Контакт

Свет

ВМРО-ДПМНЕ: Интересот за проектот „Купи куќа за млади“ ги надмина сите очекувања

Објавено пред

Најважно за секое семејство е да обезбеди вработување и сопствен дом, истакна во понеделникот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на работниот состанок на кој заедно со владини министри и градоначалници беше разгледувано спроведувањето на проектот „Купи куќа за млади“.

dobivaj vesti na viber

„Кога зборуваме за индустриските зони во општините зборуваме за создавање услови за вработување, создавање услови каде некој би изградил свои капацитети и би вработил невработени луѓе. Кога зборуваме за проектот ‘Купи куќа за млади’ станува збор за можност која овозможува доаѓање до сопствен дом под екстра поволни услови кои според едниот модел во првите 8 години државата покрива 80 проценти од трошокот за отплата на кредитот. Вториот дел каде се помага во делот на учеството каде се гарантира значително учество со поддршка на државата“, истакна Груевски.

Истакна дека за овој проект може да се користат бесплатните проекти за 6-те постоечки типски куќи, додавајќи дека запозната е постапка и за нови најмалку шест проекти. Воедно лидерот на владејачката партија потенцираше дека граѓаните може да добијат дополнителни инфрмации за проектот во некој од 33-те подрачни канцеларии ширум Македонија, како и од караванот кој ќе врши презентации за проектот.

Додаде дека досега градоначалниците дале извонредна понуда за локации за овој проект. „Од преелиминарните проверки, досега градоначаниците доставиле предлози за парцејализирање на вкупно 7.640 локации што е одлично за почеток. Оваа бројка очекувам натаму да расте, но за почеток е извонредна понуда“’, рече Груевски.

„Ако станува збор за проект од 30.000 евра за да се изгради куќа или да се купи. За 30.000 евра кредит доаѓа рата од 200 евра месечно. Првите 8 години, Владата покрива 160 евра од таа рата, а 40 евра плаќа граѓанинот. Значи 8 години само по 40 евра плаќа младиот човек кој сака преку овој проект да го реши прашањето за сопствен дом, а Владата секој месец покрива по 160 евра за ратата од 200 евра. Потоа 9-та, 10-та и 11-та година од враќањето на кредитот, 100 евра покрива Владата, 100 евра граѓанинот. Потоа по 12-тата година до 20-тата, целиот износ од месечната рата си го покрива граѓанинот. Тоа е првиот модел преку практичен пример за тоа што значат тие 80 и 50 отсто. Тоа е голема огромна поддршка за луѓето кои сакаат да дојдат до сопствен дом“, рече обрзложувајќи го проектот вицепремиерот Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии потенцираше дека по вториот модел ако кредитот е 30.000 евра, Владата веднаш дава 7.500 евра на младиот човек за да може тој да ги искористи како учество за да може да го добие станбениот кредит.

„Кога одите во банка и барате станбен кредит од 30.000 евра, банката ќе побара сопствено учество. Тоа отприлика се движи 25 отсто од висината на кредитот, значи за кредит од 30.000 евра тоа е околу 7500 евра. Тие ги дава Владата. Ако кредитот е поголем и е 50.000 евра, тоа се 12.500 евра учество, кои ги даваме 100 процентно“, порача Ставрески.

Проектот „Купи куќа за млади“ им се доближува на граѓаните низ низа активности. Отворени се 33 канцеларии ширум Македонија. Извршена е обука на луѓето што работат во канцелариите за да можат да им ги дадат информациите на сите заинтересирани. За посложени прашања и потреба од детални информации, отворено е и министерството за финансии каде има посебна канцеларија за „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

