Свет
Системот за плаќање SWIFT предупреди за масивни хакерски напади
Глобалната финансиска мрежа SWIFT, преку којашто банките секојдневно ги извршуваат платните трансакции, ги предупреди клиентите дека е свесна за серијата компјутерски инциденти кои се случиле во последниот период, во кои хакери преку нејзиниот систем испраќале неовластени пораки.
Ова предупредување SWIFT им го упати на клиентите откако властите во Бангладеш и во други земји спроведоа истраги во врска со кражба на 81 милиони долари од сметката на централната банка на Бангладеш во огранокот на американската централна банка Federal Reserve (Fed) од страна на компјутерски хакери. SWIFT потврди дека споменатата шема вклучувала измени на софтверот на овој глобален систем за плаќање на компјутерите на централната банка на Бангладеш, за да се прикријат доказите за неовластените трансфери на парите.
Соопштението на SWIFT е првата официјална потврда дека нападите врз централната банка на Бангладеш не се изолиран случај, туку една од неодамнешните криминални шеми кои имаат цел да ја искористат предноста на глобалната платформа за размена на пораки со којашто се користат околу 11.000 финансиски институции.
Во SWIFT се свесни за низата неодамнешни компјутерски инциденти во кои злонамерните напаѓачи внатре или надвор од системот успеале да упатат SWIFT пораки од канцеларии на финансиски институции, од нивните компјутери или терминали приклучени со нивните локални спојувања на мрежата на SWIFT, се наведува во предупредувањето до клиентите од понеделникот, во кое увид имала агенцијата Reuters.
Во предупредувањето кое SWIFT во доверлива порака го испратил преку својата мрежа до клиентите, не се именувани жртвите, ниту е наведена вредноста на загубите од претходните необјавени напади. Од SWIFT за Reuters ја потврдиле автентичноста на нивната порака.
Во понеделникот SWIFT, исто така, објави безбедносни подобрување на софтверот со кој се користат банките за пристап до мрежата, за да ги спречи злонамерните програми кои според безбедносните експерти од британската компанија BAA Systems веројатно ги користеле хакерите при кражбата од сметките на централната банка на Бангладеш. Доказите на британската компанија сугерираат дека хакерите манипулирале со софтверот на SWIFT за пристап до мрежата, кој банките го користат за поврзување со платформата на SWIFT за размена на пораки, за да ги прикријат своите траги.
Од BAA Systems истакнуваат дека не можат да објаснат како се креирани неовластените налози и протуркани низ системот, Но од SWIFT во известувањето до банките наведуваат некои докази за тоа како се случил инцидентот, додавајќи дека во повеќето случаи начинот на дејствување бил ист. Наведуваат притоа дека напаѓачите добиле владини потврди за операторите кои се овластени за креирање и одобрување на пораките на SWIFT, за потоа да испраќаат неовластени пораки лажно преставувајќи се како тие лица.
Експертите за кибернетички напади велат дека би можело да се случат нови напади, додека банкарските клиенти на SWIFT ќе проверуваат дали нивниот пристап до SWIFT е загрозен. Шејн Шук, советник за банкарска безбедност кој истражува финансиски криминал од големи димензии, изјави дека хакерите се свртуваат кон SWIFT и кон другите приватни платформи за финансиски пораки, затоа што таквите напади можат да генерираат поголеми приходи отколку да се нафрлат на потрошувачите или малите компании.
„Тие хакерски напади особено се насочени на финансиските институции затоа што помалиот напор резултира со поголеми кражби. Тоа е далеку поефикасно отколку да се краде од клиентите“, вели./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Ново
Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра
Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.
Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.
Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.
Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.
Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.
Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.
„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.
Економија
Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера
Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.
Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.
Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.
„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.
Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.
„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.
Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.
Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.
ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.
Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.
„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.
Свет
Убиени 41 член од исто семејство во Газа
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.
Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.
На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.
Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.