Контакт

Свет

Ердоган ги повика инвеститорите да продолжат да инвестираат во Турција

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во обраќањето во турскиот парламент, рече дека властите ќе ја задржат фискалната дисциплина и ги повика инвеститорите да продолжат да инвестираат во земјата.

Ердоган им се заблагодари на политичките партии кои ја поддржаа неговата одлука да прогласи вонредна состојба во траење од три месеца, за да се откријат приврзаниците на државниот удар.„Некои мислеа дека економијата ќе пропадне доколку биде прогласена вонредна состојба“, рече Ердоган. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Биткоинот се приближи на вредност од 52.000 долари

Објавено пред

Цената на најпопуларната светска криптовалута, биткоин, продолжи да расте и денес, откако во неделата го надмина нивото од 50.000 долари.

Биткоинот се тргуваше по 51,843 американски долари по монета утрово до 8 часот по средноевропско време, што претставува зголемување од речиси 4 проценти во однос на претходниот ден.

Виртуелната монета зајакна за вкупно 81 отсто од годинешниот минимум од 27.734 долари, забележан на 4 јануари, пренесува „Раша тудеј“.

Аналитичарите велат дека порастот над клучното психолошко ниво од 50.000 американски долари дојде откако упатените од индустријата за криптовалути сугерираа дека податоците за инвестициите на големите компании и институционалните инвеститори во набавки на биткоин би можеле да бидат јавно објавени наскоро.

Глобалната капитализација на пазарот за криптовалути денес изнесува 2,34 трилиони долари, според порталот moneycontrol.com, што претставува зголемување од 2,79 проценти на дневна основа, додека вкупниот обем на тргување падна за 6,37 проценти во последните 24 часа, на 118,20 милијарди долари.

Исто така, Ethereum денес забележа пораст на вредноста од 0,6 проценти на 3.920,56 долари.

Прикажи повеќе...

Економија

Се влошува глобалниот недостиг од компјутерски чипови – се затвораат фабрики за автомобили

Објавено пред

Глобалниот недостиг на компјутерски чипови се влошува поради што некои американски производители на автомобили привремено ги затворија фабриките, вклучувајќи ги и оние што прават популарни камиони.

„Генерал моторс“ вчера објави дека ќе го затвори производството во осум од 15 северноамерикански фабрики во следните две недели, вклучително и две што го произведуваат најпродаваниот камион на компанијата – ‘шевролет силверадо’. ‘Форд’ ќе престане да произведува камиони во фабриката во Канзас Сити во следните две недели. Смените ќе бидат скратени во уште две фабрики за камиони во Дирборн, Мичиген и Луисвил, Кентаки“ пренесува „Асошиетед прес“.

Намалувањето ќе го влоши и онака слабото снабдување со автомобили, камиони и теренци на продажните места во САД, што ќе ги доведе цените на рекордно ниво. Производителите на автомобили велат дека американските дилери имале нешто помалку од милион нови возила на нивните паркинзи во август, што е 72 процента повеќе од август 2019 година, кога имало 3,58 милиони возила.

Аналитичарите од индустријата велат дека делта-сојот на коронавирусот силно ги погодил фабриките за компјутерски компоненти во Југоисточна Азија предизвикувајќи затворање на некои фабрики. Ова го влоши недостигот на чипови што почна да се подобрува во почетокот на летото.

„Сега изгледите за продажба на нови возила продолжуваат да се влошуваат до крајот на годината, а реалноста е дека недостигот ќе продолжи до 2022 година“, вели Кевин Робертс од веб-страницата Cargurus.com.

Прикажи повеќе...

Економија

Одгледувањето корнишони нуди одлична заработка од над 1.000 евра месечно

Објавено пред

Одгледувањето корнишон во Србија е една од најпрофитабилните активности во земјоделството. Пред неколку години нивното масовно производство започна во соработка со германски компании на кои им е потребен овој производ, но го немаат.

Земјоделците треба да обезбедат само земја и вода, а сè друго зависи од подизведувачите кои обезбедуваат саден материјал, сигурна поставеност и добра цена. Светлана Новичиќ и нејзиниот сопруг го засадија овој зеленчук за прв пат оваа година, а жетвата е во полн ек.

„Ги засадивме пролетта и по неколку месеци, веќе дојде првата жетва. Она што ги разликува корнишоните е големата количина, бидејќи тие раѓаат како од вода. Може да се соберат околу 180 килограми дневно. Она што е специфично е дека треба редовно да се собираат, бидејќи ако доцнат само неколку часа, тие растат и одат во втора класа, а првата најдобро се пласира на германскиот пазар. Колку повеќе се берат, толку повеќе раѓаат“, изјавила за „Рина“ Светлана Новичиќ.

Благодарение на корнишоните, повеќе од 400 домаќинства во областа Чачак ќе остварат сигурен приход, кој изнесува неколку илјади евра. Целата работа трае околу три месеци, а Светлана очекува дека одгледувањето корнишони ќе продолжи и следната година.

„Големо олеснување е кога знаете дека сè што ќе соберете ќе продадете. Заработката е повеќе од солидна и, што е најважно, безбедна. Јас и мојот сопруг не сме вработени и ова беше една од најдобрите одлуки што ги донесовме”, вели Светлана.

Германската компанија досега набавуваше корнишони од Турција, но долгото патување и високите транспортни трошоци го преместија местото на купување во Македонија, која не може да произведе доволни количини. Затоа, производството на корнишони го организираше компанијата „Глобал систем кооператива“, која склучи договори со земјоделски производители во Србија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија7 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија8 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија10 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија11 час

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија12 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија12 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион12 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија13 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион13 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија15 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија16 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет16 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет17 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија1 ден

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет1 ден

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет1 ден

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион1 ден

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија1 ден

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие