Контакт

Економија

УЈП: Во првата половина од 2026 година наплатени 2,27 милијарди евра даноци и придонеси, 231,8 милиони повеќе од лани

Објавено пред

Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна исклучителни 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани и претставува уште една потврда за забрзаното темпо на раст на јавните приходи, соопшти УЈП.

Во периодот јануари–јуни 2026 година, даночните приходи бележат раст од 14,9%, додека приходите од придонеси се повисоки за 7,6% во однос на истиот период во 2025 година. Особено се истакнува месец јуни, во кој е забележан значителен раст на остварените приходи од даноци од 41,6%, како и раст на приходите од социјални придонеси од 12,0% во однос на истиот месец од претходната година.

„Овие резултати претставуваат потврда за стабилната наплата на јавните приходи, зајакнатата доброволна усогласеност на даночните обврзници и позитивните економски движења. Стабилната наплата на приходите е еден од клучните предуслови за стабилни јавни финансии, навремено сервисирање на буџетските обврски и обезбедување средства за здравство, образование, социјална заштита, инфраструктура и останатите јавни услуги“, велат од УЈП.

Во првото полугодие од 2026 година по основ на данок на добивка се наплатени 224,5 милиони евра, што претставува раст од 14,5% во однос на истиот период минатата година. Наплатата бележи континуиран месечен раст кај сите компоненти на овој данок. Од УЈП велат дека особено е значајно што растот кај данокот на добивка кај годишните даночни биланси и месечните аконтации произлегува од подобрените финансиски резултати на компаниите во 2025 година, што укажува на реален раст на економската активност.

Истовремено, значителен раст е забележан и кај задржаниот данок и данокот на вкупен приход. Кумулативниот раст во апсолутен износ е речиси 17 пати поголем од растот што беше остварен во првото полугодие од 2025 година во однос на 2024 година. Ова укажува на значително забрзано темпо на раст на приходите.

Во март и април 2026 година е реализирана највисоката месечна наплата на данокот на добивка во последните пет години. Континуиран раст и кај данокот на личен доход Во првото полугодие од данокот на личен доход се наплатени 285,2 милиони евра, што е 11,7% повеќе во споредба со истиот период лани. Раст на наплатата е евидентиран секој месец, а најголемо зголемување има кај доходот од работа (особено по договори на дело и авторски права), доходот од закупнини, доходот од капитал и капитални добивки, доходот од игри на среќа, како и кај доплатите по годишниот данок на доход.

Кумулативниот раст на приходите од овој данок е речиси двојно повисок од растот што беше остварен во првото полугодие од 2025 година во однос на 2024 година. Особено се издвојува месец јуни, кога е остварен раст на наплатата од 20,8% и еден од најдобрите месечни резултати во апсолутен износ на наплата. ДДВ со силен раст и покрај намалените стапки за горивата

Во првите шест месеци од годинава по основ на ДДВ се наплатени 703,4 милиони евра, што е 16,4% повеќе во споредба со истиот период лани.

Кумулативниот раст на приходите од ДДВ е шест пати повисок од растот што беше остварен во првото полугодие од 2025 година во однос на 2024 година, што укажува на значително побрза динамика на раст. Континуиран раст е евидентиран кај бруто наплатата на ДДВ од увоз и од промет во земјата.

Особено е значајно што растот на приходите е остварен и покрај примената на намалените стапки на ДДВ за горивата во дел од годината, што значи дека позитивните резултати се должат на поширока даночна база, повисока економска активност и подобра наплата, а не на повисоко даночно оптоварување.

Стабилна наплата и кај придонесите Во периодот јануари–јуни 2026 година по основ на социјални придонеси се наплатени 1 милијарда и 57,7 милиони евра, што претставува раст од 7,6% во однос на истиот период минатата година. Реформите даваат резултати Континуираниот раст на јавните приходи не е само показател за успешна работа на даночната администрација. Тој е показател за посилна економија, поголема даночна дисциплина и доверба во институциите.

