Контакт

Економија

(Видео) Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

Објавено пред

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна.

Битиќи потенцираше дека има дополнителни најави за нови задолжувања и неплатени обврски кон стопанството и предупреди дека ваквата фискална траекторија, заедно со дефицит кој веќе го надминува законски утврдениот праг и достигнува околу 3,5% од БДП, како и висока реализација на дефицитот уште во првите месеци од годината, укажува на сериозни ризици за одржливоста на јавните финансии и на отсуство на јасна стратегија за стабилизирање на долгот.

„Сакам да ве потсетам дека присуството на министерот за финансии пред пратениците не е прашање на добра лична волја, туку основна демократска должност. Во изминатите денови расправавме за задолжување од 260 милиони евра и за Фискална стратегија 2027–2031, документи што ја определуваат фискалната иднина на државата, а јавноста добиваше објаснувања преку ваши Фејсбук статуси, наместо преку директна институционална одговорност овде, во Собранието.

Сакам да дадам и една вредносно-политичка оценка, на која, за жал, Владата не е сензибилизирана. Секое едно задолжување е обврска преземена во име на граѓаните, товар врз идните буџети и тест за тоа дали власта ја разбира демократијата како отчетност И кога Владата носи одлуки за стотици милиони евра, а Собранието го третира како последна станица на веќе донесени одлуки, тогаш проблемот не е само финансиски, туку и демократски.

Почитувана министерке, очекувам денес да добијам одговор од ваша страна, со кој граѓаните ќе може да ја погледнат вистината за должничката архитектура што ја гради Владата. Во таа архитектура вашата партија успеа да вгради нови 260 милиони евра. Но вашите амбиции за нови задолжувања, за жал, не завршуваат овде.

Не кажавте овде во Собранието, но на Фејсбук напишавте дека оваа година за отплата е еврообврзница од 700 милиони евра, дека половина од оваа обврска веќе е платена, а остатокот ќе биде сервисиран во јуни 2026 година. Без притоа да откриете, или пак подготвувате нов статус на Фејсбук, за тоа дали Владата во јуни подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра за остатокот од еврообврзницата и на кој начин планира да го обезбеди тој износ.

Ова најавено задолжување од ваша страна треба да се гледа во целокупниот контекст на долгот. Во декември 2023 година јавниот долг беше околу 8,5 милијарди евра. Денес, според бројките што ги дискутиравме во Собранието, долгот се движи околу 10,8 милијарди евра без новиот заем. Со заемот од 260 милиони евра, тој се приближува до 11,1 милијарди евра. Ако на тоа се додаде можната нова должничка епизода од околу 350 милиони евра во јуни, јавниот долг би се движел кон 11,4 милијарди евра. Но тука не завршува. Има информации дека Јавното претпријатие за државни патишта преговара за нови околу 300 милиони евра, паралелно се споменуваат разговори за уште една милијарда евра задолжување со „земја членка на НАТО“, а доспеаните, а неплатени обврски се движат околу 700 милиони евра кон стопанството. Дел од овие обврски можеби формално не се евидентираат како јавен долг според истата методологија, но економски тие се реален товар врз ликвидноста на компаниите, институциите и граѓаните.

Затоа пресметката што ја ставам пред јавноста и вас е следна: 10,8 милијарди евра постоечки јавен долг, плус 260 милиони евра нов заем, плус можни 350 милиони евра во јуни, плус евентуални 300 милиони евра преку ЈП за државни патишта, плус една милијарда евра преку преговори со „земја членка на НАТО“, плус околу 700 милиони евра доспеани неплатени обврски кон стопанството. Тоа е потенцијален јавен и неплатен финансиски товар од околу 13,4 милијарди евра.

Моето прашање е дали ја потврдувате или ја демантирате оваа пресметка? Кои од овие задолжувања се во подготовка?

Граѓаните имаат право да знаат дали Северна Македонија е длабоко навлезена во должничка спирала или Владата конечно има план што не се сведува на нов заем за стар проблем.

Второто прашање исто така ми е до министерката Димитриеска-Кочоска, и се однесува на дефицитот, кој ја открива вистинската состојба на јавните финансии. Јавниот долг е последицата, каматите се цената, но дефицитот е симптом што покажува дека Буџетот троши побрзо отколку што собира. А кога тој симптом се повторува од месец во месец, тогаш може да зборуваме само за веќе воспоставен начин на управување со парите на граѓаните.

