Контакт

Свет

Украина ќе ѝ го плаќа гасот на Русија 230 долари

Објавено пред

Русија и Украина постигнаа договор за испораките на рускиот природен гас по намалена цена од 230 американски долари за илјада кубни метри гас во последниот квартал, изјави во саботата рускиот министер за енергетика Александр Новак.

dobivaj vesti na viber

Русија ја прекина испораката на гас за Украина во јули кога истече постојниот договор, по што Киев одби да продолжи да ја плаќа цената од 247 американски долари за илјада кубни метри гас.

Цената ќе се движи во распонот од плус/минус 230 долари, изјави рускиот министер за енергетика Александр Новак, појаснувајќи дека точната цена на гасот зависи од формулата којашто ја зема предвид калориската вредност на гасот.

Марош Шефчович, комесар на Европската комисија за енергија, изјави на прес-конференцијата дека прелиминарниот договор е „клучниот чекор“ за да се обезбеди дека Украина ќе има испораки на гас од октомври до март.

„Штотуку го парафиравме трилатералниот договор за претстојната зима“, изјави Шефчович по речиси шестчасовните преговори со министрите за енергетика на Русија и Украина во Брисел. Додаде дека “сите технички поединости се договорени“ и е поставена рамката, но дека потврдата и официјалното потпишување на целосниот договор бара засебни процедури. Претходно на Twitter објави дека тоа претставува „голем успех“.

Русија и Украина со години се во спор околу испораките на гасот, што се влоши уште повеќе откако во февруари 2014 година беше соборен претседателот Виктор Јанукович. Во претходните спорови во 200 и 2009 година, Москва ги прекина испораките за Украина обвинувајќи дека ги поткраднува испораките кои преку нејзината мрежа одат за Европа, предизвикувајќи недостиг од гасот, поради што и се реши на градењето на гасоводите коишто до 2019 година целосно ќе ја заобиколуваат Украина. Русија покрива повеќе од третина од европските потреби за гас, а половината од тоа оди преку украинскиот гасовод.

Во aприл 2014 година Русија објави дека го повлекува намалувањето на цената на својот гас за Украина постигнат во договор со сега соборениот украински претседател Виктор Јанукович, од декември 2013 година. Според тој договор, цената беше намалена за повеќе од третина и се симна на 268 долари за 1.000 кубни метри гас. Така веднаш по укинувањето на сите договори и попусти, цената на рускиот гас за украинските потрошувачи се зголеми на 485 долари за илјада кубни метри.

Намалувањето на цената на рускиот природен гас од дополнителни 100 долари за Украина беше предвидено со договорот од 2010 година, како дополнителен бонус што Москва покрај 100-те милиони долари годишно ги исплатуваше на својот сосед за користењето на воената поморска база на својата Црноморска флота кај Севастопол на полуостровот Крим до крајот на 2017 година, по што ќе следуваше друг анекс на договорот. Меѓутоа, претежно руското и рускојазично население на овој регион, по промените на власта во Киев, на референдум кон средината на март изгласа присоединување кон Русија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Ново

Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра

Објавено пред

Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.

dobivaj vesti na viber

Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.

Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.

Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.

Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.

Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.

„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.

Прикажи повеќе...

Економија

Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера

Објавено пред

Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.

dobivaj vesti na viber

Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.

Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.

„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.

Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.

„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.

Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.

Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.

ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.

Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.

„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени 41 член од исто семејство во Газа

Објавено пред

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.

dobivaj vesti na viber

Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.

На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.

Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија12 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ13 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија13 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија14 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија15 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија16 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион18 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет18 часа

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија19 часа

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет19 часа

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија19 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 дена

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...