Контакт

Економија

УЈП на меѓународна конференција во Охрид: Дигитализацијата и довербата се клучни за праведен даночен систем

Објавено пред

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, заедно со помошниците директори, учествуваше на меѓународната академска конференција на тема „Даночна политика, нееднаквост и неформална економија“, која во периодот од 11 до 13 септември се одржа во Охрид.

Конференцијата се реализираше во рамки на проектот „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и неформалната економија во Република Северна Македонија преку даночна регулатива“, финансиран од Владата на Република Северна Македонија.

На тркалезната маса на тема „Експертски перспективи за клучните прашања во даночната политика“ учествуваа истакнати професори и истражувачи од областа на даночното право и економските науки од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Полска, Шведска и други земји. Тие ги пренесоа реформските искуства од други јурисдикции и даночни администрации, насочени кон создавање ефикасен и праведен даночен систем.

Директорката Петрова направи краток осврт на мерките на македонската даночна администрација за зголемување на даночната усогласеност, при што заклучи дека предлозите од научните кругови се совпаѓаат со добрите практики на даночните администрации. Како значајни инструменти во оваа насока, таа ги издвои дигитализацијата на даночните процеси, електронската размена на податоци, анализата на ризик и таргетираните контроли.

Овие механизми, како што посочи, истовремено придонесуваат за намалување на административниот товар за даночните обврзници и за зголемување на ефикасноста на даночната администрација. „Дигитализацијата не треба да ја гледаме само како инструмент за контрола. Таа треба да го намалува и трошокот на усогласеноста за даночниот обврзник“, рече директорката.

Директорката Петрова исто така посочи дека со дигитализацијата Управата за јавни приходи станува „складиште“ на податоци достапни за информирање на креаторите на политиките, со цел процена на ефективноста на тековните и воведување нови даночни мерки, со крајна цел даночниот систем да биде праведен и да не генерира социјална нееднаквост.

На конференцијата беше нагласено и значењето на довербата и доброволното даночно усогласување како основа за одржлив даночен систем и фер деловно опкружување. „Доброволното почитување не може да се изгради само со контрола и санкции. Потребна е доверба дека правилата се фер, дека се применуваат еднакво и дека формалниот бизнис е заштитен од нелојалната конкуренција“, истакна Елена Петрова.

Учеството на Управата за јавни приходи на конференцијата претставуваше значаен придонес кон стручната и академската дискусија за унапредување на даночниот систем, намалување на неформалната економија и создавање услови за поголема даночна правичност и фер конкуренција.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Кејн рекордер, Англија лесно се справи со Чешка

Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во Лигата на нациите А, група 3. На Вембли, Англија ја порази...

Спорт6 часа

(Видео) Хрватска по пресврт падна пред светскиот првак – Микел Мерино го реши натпреварот

Само три дена по историскиот дебакл против Англија (7:0), Хрватска брилијантно и парираше на моќната Шпанија на преполниот „Пољуд“, но...

Спорт6 часа

(Видео) Швајцарците ги казнија сите грешки, Македонија загуби во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа и четвртиот пораз, во Групата 1, во Б дивизијата во Лигата на нации. Трагично...

Свет7 часа

Унгарија воведува данок за најбогатите

Унгарската влада предложи воведување данок на богатство за лицата чиј имот надминува една милијарда форинти, односно околу 3,08 милиони долари,...

Свет8 часа

Водоинсталатер осомничен за серија убиства на постари жени во Полска – ја стекнувал нивната доверба, па се враќал назад

Водоинсталатер на возраст од 43 години е осомничен за серија злосторства во Полска. Засега официјално се зборува за шест убиени...

Свет8 часа

(Видео) Протести во Индија, приведен лидерот на опозицијата

Индиската полиција денеска го прекина протестот на опозицијата во Њу Делхи и накратко го приведе лидерот на Конгресната партија, Рахул...

Свет8 часа

Зеленски: Русија подготвува масовен напад врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најновите разузнавачки информации укажуваат оти Русија подготвува „масовен напад“ врз Украина. „Има ажурирани разузнавачки...

Македонија8 часа

Без вода утре дел oд Карпош

Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект....

Спорт8 часа

Роналдо се враќа во португалската репрезентација

Кристијано Роналдо одлучи да се врати во португалската репрезентација. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го потврди ова со...