Ќе потсетам, бидејќи се заборава, Законот за буџети поставува цврсто фискално правило: дефицитот на општата влада не треба да надмине 3% од БДП. Тоа правило е заштитен механизам против политичка самоволност во трошењето јавните пари. Но Буџетот за 2026 година веќе е планиран со дефицит од 3,5% од БДП. Значи, уште на стартот од годинава, Владата не се придржуваше кон ова фискалното правило, кон него се однесуваше и се однесува како препорака што може да се заобиколи кога политички ќе стане неудобна.

Проблемот е уште посериозен затоа што Фискалната стратегија 2027–2031 не ја коригира таа патека, туку ја претвора во среднорочна рамка и го нормализира дефицитот како трајна буџетска состојба.

Да ги погледнеме најновите бројки, затоа што тие се најдобриот одговор на политичките уверувања со кои се трошат парите на граѓаните. Според Фискалниот бројач на Министерството за финансии, на 26 мај 2026 година приходите изнесуваат 138,538 милијарди денари, односно 36,95% од планот, додека расходите изнесуваат 167,136 милијарди денари, односно 40,35% од планот. Капиталните расходи се 15,285 милијарди денари, односно 38,1% реализација.

Ова значи дека разликата меѓу приходите и расходите веќе изнесува 28,598 милијарди денари. Ако годишно планираниот дефицит е 39,2 милијарди денари, тогаш до 26 мај се реализирани околу 73% од планираниот годишен дефицит. До крајот на мај, Буџетот веќе потрошил речиси три четвртини од просторот за дефицит што беше планиран за целата година.

Дополнително, капиталните расходи не можат целосно да бидат алиби за овој дефицит. До 26 мај капиталните расходи се 15,285 милијарди денари, а дефицитот е 28,598 милијарди денари. Тоа значи дека веќе создадениот дефицит е за околу 13,3 милијарди денари поголем од реализираните капитални расходи. Ако Владата тврди дека дефицитот е развоен, тогаш мора да објасни зошто фискалната дупка расте многу побрзо од мерливата капитална реализација.

Дури и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, човек од истата економско-политичка провиниенција како и вас, во интервју отвори можност дефицитот да оди до 6%. Кога и од таа позиција се појавува предупредување за поголем дефицит, тогаш Владата тешко може да ја продава приказната дека фискалната состојба е стабилна и под контрола.

Затоа прашувам дали Владата планира ребаланс на Буџетот со зголемување на дефицитот? Дали ќе го пробиете веќе планираниот дефицит од 39,2 милијарди денари? Дали сценариото за дефицит до 6% е веќе разгледувано во Министерството за финансии?“, праша Битиќи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Цената на нафтата нагло падна по договорот меѓу САД и Иран

Објавено пред

Цените на нафтата денеска значително паднаа на меѓународните пазари и се спуштија под 80 долари за барел, откако САД и Иран постигнаа договор за рамката на преговорите за завршување на војната и најавија отворање на Ормутскиот Теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е финализиран меморандум за разбирање кој треба да биде потпишан во петок, по што би следувало отворање на Ормутскиот Теснец и укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Договорот го потврди и иранскиот Врховен совет за национална безбедност, кој соопшти дека по потпишувањето на документот ќе почне процесот на отворање на теснецот.

Според иранската агенција Тасним, во меморандумот е вклучен 60-дневен мораториум за наплата на надоместоци за пловилата што минуваат низ Ормутскиот Теснец. По истекот на рокот, Иран планира да наплатува поморски услуги, додека САД очекуваат теснецот да остане отворен без дополнителни давачки.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека овие прашања ќе бидат разгледувани во претстојните технички преговори.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Владата ги поддржува домашните претприемачи, индустрија и економија, вели Мицкоски

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос на тоа каква е реализацијата на кредитната линија за поддршка на домашните компании и какви се најновите податоци за прометот во индустријата, изјави:

„Што се однесува до поддршката којашто во јавноста е позната како дел од оној унгарски кредит, минатата недела беа исплатени, односно префрлени некаде околу 120 милиони денари или кога сѐ ќе се заокружи од почетокот до денеска, зборуваме за вкупна сума од 230 милиони евра. Така што ние како Влада, не само што поддржуваме и вакви претприемнички потфати, странски, директни инвестиции, ние поддржуваме и домашните претприемачи, домашната индустрија и домашната економија. Знаете дека каматната стапка на кредитот е од 1,95%, нешто кое што претставува субвенционирано од страна на Владата, со грејс период од 3 години, до 12 години рок на отплата. И на тој начин практично, ние очекуваме барем двојно повеќе таа сума да се зголеми, кога станува збор за инвестиции на домашните компании.