„Таму посетеноста е огромна. Можам да кажам дека над сите очекувања е интересот на младите луѓе за овој проект. Преку 80 луѓе дневно во просек, некои денови и по 100 лица дневно доаѓаат во канцеларијата во МФ. Повеќето се млади, но доаѓаат и повозрасни. Некои прашуваат за децата да се информира. Интересот е огромен и таков впечаток имам и од трибините кои ги имаме како партија ВМРО-ДПМНЕ по градовите од Република Македонија. Секаде овој проект наидува на голем интерес и многу прашања. Останува ние во следниов период да продолжиме со активностите на приближување на проектот до граѓаните бидејќи се работи за значајно прашање во животот и секој сака да биде добро информиран пред да се одлучи да го искористи овој проект да дојде до сопствен дом. Затоа почнавме и караван низ општините во Република Македонија, со цел да отидеме во секоја општина и да ги информираме граѓаните на лице место. Минатата недела бевме Гевгелија, Валандово и Дојран, на 17-ти Велес, Свети Николе и Пробиштип, 24.02 во Охрид, Струга и Ресен, на 29-ти февруари Битола и Демир Хисар, на 09.03. Тетово, Гостивар и Кичево. На 16-ти март во Куманово, Кратово, Крива Паланка, 23-ти Штип, Кочани и Делчево. На 30-ти март ќе бидеме во Кавадарци, Неготино, Демир Капија, 6-ти април Струмица и Радовиш, на 13-ти април Прилеп, Крушево, Македонски Брод и 20-ти април Берово и Дебар“, истакна Ставрески.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски најави дека за граѓаните заинтересирани за „Купи куќа за млади“, ќе бидат достапни проекти за типски куќи со површина од 50 до 200 метри квадратни.

„Распишавме ново идејно решение кое трае до 16.3 а нови шест типски проекти. Станува збор за 50,70,90,110,130 и 200 метри квадратни. Ќе имаме палета од 50 до 200 квадрати различни типски решенија. Секој ќе може да ги преземе или да дојде во Министерството и ние повторно ќе му дадеме ЦД. Јас планирам овој пат шест да одбереме типски, но ако има и други фасадни добри решенија и тие да ги направиме. На пример ако има за 50 квадрати две добри решенија, да го откупиме и второто решение, па да има избор, потенцираше Мисајловски.

Истакна дека во изминатиот период заедно со градоначалниците се работело и на уште една мерка. „Секој градоначалник упати барање до Министерството, бидејќи имаме распишано јавен повик, за изработка на детални планови, општи акти, итн. Досега над 50 општини веќе доставиле до нас барање, се видовме со секој поединечно.на 17-ти во среда е последниот рок кога секој градоначалник може да достави барање, а потоа почнуваме со евалуација и со изработка на плановите./крај/мф/бс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

РЕ-Ново

Жена лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години, добила 100.000 евра

Објавено пред

Италијанка завршила во затвор бидејќи лажирала дури 17 бремености во текот на 24 години за да добие речиси 100.000 евра породилни надоместоци.

dobivaj vesti na viber

Барбара Џоел (50) излажала дека родила пет деца и направила уште 12 спонтани абортуси, а за да успее измамата, носела перници под кошулата за да изгледа како да има труднички стомак, пренесува „Јутарњи лист“.

Го лажирала и начинот на кој оди за да изгледа како да носи дете, а со тоа акумулирала значителен број слободни денови од работа. Џоел ги отфрли сите обвинувања и продолжува да тврди дека нејзините пет деца навистина постојат и дека сите нејзини бремености, вклучително и спонтани абортуси, биле реални.

Џоел тврдеше дека го родила своето последно дете во декември, но полицајците рекоа дека ја набљудувале претходните девет месеци и дека целата бременост била лажна. Таа е обвинета и за кражба на изводи од матичната книга на родените и други документи од клиника во Рим, пренесува италијанскиот весник „Ил Матино“.

Со ваков вид измама се занимава од 2000 година и на тој начин обезбедила бенефиции од над 94.000 евра. Дејвид Пичинато, 55-годишниот партнер на Џоел, наводно ѝ кажал на полицијата сè, а за време на испрашувањето рекол дека „добро знаел“ дека таа никогаш не била бремена.

Се верува дека сведочел против Барбара за да добие помала казна, иако и самиот бил обвинет за помагање во нејзината измама.

