Свет
Made in America, iPhone би бил поскап за 100 или 200 долари
Apple, неговите добавувачи и компании кои се вклучени во склопувањето на iPhone телефонот, разговараат за изнаоѓање начини за производство на овие телефони во САД.
Сето ова доаѓа по големиот број на изјави на новиот претседател Доналд Трамп за овој проблем.
Проблемот на Apple е во тоа што за таков телефон ќе мора да плаќа многу повеќе на добавувачите чие седиште е во САД, а ќе мора да издвои повеќе пари и за компонентите, односно за работниците.
Тоа би го принудило технолошкиот гигант на едно од две решенија: или да ги зголемат цените со цел да ги задржи досегашните приходи, или ќе има помалку приходи од продажбата на телефонот.
Аналитичар на Волстрит Брајан Вајт, изјави дека гледа решение.
Вајт кој работи за компанијата Drexel Hamilton, вели дека Apple би требало да произведе специјална верзија на iPhone со назнака “Made in America”, но овој посебен модел ќе има и повисока цена за 100 или 200 долари, што ќе му овозможи на Apple да поврати некои од своите дополнителни трошоци. Вајт верува дека во Америка би постоел пазар за таков уред.
Доналд Трамп изјави дека ќе го зголеми данокот на стоки од странство за 45 отсто. крај/мф/дѓс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот скокна по примирјето меѓу САД и Иран
Биткоинот нагло порасна над 72.700 долари откако Доналд Трамп потврди двонеделен прекин на огнот со Иран, објави „Си-Ен-Би-Си“.
Овој потег предизвика ликвидации од околу 595 милиони долари кај крипто-трговците, при што најголемиот дел беа кратки позиции – над 427 милиони долари, што покажува дека пазарот очекувал пад.
Само во 12 часа биле ликвидирани над 500 милиони долари, што го прави ова еден од најсилните „short squeeze“ моменти во периодот на конфликтот.
Најголеми ликвидации имало кај биткоин и етер, а падот на цената на нафтата дополнително влијаел врз пазарите.
Примирјето е условно, со ограничено отворање на Ормускиот теснец, што остава неизвесност за понатамошниот развој.
Биткоинот сега се движи на горната граница од својот опсег, а идното движење ќе зависи од тоа дали примирјето ќе се одржи или ќе се покаже како краткотрајно.
Фото: Depositphotos
Економија
Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран
Глобалните цени на нафтата нагло паднаа, а берзите пораснаа откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен договор за прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, пренесе „Би-Би-Си“.
Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%. Сепак, цените остануваат повисоки од периодот пред конфликтот.
Пазарите реагираа позитивно – берзите во Азија забележаа значителен раст, особено во Јапонија и Јужна Кореја.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави пауза во нападите врз Иран од две недели, под услов да се обезбеди безбедно отворање на теснецот.
Иако се очекува делумно олеснување со продолжување на транспортот на нафта, експертите предупредуваат дека целосно стабилизирање на пазарот ќе бара повеќе време.
Штетите врз енергетската инфраструктура се големи и обновата може да трае со месеци или години, со трошоци над 25 милијарди долари.
Најпогодени се азиските земји зависни од увоз на енергенси, додека авио-компаниите веќе ги зголемија цените поради поскапото гориво.
Економија
Кириите во германските градови пораснале за 43 отсто за десет години
Цените за изнајмување станови во германските градови во последните десет години во просек пораснале за 43 отсто, а во некои градови, како Берлин, растот достигнува до 69 отсто.
Според податоците, станарите денес плаќаат во просек 43 отсто повеќе отколку пред десет години, а во Берлин и Лајпциг зголемувањето е близу 70 проценти.
Во Берлин, цената по квадратен метар пораснала од 9,02 евра во 2016 година на 15,25 евра во 2025 година, додека во поатрактивни делови надминува 20 евра.
Најскапиот град останува Минхен, каде просечната кирија изнесува 21,29 евра по квадратен метар, следен од Франкфурт (16,58 евра) и Штутгарт (16,06 евра).
Фото: Depositphotos