Тоа е практично една од причините, да се надоврзам веднаш на второто прашање, зошто имаме раст во индустријата во месец април. Се консолидиравме после оној шок во март, кога се случи војната во заливот и кога практично ескалираше најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото во овој милениум. А според сите познавачи, ова е поголема од последните 3 енергетски кризи заедно.

И веќе во април месец консолидираната индустрија бележи значаен раст, односно 7,4 или 7,5% зголемена размена споредено со истиот месец од минатата година.

Така што сето ова претставува лоша веста за оние коишто не сакаат да успее оваа земја. Коишто ги гледаме како создаваат хистерија, паника, рефлектираат невистини, креираат, импровизираат, манипулираат и така натаму. Сепак, Македонија забрзува и сепак Македонија на крај ќе победи како што многу пати победила во минатото.“

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер во Битола

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска гои означи почетокот на работата на фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола.

„На овој убав настан и би рекол на овој исклучителен повод, секогаш кога ќе се гради нешто секогаш тоа што ќе се гради има зa цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, конкретно во Битола па и во целата држава. За мене претставува задоволство и чест да бидaм тука и да бидам со тие кои што нормално го градат. Денеска имаме приватна иницијатива, која што на почетокот на оваа влада започна со процесот на реализирање на оваа инвестиција. Еве, денеска сите сме сведоци, а и слушнавте од сопственикот на овој објект дека станува збор за една ретка инвестиција, за производи коишто кај нас не така често се користат, но во светот и те како се користат во делот на спортовите на вода“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека во фабриката се вработени околу 230 луѓе и дека инвестицијата е во вкупна вредност од околу 11 милиони евра.

„Јас му честитам на сопственикот за одлуката и во оној неврзан дел од разговорот самиот призна дека минувајќи ги годините овдека во Битола како полека да се случува и кај него чувството, да се вљубува во Битола и во нашата земја, така што ние сме биле познати во историјата како добри домаќини, битолчани се познати како добри домаќини, така се надевам и во периодот кој што следи ќе продолжиме и со реализирање и на други инвестиции“, рече Мицкоски и најави дека се разговара за уште најмалку две заинтересирани инвестицииво Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт17 минути

Фудбалер на Севилја осуден на осим ипол години затвор

Фудбалерот Рафа Мир (28) е осуден на осум и пол години затвор за сексуален напад врз девојка, одлучи судот во...

Свет27 минути

Унгарскиот парламент изгласа уставни измени: Орбан повеќе не може да стане премиер

Унгарскиот парламент денеска усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, со што на...

Спорт29 минути

Дарвин Нуњез како слободен играч се враќа во Ливерпул

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез би можел да се врати во Ливерпул ова лето, што би било едно од најголемите изненадувања...

Спорт35 минути

Атаман го напушти Панатинаикос

Ергин Атаман повеќе не е тренер на Панатинаикос, официјално објави грчкиот клуб. Патанаикос и Атаман се разделија по тригодишна соработка....

Естрада42 минути

Бони Тајлер се разбуди од индуцирана кома

Велшката пејачка Бони Тајлер се разбудила од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев застој што го...

Економија1 час

Цената на нафтата нагло падна по договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска значително паднаа на меѓународните пазари и се спуштија под 80 долари за барел, откако САД и...

Забава1 час

Три хороскопски знаци до крајот на месецот ќе мора да се соочат со вистината од која бегаат

Според астролошките толкувања, до крајот на месецот три хороскопски знаци би можеле да се соочат со вистини што долго време...

Свет1 час

И САД и Иран потврдија: Бродовите повторно пловат низ Ормускиот Теснец

По објавувањето на рамковниот договор меѓу САД и Иран за завршување на конфликтот, пристигнуваат и првите знаци на смирување на...

Свет1 час

Иран бара договорот со САД да биде потврден со резолуција на Советот за безбедност на ОН

Иран ќе бара конечниот договор со САД, вклучително и делот што се однесува на нуклеарната програма, да биде поддржан со...