Управата за јавни приходи ќе продолжи да ги спроведува реформите што обезбедуваат фер даночен систем, модерни услуги и стабилни јавни финансии во интерес на граѓаните и стопанството.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Божиновска: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС „Црн Дрим“, д-р Гоце Божиновски, извршија увид во работењето на еден од најзначајните хидроенергетски капацитети во државата и разговараа за идните инвестициски активности и развојните планови.

Во фокусот на работната средба беа производните резултати, реализацијата на планот за производство, тековното и инвестициското одржување, како и следната фаза од ревитализацијата на хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

Особено охрабрува податокот дека „Глобочица“ веќе има реализирано околу 80 проценти од годишно планираното производство, а само во првата половина од годинава во македонскиот електроенергетски систем испорача 120 GWh електрична енергија – речиси 19 проценти повеќе од планираното.

„Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива повеќе сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем“, истакна министерката Божиновска.

На средбата беше презентирана и третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“, која започнува ова лето. Најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени токму кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“, каде се предвидени капитални зафати – замена на генератори, ротори, лежишта и блок-трансформатори, модернизација на хидромеханичката опрема и други активности што ќе ја зголемат сигурноста, ефикасноста и работниот век на постројките.

Паралелно се разработуваат и нови развојни проекти, меѓу кои „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотонапонска електрана на акумулацијата „Шпилје“, модернизација на регулациониот систем за автоматска контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, како и други проекти што ќе придонесат за зголемување на домашното производство на чиста енергија.

ХЕЦ „Глобочица“, која е пуштена во употреба во 1965 година, повеќе од шест децении претставува еден од столбовите на македонската електроенергетика. Од почетокот на работата до денес има произведено над 10.500 GWh електрична енергија, а преку досегашните ревитализации нејзината инсталирана моќност е зголемена од 34,5 на 42,5 MW.

Министерката Божиновска нагласи дека вложувањата во ваквите капацитети не се само инвестиции во инфраструктура, туку инвестиции во енергетската безбедност, економскиот развој и енергетската независност на државата.

„Хидроелектраните се нашата домашна, чиста и стратешка енергија. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција. Затоа продолжуваме со инвестиции кои ќе обезбедат овие капацитети сигурно да произведуваат и во следните децении“, порача Божиновска.

Прикажи повеќе...

Економија

УЈП: Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени над 612 милијарди денари оданочив доход

Објавено пред

Управата за јавни приходи генерираше 863.100 Годишни даночни пријави (ГДП) кои се достапни преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk. Од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот за плаќање, соопшти управата.

За таа цел, УЈП ги повикува сите физички лица кои сè уште немаат кориснички профил на е-Даночни услуги, веднаш да се регистрираат на https://e-ujp.ujp.gov.mk.

„Увидот во вашата пријава е ваше право и ваша одговорност — само преку системот можете да проверите дали имате обврска за доплата или побарување за поврат на данок. Од вкупно 704.443 ГДП пријави, 26.653 пријави се потврдени лично од даночните обврзници, а 1.145 пријави се коригирани од нивна страна, по кои корекции службени лица во УЈП тековно одлучуваат. Останатите 676.645 пријави се потврдени службено од страна на УЈП. Овој податок укажува дека значителен број граѓани не извршиле увид и не ја потврдиле лично својата пријава. Иако службеното потврдување е законски предвидена можност, тоа значи дека даночниот обврзник не ги проверил податоците и не се произнел по нив. Пријавата генерирана од УЈП се темели на податоците доставени од исплатувачите. Доколку некои приходи не се евидентирани или се евидентирани погрешно, граѓанинот може да го забележи тоа, но само ако ја прегледа пријавата“.

Непроверената и службено потврдена пријава, според УЈП, може да резултира со ненавремено откривање на грешки, неточни износи и дополнителни обврски.

