Контакт

Свет

Венецуела ја затвори границата со Колумбија

Објавено пред

Преседателот на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека владата на Венецуела одлучила да ја затвори својата граница со Колумбија на 72 часа, со цел „да се уништи мафијата“.

„Мораме да ја уништиме мафијата, пред таа да ја уништи земјата и нејзината економија“, изјави Мадуро во обраќањето преку државната телевизија, обвинувајќи ја „мафијата“ за правење голем профит од шверцот на субвенционирани производи во соседна Колумбија.

Многу производи што властите во Венецуела ги субвенционираат во рамките на популистичката политика на претседатлот Мадуро за добивање поддршка од најсиромашните слоеви на населението, како што се дизел горивото и бензинот, се продаваат во Колумбија и притоа, шверцерите остваруваат висок профит.

Во неделата, Мадуро соопшти дека од оптек ќе биде повлечена банкнотата од 100 боливари, која е најупотребувана, за да се замени со монета од истата вредност, во обид да се запре одливот на средства во соседството.

Во 2015 година, Мадуро нареди затворање на границата со Колумбија, но во текот на оваа година таа во одредени периоди беше отворена сѐ со цел Венецуелците да можат да се снабдат со основните прехранбени производи и продукти за домаќинствата, како и лекови, кои во Венецуела ги нема затоа што државата нема пари за нивна набавка.

Сегашната одлука за затварање на границата во времетраење од 72 часа е со цел властите да обезбедат време за повлекување од оптек на сите банкноти од 100 боливари, кои по тој период од три дена повеќе нема да важат. /крај/дѓс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Во Германија да се помести старосната граница за пензија на 69 години, бараат економистите

Објавено пред

Во Германија oд 2012 година возраста за пензионирање беше зголемена на 67 години, а според сегашните податоци, сè повеќе луѓе умираат пред да заминат во пензија. И покрај тоа, поради Ковид-19, се погласни се оние кои бараат таа граница да се помести на 69 години, пишува „Дојче веле“.

„ Во 2019 година, 17 проценти од починатите во Германија не наполниле 67 години, а 14,4 проценти не доживеале 65 години. Ова произлегува од одговорот на Министерството за внатрешни работи на барањето на пратеничката група на Левицата“, пренесува „Ноје Оснабрикер Цајтунг“.

Доколку возраста за пензионирање се зголеми на 69 години, логично е дека уште повеќе луѓе не би ја достигнале возраста за пензија, додава „Дојче веле“.

Во 2019 година, 19,8 проценти од сите смртни случаи биле на возраст под 69 години, или речиси секој петти. Во април, неколку економски институти го предложија зголемувањето на возраста за пензионирање на 69 години, со оглед на оптоварувањето на државниот буџет заради пандемијата.

„ Таквиот чекор ќе донесе двојна корист“, напишаа институтите во пролетниот извештај до федералната влада.

Од една страна, приходите од пензиско осигурување би се зголемиле, а од друга страна, повеќе луѓе би биле на располагање на пазарот на трудот. Германија има сè помало население кое старее, изјави потпретседателот на Институтот за економски истражувања од градот Хале, Оливер Холтемелер.

Во иднина, разликата помеѓу бројот на млади луѓе кои доаѓаат на пазарот на трудот и старите кои го напуштаат ќе биде околу 400.000 луѓе помалку годишно. Економистот предупредува дека ова ќе ѝ наштети на германската економија.

Германската централна банка исто така повика на зголемување на возраста за пензија.

„ Досега, очекуваниот животен век кој постојано расте, подразбира сè подолго траење на пензијата, додека периодите на плаќање на придонесите остануваат постојани. Затоа е логично да се зголеми старосната граница од 67 години за пензија “, стои во образложението на Бундесбанк.

Прикажи повеќе...

Економија

Пандемијата го измени списокот на десетте најголеми економии во светот, една земја отпадна

Објавено пред

Пандемијата од Ковид-19 го разниша рангот на најголемите економии во светот, туркајќи многу земји во најлоша економска рецесија во поновата историја.

САД, Кина, Јапонија и Германија и нaтаму се рангираат во првите четири како најголеми економии во светот, додека некои економии напредуваа или паднаа на ранг-листата како резултат на пандемијата, а една земја излезе од листата на првите 10 економии, според анализата на СНБС.

