Контакт

Економија

Taycan е првиот целосно електричен спортски автомобил на Porsche

Објавено пред

Иднината на електричната мобилност е уште еден чекор поблиску: сериското производство на првиот целосно електричен автомобил на Porsche ќе започне в година. Концептот Mission E сега го доби своето име и ќе биде познат како Taycan.

Името може грубо да се преведе како „жив млад коњ“, што се однесува на логото на Porsche каде што се наоѓа коњ во скок уште од 1952 година.

„Нашиот прв целосно електричен спортски автомобил е силен и сигурен; тоа е возило што може да премине долги растојанија и тоа ја олицетворува слободата“, објаснува Оливер Блуме, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG.

Taycan го означува лансирањето на првиот електричен спортски автомобил со душата на Porsche, кој јa најави својата прва електрична серија како дел од „70 години спортски автомобили“.

Двата перманентни синхрони мотора (PSM) со излезна моќност над 600 КС (440 kW) го забрзуваат електричниот спортски автомобил до 100 км/ч за помалку од 3,5 секунди, а до 200 км/ч за помалку од дванаесет секунди. Овие одлични перформанси одат во прилог на континуирано ниво на дистрибуција на моќта што произлегува од електричниот погон на Porsche. Покрај импресивните перформанси, Taycan исто така ќе поминува 500 километри со само едно полнење на батериите во согласност со NEDC.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

МЗШВ: Oстануваме силно фокусирани на производството на домашна пченица

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на манифестацијата по повод „Ден на полето“ која традиционално се одржува во село Новосељане, Кумановско. Целта на манифестацијата и годинава е промоција на земјоделското производство со користење на сертифициран семенски материјал.

Николовски истакна дека за да се поттикне употребата на сертифициран семенски материјал во производството на житни култури, во Програмата за директни плаќања за производство на домашен сертифициран семенски материјал на житни култури МЗШВ издвоило 20.000 денари по хектар за прва генерација и 15.000 денари за втора генерција.

Дополнително, земјоделците коишто употребуваат сертифициран семенски материја и имаат површини од 5 до 50 хектари ќе добиваат субвенција во висина од 14.400 денари по хектар. Употребата на сертифициран семенски материјал е и еден од начините за одржливост на производството на житни култури во услови кога климатските промени изминатите години нанесуваат сериозни штети врз земјоделското производство.

„Минатата година поради тешката жетва, МЗШВ во координација со земјоделците и мелничарите донесе сет мерки за стабилизирање на пазарот на пченица. Се воведе субвенција од 1 денар за килограм откупена домашна пченица за мелничарите, со цел да се поттикне производството, откупот на домашна пченица и договорното производство. Преку оваа мерка минатата година се откупија 59.000 тони на пченица и исплатени се 59 милиони денари или околку 1 милион евра. Навреме пред почетокот на пролетната сеидба се исплатија 5,5 милиони евра за основните субвенции по површина за поледелските култури, во кои спаѓа и пченицата. Исто така е зголемен и минимумот пријавени површини за добивање целосна сума од програмираната субвенција за полјоделски култури, вклучително и за пченицата“, истакна Николовски.

Од Министерството велат дека нивна цел е обезбедување на поволни услови за земјоделците за поекономично производство. Во таа насока, потсетуваат дека во тек е јавниот оглас за набавка на гориво за земјоделска механизација со која ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.

„Сите мерки што ги презема министерството за зголемување на производството на житни култури и намалување на увозната зависност, ќе имаат поголем ефект доколку се зголеми употребата на сертифициран семенски материјал. Како ресорно министерство остануваме силно фокусирани на окрупнување на површините, на зголемување на производството на домашна пченица со цел оваа стратешка култура да се обезбедува од домашно производство со што би се намалиле потребите од увоз на пченица од странство“, велат од МЗШВ.

Прикажи повеќе...

Економија

ПЕР 2020-2022: Приоритети се намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на фирмите и намалување на сивата економија

Објавено пред

Реформи во насока на намалување на невработеноста кај младите, подобро поврзување на домашните компании во меѓународните синџири на вредности и намалување на сивата економија, беа дискутирани на панелот на Конференцијата од високо ниво за почеток на подготовката на Програмата за економски реформи 2020-2022, која е дел од дијалогот на земјите од Западен Балкан и Турција со Европската Унија.

