Контакт

Економија

УЈП испрати речиси 863.000 даночни пријави: Граѓаните имаат рок до 31 мај да ги проверат

Објавено пред

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека во законскиот рок 30 април 2026 година, заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто изгенерирани се вкупно 862.896 даночни пријави.

Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има обврска да ја провери и потврди годишната даночна пријава доколку податоците се точни и е опфатен целиот остварен доход за претходната година, да ја дополни со доходот кој не е опфатен или да ја коригира доколку утврди дека некој од износите не е точен.

„Во оваа насока, ги повикуваме сите граѓани, најдоцна до 31.05.2026 година, да направат увид во ДЛД-ГДП на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“ https://e-ujp.ujp.gov.mk. Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот „е-Даночни услуги“, за да може да изврши увид во својата ДЛД-ГДП, во најкраток можен рок потребно е да се регистрираат на системот„е-Даночни услуги“. https://www.youtube.com/watch?v=z8hUybb_qXM По истекот на законскиот рок за потврдување на годишните даночни пријави, пријавите кои не се потврдени/коригирани ќе се сметаат за конечни“, велат од УЈП.

Годишните даночни пријави кои се коригирани од страна на физичките лица, треба да се одобрат од страна на службено лице од Управа за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2025 година.

Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот и да ја внесат својата трансакциска сметка. Зошто е важно да ја проверите својата ДЛД-ГДП? •Според податоците од ДЛД-ГДП, Управата за јавни приходи издава уверение за остварен доход и дава податоци до други органи кои одлучуваат за права на граѓаните. Овие податоци може да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права! •Дополнително, доколку во 2025 година сте оствариле доход повисок од 2.000.000 денари по основ на изнајмување деловен простор во земјата, давање менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски услуги, давање приватни часови на ученици и студенти, од продажба на земјоделски производи или друг доход кој произлегува од континуирано вршење оданочив промет (http://www.ujp.gov.mk/e/javnost/soopstenija/pogledni/1182), треба да се регистрирате за цели на ДДВ, или Управата за јавни приходи по службена должност може да Ве регистрира како ДДВ обврзник врз основа на податоците од ДЛД-ГДП.

Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на [email protected], или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот: 02 3253 200 или на 0800 33 000 (само од фиксни оператори).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ТАВ Македонија: Рекорден 32,4% пораст на бројот на патници во првите 4 месеци – опслужени 1,2 милиони лица

Објавено пред

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828), информираат од таму.

Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома, според соопштеното, опслужиле вкупно 8.123 летови, што е, годишно зголемување од 10,7%.

„ТАВ Македонија продолжува да бележи рекордно двоцифрено зголемување на патничкиот сообраќај. Во првите четири месеци од оваа година опслуживме вкупно 1,2 милиони патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, што е висок пораст од рекордни 32,4% и ќе нè рангира меѓу најбрзо растечките аеродроми во Европа и во светот. Меѓународниот Совет на Аеродроми-Европа (Airports Council International-Europe) веќе нè рангираше меѓу најбрзо растечките аеродроми како земја која не е членка на ЕУ врз основа на јануарските бројки за авиосообраќај. Среќни сме што силниот, рекорден пораст продолжува, и покрај глобалните геополитички предизвици и енергетската криза. Ова не е случајност, туку директен резултат на нашата силна посветеност и континуирани напори, заедно со Владата, за проширување на мрежата на авиолинии од двата македонски аеродрома. Оваа година, досега, отворивме 5 нови дестинации, додека во наредниот период ќе отвориме дополнителни 7 нови дестинации, од двата аеродрома, со што годинава ќе имаме вкупно 12 нови дестинации. Со ова, очекуваме порастот на патници да продолжи до крајот на годината, создавајќи силна основа за стабилен пораст во наредните години“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што нагласи тој, покрај проширувањето на мрежата на авиолинии и порастот на воздушниот сообраќај, ТАВ Македонија ќе остане фокусирана на подобрување на квалитетот на услугите на аеродромот, обезбедувајќи одлично искуство за клиентите – и за авиокомпаниите и за патниците.

Во рамките на летниот распоред на летaње, кој почна на крајот на март и завршува на крајот на октомври, 15 авиокомпании летаат до 54 дестинации од скопскиот аеродром, вклучувајќи ги редовните летови преку целата година и сезонските летови, додека во исто време 7 авиокомпании летаат до 24 чартер дестинации, што значи вкупно 78 дестинации од аеродромот во македонскиот главен град.

По отворањето на новите авиолинии до Будимпешта и Неапол од скопскиот аеродром, во јуни и јули ќе почнат летови до Трабзон (чартер), Самсун (чартер), како и до Палермо и до Алгеро.

Од охридскиот аеродром, со летниот распоред на летање, 8 авиокомпании летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови.

По отпочнувањето на новите летови од Охрид до Братислава, Милано и Штутгарт, во јуни ќе се отворат и новите линии до Вроцлав и Катовице, а од 21 јуни, Аустриан ерлајнс има најавено дека ќе почне да лета од Охрид до Виена.

