Контакт

Свет

ММФ ја снижи прогнозата за раст на светската економија на 3,4 отсто

Објавено пред

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја снижи проценката за раст на глобалната економија од 3,7 на 3,4 отсто, пред се поради послабиот од очекуван раст на двете најголеми светски економии, американската и кинеската.

 

 

„Глобалниот раст би можел да остане слаб уште подолго време, со оглед дека нема посилен замав во најразвиените економии дури и ако каматите останат ниски. Поради тоа монетарната политика во тие држави треба да остане лабава“, стои во денешниот извештај „Светски економски изгледи“.

 

ММФ вчера објави дека американската економија оваа година би можела да зајакне само 1,7 отсто, додека во април се очекуваше скок 2,8 отсто.

 

Иако во наредните тромесечја растот на најголемата светска економија би требало да биде поголем од три отсто, тешко е да се надомести падот од дури 2,9 отсто.

 

„Товар на растот поради пад на активностите во првото тромесечје нема да биде неутрализиран“, објави ММФ.

 

Снижена е и проценката за раст на втората по големина светска економија, и сега се очекува кинескиот бруто домашен производ да порасне од 7,4, а не 7,5 отсто, колку што беше претходната проценка.

 

Во наредната година кинескиот раст би можел дополнително да забави на 7,1 отсто, додека растот на американската економија би можел да забрза на околу три отсто.

 

Меѓу најголемите светски економии, ММФ ја зголеми прогнозата за раст на германската економија од 1,7 на 1,9 отсто. Освен во Германија, во 18-члената еврозона зголемени се проценките за раст во Шпанија, додека намалени се за Италија и Шпанија.

 

Од европските економии, ММФ ја зголеми и прогнозата за раст за Велика Британија, од 2,8 на 3,2 отсто.

 

За многу држави во развој, прогнозите се намалени. Најмногу за Русија, од 1,3 на 0,2 отсто, што е последица на интензивирањето на меѓунаордната политичка напнатост и санкциите против Москва поради кризата во Украина.

 

„Закрепнувањето на глобалната економија продолжува, но останува послабо од што проценувавме во април“, рече Оливие Бланчар, главен економист во ММФ. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Изборите во САД и трговските војни ги зголемуваат ризиците за руската економија

Објавено пред

Последиците од изборите во САД закажани за 3 ноември 2020 година и трговската војна меѓу САД и Кина може негативно да влијаат на руската економија, тврдат експерти интервјуирани од ТАСС.

„Од една страна, руската економија може да се соочи со негативно влијание од економските турбуленции, а од друга страна, забавување на глобалната економија и последователно намалување на побарувачката на суровини како резултат на трговската војна меѓу САД и Кина“, изјави Георги Остапкович, директорот на HSE Centre for Business Tendencies Studies.

Професорт Сергеј Кестанов од Катедрата за берзи и финансиски инженеринг при РАНЕПА смета дека е веројатно оти САД ќе се обидат да ги заострат трговските ограничувања против Кина за време на трката за претседателските избори, што, според него, ќе ја намали глобалната побарувачка на суровини.

„САД се приближуваат кон претседателските избори во услови на значителен економски пад и силна поларизација на општеството. Сите акутни политички прашања стануваат предмет на предизборната дебата. Наспроти ова, се обидуваат да ги заострат трговските ограничувања против Кина. За Русија, ова е негативен фактор бидејќи ќе доведе до намалување на трговијата меѓу САД и Кина, и , како резултат на тоа, намалување на глобалната побарувачка за суровини“, рече тој.

Според Кестанов, дополнителниот фактор на ризик е поврзан со можното заострување на антируските санкции, што е многу веројатно ако на изборите победи кандидатот од Демократската партија.

„Сепак, какви било ефекти не треба да се очекуваат до почетокот на 2021 година, кога новоизбраниот претседател ќе ја преземе функцијата и ќе формира нова администрација“, рече тој.

Геополитичките ризици за руската економија повторно се појавуваат, изјави шефот на аналитичкиот оддел во „Зенит банка“, Владимир Евстифеев.

„Победа на кандидатот од Демократската партија на претседателските избори во САД би наметнала зголемени ризици од санкции. Џо Бајден веќе зборува за построга надворешна политика кон Русија“, тврди Евстифеев, според кој главниот ризик се можните санкции од САД наметнати врз јавниот долг на рубљата.

Експертите се согласуваат дека за Русија е корисно да се развијат големи економии – САД, Кина и ЕУ.

„Слабеењето на кинеската економија како резултат на несогласувањата со САД ќе доведе до намалување на побарувачката за руски извоз“, рече Евстифеев.

„Ако економијата се развие, ќе има зголемување на побарувачката за гориво. Поволно е за Русија да се развиваат економиите во САД, Кина и ЕУ“, се согласи Остапкович.

Според Дмитриј Космодемијански, менаџер во „Откритие“, неутралноста на Русија во односите меѓу САД и Кина може да ѝ помогне на руската економија.

„Постојат многу примери на придобивки поради немешање во голем конфликт. Сепак, во услови  на тешко економско реструктуирање поради глобалниот карантин, можеби нема да го забележиме овој ефект во  растот на БДП“, смета тој.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Светската економија изгубила најмалку 126 милијарди долари

Објавено пред

Меѓународната трговија се намалила во сите четири тромесечја минатата година, а падовите се интензивирани и во овој период на пандемнија на коронавирус.

Поради тоа светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари, покажува новото истражување на Меѓународниот трговски центар.

Според извештајот на центарот, кинескиот извоз во февруари оваа година потонал за околу 21 процент во однос на претходната година, пренесе Бизнис.ба.

Иако Кина во март малку се поправи, пандемијата почна да го погодува извозот од другите земји.

„ Целосните ефекти на кризата се уште не се видливи, бидејќи повеќето земји почнаа да ги затвораат границитер кон крајот на март и април“ се наведува во извештајот, а податоците за овие месеци не биле достапни во моментот на истражувањето.

Блокадите во Кина, ЕУ и САД имале најголемо влијание на меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што наведува, се главни играчи во глобалниот синџир на снабдување, па оттаму се важни увозници на суровини, делови и компоненти.

Во извештајот се наведува декас пандемијата погодила над 55 проценти од малите и средни фирми.

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија ја очекува најголем пад на БДП од 1975 година

Објавено пред

Швајцарската економија оваа година ќе претрпи најголем пад во последните неколку децении, бидејќи пандемијата на коронавирус го нагризува производството и работните места, соопшти владата и истакна дека падот ќе биде помал од тоа што се очекувало и ќе изнесува 6,2 проценти.

Тоа е најголем пад на швајцарскиот БДП од 1975 година, кога земјата ја погодија последиците од нафтената криза.

Се очекува и раст на стапката на невработеност на 3,8 отсто, бидејќи страда надворешната трговија, личната потрошувачка се намалува, а компаниите тукушто излегуваат од мерките и забраната за движење, наметнати поради коронавирусот.

Новата владина прогноза сепак е подобрена во однос на падот на БДП од 6,7 проценти, што предвидуваа економистите уште во април и е поповолна од очекувањата за другите европски земји.

ОЕЦД за Велика Британија предвидува пад од 11,5 проценти, за Франција 11,4 проценти, а за Италија 11,3 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија8 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија8 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија10 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ11 час

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија11 час

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија12 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет15 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа16 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ16 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ16 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија17 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион17 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион17 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет18 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет19 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион19 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија19 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија1 ден

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија1 ден

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Досие