека банката ќе вработи нови луѓе од тие европски земји, но и дека ќе неколку стотини работници ќе бидат преселени од Велика Британија.
Во Лондон, најголемото финансиско седиште во Европа, Goldman Sachs, во моментов вработува околу 6.000 луѓе.
Но со излегувањето на Британија од ЕУ се очекува Лондон да го загуби тој статус, бидејќи многу банки, меѓу кои се швајцарската UBS и британската HSCB, најавија дека ќе преселат дел од работниците.
Британската премиерка Терезе Меј на почетокот на неделата порача дека на 29.март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што ќе започнат двегодишните преговори за излегување на Британија од ЕУ. Според овој план Брегзит би уследил во март 2019 година. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