„Согласно податоците структурата на вкупно доставените 704.443 Годишни даночни пријави за 2025 година на профилите на корисниците е следната: Статус на пријавата Број пријави Вкупен износ (денари) Пријави со износ за доплата 208.857 208.984.603 Пријави со побарување (повеќе платен данок) 313.519 53.910.496 Пријави без разлика (износ нула) 182.067 0 Поголемиот број пријави (313.519) покажува дека граѓаните имаат повеќе платен данок, додека 208.857 граѓани имаат обврска за доплата. Речиси 182.000 пријави покажуваат дека данокот бил пресметан и наплатен точно во текот на годината без потреба за доплата или поврат. Од обврзниците кои имаат повеќе платен данок, 617 обврзници искажале барање за враќање на повеќе платениот данок во износ од 32.397.022 денари. Вкупниот пријавен доход утврден во ГДП за 2025 година изнесува 612.866.663.282 денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход (ДЛД) изнесува 39.817.189.183 денари. За споредба, вкупно пријавениот доход утврден во ГДП за 2024 година изнесувал 538.741.195.257 денари, додека вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесувал 34.960.971.215 денари. Од тоа се согледува дека вкупниот пријавен доход во ГДП за 2025 година е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари во однос на 2024 година“, информираат од УЈП.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Оризот скапува по амбарите, Владата на Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откуп

Објавено пред

Оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

„Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп. Наместо државата да обезбеди пласман на домашното производство, илјадници тони ориз пропаѓаат, а земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат плодовите од својот труд. Дополнителен проблем е што Владата на Мицкоски сè уште не кажува каква ќе биде откупната цена за новата реколта, ниту кога ќе бидат исплатени субвенциите. Земјоделците влегуваат во нова производствена сезона без никаква сигурност и без поддршка од институциите. Во исто време, најавите за драстично ниска откупна цена не ги покриваат ниту основните трошоци за производство. Со вакви политики, оризопроизводството се турка кон целосен колапс. Огромни количини ориз остануваат изложени на пропаѓање, што претставува дополнителна економска штета за земјоделците и ризик за целиот регион“, стои во соопштението на партијата.

Опозициската партија потсетува дека оризот со децении бил препознатлив македонски производ и важен извозен потенцијал.

Од СДСМ тврдат дека откупната цена во периодот кога тие биле на власт била над 40 денари за килограм, додека сега, според нивните наводи, е пониска од 20 денари.

СДСМ бара Владата итно да обезбеди организиран откуп на преостанатите количини ориз, да ја објави откупната цена за новата реколта, да ги исплати заостанатите субвенции и да донесе мерки за поддршка на производителите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

„Буквално возев низ оган“: Драматични признанија на жители евакуирани во Шпанија поради шумски пожар

Стотици пожарникари во Шпанија сè уште се обидуваат да ги изгаснат преостанатите жаришта на југоистокот од земјата, по шумските пожари...

Забава17 минути

(Фото/Видео) Убавицата од 90-тите се омажи на 54 години: По 25 години врска, конечно кажа „да“

Чешката манекенка Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсијај конечно ја официјализираа својата врска. Ева Херцигова и Грегорио Марсијај се...

Економија25 минути

Божиновска: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС...

Забава26 минути

(Видео) Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска ги споија гласовите во првиот дует – „Луди и наивни“

Понекогаш се доволни само неколку ноти за да сфатите дека пред вас е песна што нема да остане незабележана. Токму...

Македонија29 минути

Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во Центарот за селекција во Карпош

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад,...

Забава31 минута

Снимка од позната актерка циркулира на интернет, многумина пишуваат: „Кој, по ѓаволите, е овa?“

Гостувањето на Џенифер Лоренс во подкастот „Happy Sad Confused“ повторно предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Луѓето масовно коментираат...

Македонија37 минути

(Видео) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и...

Македонија38 минути

(Видео) „За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти“, вели Димитровска

„Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави...

Европа44 минути

(Видео) Крадците од Лувр откриваат детали: „Знаевме дека мора да си заминеме за три минути“

Двајцата мажи осомничени за кражба на крунски накит во вредност од 88 милиони евра од парискиот музеј Лувр во октомври...