Контакт

Економија

Трипуновски: Досега откупени 100.000 јагниња и над милијарда денари исплатени за грло овца

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска во Прилеп ќе одржи работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој ќе разговараат за актуелните состојби во делот на овчарството и откупот на јагнето.

„Досега се откупени и заклани некаде околу 100.000 јагниња. Цената по која што моментално се откупува јагнето е околу 280 денари, која што е многу повисока од минатата година. Во наредниот период ќе продолжи откупот на јагнето“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека денеска со здруженијата ќе разговара во делот на идните активности на оваа сточарска гранка.

„Согласно ветувањата дадени пред одгледувачите на овци, ги исплативме субвенциите за грло овца кои што се за 2025 година, речиси над милијарда денари. Со ова практично ја затвораме исплатата кон оваа сточарска гранка“, истакна тој.

Министерот Трипуновски нагласи дека се посветува сериозно внимание за да се раздвижи сточарството во државата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата

Објавено пред

Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Светската банка и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС (англ. Target Instant Payment Settlement) на Европската централна банка.

Ова беше посочено на средбите помеѓу гувернерот д-р Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шjиаочjинг Ју, за време на пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД.

Народната банка во моментов е фокусирана на воспоставување систем за инстант плаќања во земјава заснован на клонот на ТИПС, којшто го развива Банката на Италија за пет земји од Западен Балкан согласно одлуката на Управниот совет на ЕЦБ. За таа цел Народната банка и Светската банка потпишаа договор за техничка соработка којшто ќе обезбеди експертска поддршка во дизајнирањето и воведувањето на системот, како и за негово усогласување со современите европски практики.

Договорот го потпишаа гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани.

На средбата со високите претставници на Светската банка во Вашингтон беше нагласено значењето на партнерството во рамките на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка за Народната банка. Постојаната соработка придонесува за подобри механизми за зајакнување на финансиската стабилност, унапредување на регулативната и супервизорската рамка, развивање на макропрудентните политики, модернизација на платните системи, зајакнување на управувањето со ризиците, како и за поддршка во процесите на дигитализација, финансиска вклученост и усогласување со меѓународните стандарди и најдобрите практики.

Делегацијата на Народната банка во Вашингтон учествува и на тркалезна маса со претставниците на Светската банка, Банката на Италија и централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, на која се разгледуваат тековните активности и следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања заснован на клонот на ТИПС.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Меѓу првите три сме во Европа според примена на мерки за ценовните шокови

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија, според анализи на ММФ, е меѓу првите три држави во Европа по бројот на применети мерки за справување со ценовните шокови.

Тој посочи дека Владата во овој период најголем дел од активностите ги насочува кон надминување на ценовната криза на горивата, која има влијание врз цените на производите.

„Се наоѓаме во период на изразена глобална неизвесност. Ценовните шокови на енергенсите не се резултат на внатрешни политики, туку се последица на геополитичките случувања“, рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар.

Тој додаде дека останува во сила договорениот попуст со ОКТА до крајот на април – 2 денари по литар за бензин и 3 денари за дизел.

Според него, Македонија има најниски цени на горивата во регионот, наведувајќи споредбени податоци со други земји.

Премиерот ги отфрли критиките дека мерките доцнеле или не биле доволни, посочувајќи дека според податоците на ММФ државата е на третото место во Европа според обемот на применети мерки како процент од БДП.

Тој истакна дека инфлацијата сега изнесува 4,9 проценти и додаде дека очекува од мај „работите да доаѓаат на нивото коешто ги очекуваме“.

Мицкоски нагласи дека мерките се дел од поширок пристап за стабилизирање на економијата и дека Владата ќе продолжи да ја следи состојбата и да реагира соодветно.

Прикажи повеќе...

Економија

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 4 мај

Објавено пред

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната економска состојба и влијанието на глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар, донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, со важност до 04 мај.

Со оваа одлука се задржува намалувањето на акцизата за дизел горивото во износ од 4 денари по литар, како и намалувањето на акцизата за безоловните бензини од 95 и 98 октани во износ од 2 денари по литар. Оваа интервенција има директен фискален и пазарен ефект, којшто се рефлектира во значително намалување на малопродажните цени на горивата, со што се ублажува притисокот врз трошоците на живот и се амортизираат инфлаторните импулси.

„Со продолжувањето на оваа мерка, Владата јасно демонстрира проактивен и одговорен пристап во управувањето со кризата, при што приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и одржувањето на економската стабилност.

Дополнително, имајќи ги предвид стабилизациските ефекти од досегашните мерки и тековните движења на цените, Владата донесе одлука за измена на Одлуката за примена на повластена даночна стапка на додадена вредност. Согласно оваа измена, повластената стапка од 10% ќе продолжи да се применува за бензините, додека за останатите производи се врши враќање на редовната стапка од 18%.

Оваа мерка претставува внимателно балансиран пристап меѓу потребата за таргетирана поддршка на граѓаните и обезбедувањето на фискална одржливост, при што Владата останува целосно посветена на континуирано следење на состојбите и навремено преземање на соодветни економски политики.

Согласно нашите пресметки очекуваме Регулаторна комисија за енергетика да донесе одлука со која ќе се изврши дополнително намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за околу 1,5 денар по литар. Истовремено, останува во сила и претходно договорениот механизам со нафтените компании, согласно кој се обезбедува дополнително намалување од 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините. Со ова, се постигнува кумулативен ефект на намалување на цените, кој директно се рефлектира во намалување на трошоците за транспорт и во ублажување на инфлаторните притисоци врз економијата“, соопшти владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

„Лауреус“ во рацете на Карлос Алкараз и Арина Сабаленка

Доминацијата на тенисот во овогодинешниот избор за наградата „Лауреус“. Арина Сабаленка и Карлос Алкараз ги добија најпрестижните награди во светот...

Црна хроника2 часа

Пешакот кој беше удрен со џип кај „Зебра“ е пуштен на домашно лекување, велат од МВР

МВР соопшти детали за сообраќајната несреќа што попладнево се случи на улицата Васил Ѓоргов кај ТЦ „Зебра“, кога беше удрен...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со казахстанскиот министер за трговија и интеграции, Арман Шакалиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во официјална...

Свет3 часа

HiPP: Жртва сме на уцена

HiPP соопшти дека е жртва на уцена, откако покрена итно повлекување на свои производи откако во тегла купена во Австрија...

Спорт3 часа

Конате ќе остане во Ливерпул

Ибрахима Конате е многу блиску до продолжување на договорот со Ливерпул. Соработката на цврстиот дефанзивец со „црвените“ истекува на крајот...

Македонија3 часа

Филипче: СДСМ 35 години ja носи одговорноста за иднината на државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години...

Свет3 часа

Макрон повика на смирување меѓу САД и Иран

Францускиот претседател, Емануел Макрон ги повика САД и Иран на деескалација по зголемените тензии во Ормускиот теснец, нагласувајќи дека решението...

Свет3 часа

Трамп: Велат дека сум под притисок да постигнам договор со Иран, тоа не е вистина

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е под притисок да постигне договор со Иран и ги обвини демократите...

Свет4 часа

Ердоган најави построги закони за оружје по трагедијата во училиштата

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе ги заостри правилата за поседување оружје и ќе ги зголеми казните...