„Направила лажни сертификати и ги донела“, наводно им рекол Пичинато на истражителите. „Тоа го знам од 2012 година, односно од почетокот на нашата врска. Џоел беше осудена на една година и шест месеци затвор, но не се појави на изрекувањето на пресудата. Нејзиниот адвокат наводно покажал две потврди, кои потврдуваат дека е болна.

Прикажи повеќе...

Економија

Еврото го слави својот 25-ти роденден: Треба да се воведе во дигиталната ера

Објавено пред

Неопходно е еврото да се внесе во дигиталната ера и да се изгради унија на пазарот на капитал и посилна банкарска унија, најавија европските лидери во пресрет на 25-годишнината на европската валута.

dobivaj vesti na viber

Еврото стапи на сила пред 25 години, на 1 јануари 1999 година, а денес е валута на дваесет земји со 350 милиони жители, од кои Хрватска стана последна членка на почетокот на оваа година.

Претседателот на Еврогрупата Пашал Донохое, претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја одбележаа таа годишнина со заедничка напис објавен на веб-страницата на ЕЦБ.

„Заедничката валута го олесни животот“
Во написот објавен вчера, тие пишуваат дека заедничката валута ѝ даде на Европската унија „едноставност, стабилност и суверенитет“ и го олесни животот на европските граѓани кои сега можат лесно да ги споредуваат цените, трговијата и патувањето.

Со текот на годините, еврото се соочуваше со големи предизвици, вклучително и прашања за неговото опстанок, пишуваат европските лидери, нагласувајќи дека „секогаш ќе се најдат вистинските одговори“, како што е усогласениот систем на супервизија на банките по големата криза во 2008 година.

„Денес поддршката за заедничката валута меѓу граѓаните на еврозоната се приближува до рекордни нивоа“, посочија тие, предупредувајќи дека работата „не е завршена“ бидејќи Европа се соочува со нови предизвици со кои поединечни држави не можат да се справат сами.

Унијата се соочува со растечки геополитички тензии, првенствено руската „илегална војна“ против Украина, забрзана климатска криза и невидени предизвици за европската конкурентност од другите делови на светот.

Затоа, прашањата како одбраната, зелената и дигиталната транзиција ќе бидат клучни во иднина. Само за декарбонизација на економиите ќе бидат потребни 620 милијарди евра годишно до 2030 година, предупредија тие.

ЕУ мора да изгради вистинска унија на пазарите на капитал за да ги „мобилизира приватните финансии“, да ја зајакне банкарската унија и да ги реформира фискалните правила. Еврото треба да влезе во „дигиталната ера“ и мора да се подготват темелите за потенцијално „дигитално евро“ кое ќе биде комплементарно на готовината.

Лидерите предупредуваат дека „со неколку земји кои моментално се во процес на пристапување во ЕУ“, алијансата мора да го задржи капацитетот да „дејствува решително“.

„Проширувањето и продлабочувањето меѓусебно не се исклучуваат. Но, проширувањето може да бара промени во организацијата на ЕУ“, се заклучува во написот.

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени 41 член од исто семејство во Газа

Објавено пред

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 41 член на исто семејство загинале во израелското бомбардирање на нивната куќа во централниот дел на градот Газа.

dobivaj vesti na viber

Министерството објави список со имињата на 41 член на семејството Малка, од кои сите загинаа во нападот што се случи во зори во населбата Зајтун во Појасот Газа, пренесува AFP.

На ова следуваа реакциите на корисниците на социјалните мрежи на веста за смртта на толку голем број членови на исто семејство, кои споделија список со имињата на загинатите, како што наведоа.

Тие ги осудија злосторствата на окупацијата со која беа истребени цели семејства и избришани од матичната евиденција, наведуваат некои од нив во своите објави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија2 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија4 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет4 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија4 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет5 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија5 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет5 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија19 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија20 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија21 час

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија22 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија23 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија24 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...