Контакт

Економија

(Видео) „Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг“, кажа Цветаноски

Објавено пред

„Додека народот едвај врзува крај со крај, додека цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови долгови, нови милијарди на грбот на народот. Па уште и ги лаже граѓаните, го фингира долгот заедно со Кочовска. Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше“, кажа Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМ.

„Вчера Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијади евра.

Но видовме и дека е Мицкоски несмасно се обиде да ја лаже јавноста за тоа што го фингираат јавниот долг.

Денеска ги разобличуваме сите лаги на Мицкоски.

1.Ако било задолжувањето од 1,3 милијадри евра за 2027 година, како што вели Мицкоски зошто брзала владата да одлучува 5 месеци порано?

И клучно, зошто не ја соопштија таа одлука во јавноста туку ја сокрија?

Одговорот е едноставен: пари нема. Касата е празна. Владата не може да ја затвори ниту оваа фискална година без нови долгови.

2.Изјавата на Мицкоски дека долгот од 350 милиони евра на ЈПДП не влегува во јавен долг е чиста лага, очаен обид да се спаси од одговорност за кршење закон.

Законот за јавен долг е сосема јасен: во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Мицкоски и Кочовска го фингираат јавниот долг, спротивно на законот – а за тоа следува кривична одговороност.

3.Не постои никаков рамковен заем., ЈПДП е оставено пред колапс и смислено извадено од буџетските расходи.

Откако ги потрошија милионите евра од кредитот, за да не биде блокиран од страна на доверителите за тековното работење, ЈПДП криминално доби ургентни позајмици од МНАВ, Државна Лотарија и други државни институции.

Кога беше откриен овој скандал за кој следуваат кривични пријави за над 15 лица, следуваа нови кредит од 40М евра со цел тие средства се вратат.

Тоа брзо враќање на овие средства нема да ја намали кривичната одговорност на сите инволвирани а посебно не на наредбодавецот Мицковски.

4.Кога Мицкоски ја споменува ковид пандемијата треба да знае дека граѓаните не се наивни и многу добро знаат. Додека владата на СДСМ 2 милијарди евра врати кај граѓаните за да им помогне и да ги сочува работните места а Филипче спасуваше човечки животи – Мицкоски со неговото обезбедување шеташе по теретани и кафани.

Илјадници лекари, здравствени работници 24 часа се бореа за секој човечки живот, граѓаните седеа во своите домови и ги почитуваа мерките за зашта, јавноста го гледаше Мицкоски во теретани и кафеани.

Но ова е само обид на Мицооски за дефокус – да избега од вистинската тема.

Мицкоски и неговата организирана криминална група ја носат Македонија кон 12 милијарди евра долг. Пред доаѓањето на Мицкоски се плаќале 120 милиони за камати сега 350 милони евра за камати.

Додека граѓаните стануваат посиромашни, државата станува сè позадолжена.

Тоа е економијата на Мицкоски: празни џебови за народот, празни фрижидери и 4 милијарди нов долг врз грбот на народот за само 2 години“, изјави Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМ.

Најново

Свет8 минути

Откако прими две смртоносни инјекции ги направи првите чекори: нови детали за Криста Пајк

Криста Пајк, која имаше неуспешен обид за егзекуција минатата недела во американската држава Тенеси, сега е „крената на нозе и...

Свет15 минути

Ослободени сите седуммина осомничени за подготовка на напад врз американска база во Британија

Британската полиција го ослободи со кауција и последниот, седми осомничен за подготовка на терористички напад врз американската воздухопловна база РАФ...

Спорт20 минути

Шпански медиуми: Тепачка на тренингот на Реал

Реал Мадрид повторно го тресат проблеми во соблекувалната. Шпанските медиуми пишуваат дека дури и по враќањето во клубот, Жозе Мурињо...

Економија29 минути

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски утринава ги додели првите картички за зелена нафта во Свети Николе, а...

Економија32 минути

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци...

Свет39 минути

Јужна Кореја го повлекува амбасадорот од Украина по дипломатски спор со Киев

Јужна Кореја соопшти дека го повлекува својот амбасадор од Украина, по дипломатскиот спор што избувна меѓу двете земји откако украинскиот...

Регион51 минута

Бугарија ги кани Русија и Украина на иста маса во врска со Црното Море

Бугарија предложи преговори меѓу шесте земји што граничат со Црното Море со цел да се постигне договор за мораториум на...

Македонија1 час

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул 

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9...

Македонија1 час

(Видео) Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Пратеникот и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со своите изјави за...