Овој американски медиум ги спореди земјите во однос на номиналниот бруто-домашен производ од 2019 година, изразен во долари, со проценките на БДП за минатата година од извештајот на ММФ.

Соединетите Американски Држави ја задржаа водечката позиција на списокот на топ 10 економии во светот, при што номиналниот БДП падна минатата година на 20,9 трилиони долари од 21,4 трилиони долари претходната година.

Наспроти ова, второпласираната Кина минатата година забележа номинален БДП на 14,7 трилиони долари од 14,3 трилиони долари една година порано.

Јапонија остана трета по големина економија во светот во 2020 година со БДП проценет на 5,0 трилиони долари (5,1 трилиони долари во 2019 година), додека Германија се најде на четвртото место чија економија задржа вредност од 3,8 трилиони долари.

Индија, петта по големина економија во светот во 2019 година, минатата година падна на шестото место, зад Велика Британија, иако споредбените податоци покажуваат дека БДП на двете земји паднал од нивото од 2,8 трилиони долари пред две години на 2,7 трилиони долари минатата година.

Седмата позиција сè уште ја држи Франција со номинален БДП од речиси 2,6 трилиони американски долари (2,7 трилиони долари во 2019 година), а осмата е Италија со вредност на економијата од приближно 1,9 трилиони долари во 2019 година).
Бразил, кој беше деветта по големина глобална економија во 2019 година, испадна од првите десет, препуштајќи ѝ го местото на Канада, чиј БДП минатата година беше проценет на 1,6 трилиони долари (1,7 трилиони милијарди минатата година), и е рангиран на 10-то место од најмоќните.

Прикажи повеќе...

Економија

Европа живее на кредит, економската криза во Италија ја тресе цела ЕУ

Објавено пред

Јавниот долг на Германија надмина две милијарди евра, но експертите од земјите во еврозоната се најмногу загрижени за Италија. Намерата на Европската Унија е да се извлече од кризата со задолжување. Тоа веројатно ќе продолжи и следната година.

Германскиот Бундестаг во четвртокот гласаше за ребаланс на буџетот за оваа година, со што се овозможи рекордно задолжување од 240 милијарди евра. Ова ќе го зголеми јавниот долг на Германија на 2,2 трилиони евра и тоа е рекорд. Германскиот долг денес изнесува 80 проценти од БДП, оценуваат германските медиуми.

Другите членки на ЕУ исто така беа принудени да живеат на кредит поради кризата. Долговите се натрупуваат од Финска до Грција. Евростат објави дека вкупната задолженост во државните буџети на еврозоната ќе изнесува скоро сто проценти од БПД.

Кој ќе плати за цехот на крај?

„Стапката на економски раст е секогаш одлучувачка за високите долгови. Доколку се постигне голем раст, тогаш проблемот со задолженоста ќе се реши само по себе. Политиката на државни заштеди за големи долгови помага само во мала мера “, објаснуваат експертите.

Ваквото мислење го споделува и Маркус Фербер, германскиот европратеник, експерт за финансии на демохристијаните.

„Во моментов, ние не сме загрижени за стабилноста на еврото“, рече тој за ДВ. Сепак, смета дека границата за задолжување во еврозоната треба да се врати следната година. Во спротивно, смета тој, постои опасност некои членови да продолжат да ги решаваат проблемите со нови долгови наместо реформи.

Фербер нагласува дека заедничкото задолжување на ЕУ во износ од 750 милијарди евра за ублажување на последиците од кризата мора да остане осамен преседан. „Оние што мислат дека ги рехабилитираат националните буџети со пренесување долгови кон Европа, нема да успеат. Бидејќи тие долгови мора да ги отплатат и земјите членки. А тоа значи следните генерации“, изјави европратеникот.

Грција веќе се приближува до јавен долг од 200 проценти. Сепак, аналитичарите не сметаат дека ова е голем проблем затоа што Грција се рехабилитираше во претходните години.

„Грција ме загрижува помалку од некои други земји. Мојата најголема грижа е Италија “, вели европскиот парламентарец Фербер. Тој предупредува дека со зголемувањето на каматните стапки италијанската држава и банките може да наидат на сериозни тешкотии. Јавниот долг на Италија во моментов изнесува 180 проценти од БДП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет4 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион5 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ6 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија6 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија7 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија7 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет8 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија8 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет10 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет21 час

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион22 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт1 ден

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ1 ден

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија1 ден

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија1 ден

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Досие