Свет
Шелинг: Излегувањето на Грција од еврозоната е речиси неизбежно

Австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг озјави во неделата дека излегувањето на Грција од зоната на еврото (Грексит) сега изледа речиси неизбежно.
„Последиците за државите членки на еврозоната не се ни приближно лоши како што се за Грција. Јасно е дека една држава не може по било кои околности да ја уценува Европската комисија и државите на еврото“, рече Шелинг за австрискиот весник „Ди Пресе“.
Шелинг забележа дека такво нешто би било можно само доколку Атина првин побара да ја напушти Европската унија, а останатите членки се согласат со таквото барање.
Атина закажа референдум за следната недела на 5 јули, кога Грците ќе одлучат дали Грција треба да ги прифати новите, построги услови од доверителите на кои се противи грчката влада, пренесе Ројтерс. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
На полноќ во ЕУ стапува во сила забраната за увоз на руски јаглен

Земјите членки на ЕУ веќе нема да смеат да увезуваат јаглен од Русија по преодниот период, кој завршува денеска на полноќ. Ембаргото е дел од петтиот пакет-санкции, што ЕУ го договори во април и ќе стапи во сила од четврток, пренесуваат светските агенции.
Земјите на ЕУ се согласија за преоден период од 120 дена за да ѝ дадат време на индустријата да се приспособи на забраната за увоз. Во април Европската комисија објави дека ембаргото за јаглен може да ја чини Русија околу 8 милијарди евра годишно.
Ембаргото за јаглен на ЕУ беше првата енергетска санкција на Русија. Во подоцнежниот пакет, Европската Унија, како што стои во написите, го забрани увозот на руска нафта за да го зголеми притисокот врз Москва. Нафтеното ембарго треба да стапи во сила на крајот на годината, со исклучоци за неколку земји, кои се особено зависни од руската нафта. Тука спаѓа и Унгарија, на која ќе ѝ биде дозволено да продолжи да испорачува нафта преку цевководи од Русија.
Рускиот оператор на нафтоводот „Транснефт“ во вторникот објави дека е запрен транспортот на нафта од Русија за Унгарија, Чешка и за Словачка.
Економија
„Купете свеќи“- Швајцарија, една од најбогатите земји во Европа се подготвува за недостиг на струја

Граѓаните на Швајцарија треба да размислуваат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја, вели шефот на енергетскиот регулатор Вернер Лугинбил за Noe Züricher Zeitun“ .
Во Швајцарија уште од есента се подготвуваат за хаос во врска со струјата, па на граѓаните им велат дека во зима мора да очекуваат, во најлош случај, прекин на струјата, пренесува медиумот.
„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва“, изјавил Лугинбил.
Тој посочил дека политиката на предупредување на „Елком“ не се сфаќала сериозно во изминатите години.
Доколку има недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами.
Се размислува и за воведување на забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки, според тамошните медиуми.
Економија
Нов шок за пазарот на гас

Азиско-пацифичкиот пазар на гас се соочува со нов удар откога Австралија сигнализира дека може да го намали извозот на течен природен гас (ТНГ).
Овој регион се бори со ограничени резерви, високи цени и конкуренција од европските купувачи.
Австралија размислува за намалување на продажбата во странство во корист на домашната потрошувачка бидејќи проценува дека ќе има недостиг во домашната понуда в година, пренесува Си-ен-би-си.
Со глобалниот енергетски протекционизам во пораст, австралиската Комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC) минатата недела ја повика Канбера да го заштити својот домашен пазар на гас и да го ограничи извозот на TPG бидејќи предвиде дека источниот брег на земјата може да се соочи со недостиг од 56 петаџули гас во 2023 година.
Поголемиот дел од гасот што се користи на источниот брег на Австралија го произведуваат компании што се исто така извозници на ТПГ во Азиско-пацифичкиот Регион и други земји.
Иако повеќето од продажбите на ТПГ на клиенти во странство се засноваат на долгорочни договори, австралиските производители исто така го продаваат овој енергетски производ на самото место. Земјите што немаат можност да склучуваат долгорочни договори се принудени да купуваат гас на самото место, каде што цените се значително повисоки.
Австралиската асоцијација за истражување и производство на нафта, сепак, донекаде ја смири вознемиреноста на пазарите наведувајќи дека и покрај предупредувањето на ACA, земјата има повеќе од доволно гас за следната година.
Меѓутоа, доколку се активира механизмот за ограничување на извозот, новите притисоци за понудата и цената ќе ги почувствуваат најголемите клиенти на TPG во регионот, како што се Јапонија и Јужна Кореја, како и новодојдените увозници на ТПГ, како што се Филипините, велат аналитичарите.
Цените на ТПГ се зголемени речиси 80 отсто во споредба со периодот пред почетокот на војната во Украина, според индексот на цените на компаните на „Платс ЈКМ“.