Контакт

Економија

Universal Minerals Limited, некогаш соработник на ФЕНИ, ја продолжува соработката со ЕуроНикел

Објавено пред

Со откупување на вкупните побарувања што меѓународната компанија Universal Minerals Limited ги имаше од „Фени индустри“ во стечај, од страна на ГСОЛ/ Еуроникел, како и тоа што „Фени индустри“ продолжи со работа и покрај тоа што е во стечај, продолжи и деловното присуство на Universal Minerals Limited во Македонија.

UM Limited, компанија регистрирана во Велика Британија, а во целосна сопственост на Universal Minerals International, Inc., што, пак, е финансиски силна американска компанија, со седиште во Тусон, Аризона, беше еден од најголемите доверители на „Фени индустри“ со побарување од 2,2 милиони евра. Оваа компанија била долгогодишен партнер на „Фени индустри“, меѓутоа како и сите други доверители, Universal Minerals Limited се соочи со ризикот да генерира значајни загуби токму поради неплатените долгови на „Фени“. Сепак, како што истакнуваат претставниците на компанијата, и покрај предрасудите што како и секоја друга засегната страна ги има кога станува збор за стечај, Џорди Енсио, претставникот на UM Limited, вели дека крајниот резултат од целокупната стечајна постапка е повеќе од задоволувачки.

„Сите имаме предрасуди кога станува збор за стечајна постапка. Меѓутоа, како меѓународна компанија презадоволни сме од начинот, постапката и ефикасноста на целата стечајна процедура и органите на стечајната постапка и, нормално, од крајниот резултат. Земајќи предвид дека како компанија доверител нашето побарување беше во целост откупено, а уште поважно е што и ‘Фени’ продолжува со работа, со тоа продолжува и нашата соработка, овој пат со ‘Еуроникел’. За нас како странска компанија е од исклучителна важност земјите во кои сме деловно присутни да имаат позитивна деловна клима, независно и ефикасно судство, ефикасна администрација, стабилна законска регулатива. Токму преку примерот на ‘Фени’ се праќа позитивна порака до странските компании дека нивните инвестиции, деловни односи со домашни компании се безбедни“, вели Џорди Енсио од Universal Minerals.

Откако „Фени индустри“ повторно произведува, Universal Minerals Limited ја продолжи својата соработка со „ГСОЛ/ Еуроникел“. Веќе е склучен нов комерцијален договор којшто се реализира и ветува успешна соработка. Во „ГСОЛ/ Еуроникел“ како нов инвеститор на „Фени индустри“, Universal Minerals Limited гледа свој стратешки партнер и инвеститор со кој заедно, повторно ќе постигнува одлични деловни резултати.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Поевтинуваат дизелот и бензините

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени во согласност со одлуката од 30.3.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48,00 денари за литар „евросупер БС-95“, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 50,00 денари за литар.

Малопродажната цена на „евродизел“ (Д-Е V) се намалува 1,00 денар за литар и ќе изнесува 45,00 денари за литар. Намалување има и кај малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 1,50 денар за литар и ќе изнесува 33,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,921 денари за килограм и ќе изнесува 17,970 денари за килограм.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 48,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 50,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 45,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 33,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 17,970 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Земјоделците ќе може да работат во атарот на своето село, другите ќе мора да вадат дозволи за движење

Објавено пред

Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата, а која стапува во сила од среда (8.4.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците дека оние што имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење,ж исклучиво заради извршување на работните активности, без да вадат дозволи за движење.

Земјоделците, пак, чии земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.

Вадењето дозволи за оние земјоделци што треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фармата, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку подрачните единици на МЗШВ. Досега издадени се 3.491 дозвола за движење земјоделци заради извршување на работните обврски.

„Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата и движењето да го користат исклучиво за работни обврски со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Шефот на британскиот телеком ја донира својата плата за здравствените работници

Објавено пред

Шефот на најголемата телекомуникациска компанија БТ рече дека ќе ја донира својата платa за здравствените работници најмалку во наредните шест месеци и дека ќе ги зголеми платите на своите работници кои го одржуваат широкопојасниот интернет во време на изолација поради пандемијата на коронавирусот.

Филип Јансен, еден од најбогатите британски директори, исто така рече дека компанијата нема да отпушти работници поради здравствената криза и ќе ги задржи истите плати најмалку три месеци.

„Ова е ситуација без преседан и сакам да им дадам сигурност на нашите луѓе во наредните месеци“, рече Јансен.

„Се наоѓаме во период кој од сите нас бара да се жртвуваме и сакам нашите луѓе да знаат дека сите заедно сме во ова“.

Јансен, кој беше позитивен на Ковид-19 на почетокот на март, заработува околу 100.000 фунти (околу 114.000 евра) месечно.

Неговото претходно ветување дека ќе ги награди работниците со акции вредни 500 милиони фунти исто така ќе биде исполнето.

Работниците, кои сега се во првите редови бидејќи работат на одржување на мрежата, од 1 јули ќе добијат годишно зголемување на платите од 1,5 процент, а менаџерите нема да добијат покачување за 2020/2021 година.

БТ, компанија основана во 1846 година, има вработено повеќе од 100.000 луѓе.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Борис Џонсон преместен на интензивна нега, му се влошила состојбата

Британскиот премиер Борис Џонсон е преместен на интензивна нега откако неговата состојба се влошила, соопшти Даунинг стрит. Тој синоќа беше...

Свет2 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија2 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија6 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет7 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија7 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ8 часа

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија9 часа

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија9 часа

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија9 часа

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион10 часа

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Македонија11 час

Препораки за трудниците за време на пандемијата со коронавирус

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако...

Македонија11 час

Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000...

Македонија12 часа

Унгарскиот шеф на дипломатијата во Македонија донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Со специјален воен каргоавион, унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, допатува во земјава директно до Унгарија со пакети помош...

Регион12 часа

Хрватска се подготвува да воведе пократка работна недела

Хрватскиот министер за труд, Јосип Аладровиќ, не ја исклучува можноста земјата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на...

Македонија12 часа

Казни за 30 лица кои за време на полицискиот час се шетале низ Скопје

Скопското обвинителство  достави до Основниот кривичен суд Скопје 28 предлози за издавање казни со кои се опфатени вкупно 30 лица,...

Свет13 часа

Тигар од зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирус

Надија, четиригодишна женка тигар од зоолошката градина во Њујорк, е позитивна на коронавирусот. Ова е првиот потврден случај на заразено...

Свет13 часа

„Не ги следев советите што им ги давав на другите“ – главната советничка за здравство во Шкотска поднесе оставка

Главниот советник за здравство на шкотската влада, Кетрин Калдервуд, поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничувања...

Македонија14 часа

Филипче: Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите

Министерот за здравство, Венко Филипче, сподели фотографии на социјалните мрежа и порача дека треба да се одговара точно  на прашањата...

Свет23 часа

Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања,  откако пред 10 дена...

Досие