„Преку дискусија и дијалог со Европската комисија, утврдени се областите на кои ќе го ставиме фокусот во наредната Програма, а тоа се: намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на домашните компании во глобалните синџири на вредности и намалување на сивата економија. За првпат веќе е донесена Стратегија за формализација на неформалната економија, и веќе имаме спроведено активности предвидени со Акцискиот план 2018-2020. Преку младинската гаранција се дејствува на намалување на невработеноста кај младите“, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски.

На конференцијата се обратија и гувернерката на Народната банка и министрите кои се надлежни за секторите во кои се спроведуваат реформите од Програмата.

Во своето излагање на конференциската панел-дискусија, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се осврна на дел од заклучоците и оцените од Програмата за економски реформи, коишто се во директна или индиректна надлежност на централната банка.

„Проблемот со нефункционалните кредити кај нас е многу помалку изразен отколку во другите земји од регионот“, истакна гувернерката, посочувајќи дека е неопходно и натаму да се продолжи со активностите за намалување на нивниот обем, поради што кон крајот на минатата година беше усвоена и посебна стратегија којашто се однесува на ваквите пласмани.

Во дискусијата таа, меѓу другото, посочи дека кај нас евроизацијата постојано се намалува и дека е најниска на регионално ниво, но дека и натаму треба да се дејствува во оваа сфера.

„Очекувам дека дополнителните насоки и мерки дефинирани во Стратегијата за денаризација ќе придонесат за натамошно зголемување на употребата на домашната валута“, порача Ангеловска-Бежоска, по што се осврна и на растот на потрошувачките кредити.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се осврна на воведувањето на регистар на парафискални давачки на централно и локално ниво. Тој посочи дека Регистарот на парафискални давачки на централно и локално ниво е интегриран во Каталогот на услуги на којшто во моментов работи МИОА.

„За првпат покрај тоа што ќе ги имаме сите услуги што ги нудат институциите во Северна Македонија, ќе имаме и интегрирана дата-база на сите давачки коишто ги плаќаат граѓаните и бизнисите при добивање на услугите. Регистарот во себе содржи информации за надоместоците за услугите и административни такси. Каталогот содржи групи на податоци, односно основни информации, легислатива, услови и докази, образци, и парафискални давачки“, рече Манчевски.

Министерот за образование, Арбер Адеми, се осврна на реформите кои треба да се преземат кај наставните кадри. Тој посочи дека инвестициите во континуирана обука на наставниот кадар се база за квалитетно образование. Од друга страна, потребно е подобрување на образовните програми, како и целосна реформа во програмата на педагошките факултети. Тој посочи дека е потребно да се примени систем на напредок во кариера кај наставниците со цел валоризација на нивната работа.

Заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, во однос на младинската гаранција истакна дека во наредниот период интенција е гаранцијата да се имплементира на територија на цела држава со посебен акцент на најранливите региони на младите од Североисточен, Полошки и Југозападен Регион.

За таа цел, и врз основа на досегашното искуство од имплементација на пилот-фазата на Гаранција за млади, истакна дека Министерството за труд и социјална политика, во соработка со надлежните институции и Меѓународната организација на трудот ќе изработи нов план за Гаранција за млади за периодот 2020-2022 година.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: До 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од руралните средини

Објавено пред

На вчерашната седница на Владата беше изгласана измената на начинот за остварување на правото за користење на мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство“, која е дел од Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година.

Оваа мерка овозможува поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Конкретно, преку неа МЗШВ ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во ЕРЗС.

Измените се направени и по извршените консултации со Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери, оваа мерка ќе придонесе кон родова еднаквост и промовирање на принципот на недискриминација. Мерката ќе се реализира со измена на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија2 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија4 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија5 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија5 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија6 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија6 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија7 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет8 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа8 часа

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет9 часа

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа10 часа

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија1 ден

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија1 ден

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава1 ден

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија1 ден

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија1 ден

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет1 ден

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија1 ден

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник,...

Регион1 ден

Србија воведе доживотна затворска казна

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик, со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и...

Досие