Прикажи повеќе...

Економија

Намалување на цените на горивата во Македонија, дизелот поевтинува најмногу

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,78% во однос на претходната одлука од 4.5.2026 година.

Според пресметките, на светскиот пазар има намалување на референтните цени кај повеќето деривати: бензините за 0,444%, дизелот за 6,073%, екстра лесното масло за 6,495%, додека кај мазутот има зголемување од 0,791%. Курсот на денарот во однос на доларот бележи пад од 0,1199%.

Од 12.5.2026 година од 00:01 часот, новите максимални цени ќе бидат:

ЕУРОСУПЕР БС-95: 85,00 денари/литар (без промена)
ЕУРОСУПЕР БС-98: 86,50 денари/литар (намалување за 0,50 ден/л)
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 89,50 денари/литар (намалување за 4,00 ден/л)
Екстра лесно масло ЕЛ-1: 94,00 денари/литар (намалување за 4,50 ден/л)
Мазут М-1 НС: 49,968 денари/кг (зголемување за 0,248 ден/кг)

РКЕ посочува дека најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло, додека бензините бележат минимални промени или остануваат стабилни.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на „Belgrade Energy Forum 2026“, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот, инфомрираат од ресорното министерство.

На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, министерката порача дека Македонија повеќе не е пасивен набљудувач на енергетските процеси, туку држава која активно ги креира сопствените политики и се позиционира како релевантен и стабилен партнер во регионот.

„Енергетската криза беше јасен сигнал дека енергетската безбедност и транзицијата мора да одат паралелно. Македонија суштински го редефинираше пристапот кон енергетиката – од пасивно следење на пазарот, кон активно планирање, инвестиции и развој“, истакна министерката.

Таа нагласи дека со новиот Закон за енергетика, усвоен во 2025 година, државата воведе системско планирање и предвидлива рамка за инвеститорите, со што значително се забрза инвестицискиот циклус во обновливите извори на енергија.

Потенцираше дека производството на електрична енергија од сонце е зголемено речиси 50 пати во споредба со 2016 година.

Во своето обраќање таа ги издвои и капиталните државни инвестиции преку АД ЕСМ, особено проектите за изградба на фотоволтаични централи во РЕК Битола и РЕК Осломеј, оценувајќи ги како симбол на праведната енергетска транзиција и трансформацијата на поранешните јагленски капацитети во извори на чиста енергија.

Посебен акцент беше ставен и на диверзификацијата на снабдувањето со енергенси и регионалното поврзување. Министерката посочи дека Македонија активно работи на гасното интерконективно поврзување со Грција и Србија, со што се отвора пристап до нови извори на природен гас и LNG терминали, а паралелно се зајакнуваат и електроенергетските интерконекции со соседните земји.

Говорејќи за европските политики и механизмот CBAM, министерката истакна дека државата веќе воспостави систем за Гаранции за потекло на електрична енергија, што ќе им овозможи на македонските компании поголема конкурентност и полесен пристап до европскиот пазар.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Паднала во отвор за лифт во зграда во изградба: тешко повредена 17-годишна скопјанка

17-годишно девојче паднало во отвор од лифт во зграда во изградба и тешко се повредило, соопшти полицијата. Имено, вчера во...

Економија12 минути

ТАВ Македонија: Рекорден 32,4% пораст на бројот на патници во првите 4 месеци – опслужени 1,2 милиони лица

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата...

Македонија17 минути

(Видео) Конески: СДС ги избрка младите, ВМРО-ДПМНЕ враќа надеж и перспективи

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на прес-конференција изјави дека последните настапи на СДСМ, според него,...

Економија24 минути

Намалување на цените на горивата во Македонија, дизелот поевтинува најмногу

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,78% во...

Регион26 минути

Земјотрес во Црна Гора: „Тресеше силно“

Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 11 мај 2026 година, во 11:59 часот,...

Спорт36 минути

Леон Горецка има нов клуб

Леон Горецка го напушта Баерн по осум години. 31-годишниот играч од средниот ред ја продолжува кариерата во Милан. Договорот на...

Свет43 минути

Нови санкции ја разгоруваат тензијата: Кина ги обвинува САД за еднострани и незаконски мерки

Кина остро реагираше на новите американски санкции против кинески компании, нарекувајќи ги „незаконски и еднострани“. Санкциите беа воведени од американскиот...

Свет55 минути

Финскиот претседател: САД нема да ја напуштат Европа, базите им се стратешки важни

Претседателот на Финска, Александар Стуб, процени дека Соединетите Американски Држави нема целосно да ги повлечат своите војници од Европа, бидејќи...

Забава1 час

„Светот ме натера да почекам“: Сандра Булок зборува за мајчинството и посвојувањето

Актерката, Сандра Булок, го одбележа Мајчиниот ден со ретка објава на Инстаграм, споделувајќи семејни фотографии со своите посвоени деца, синот...