Контакт

Економија

(Видео) Од есен би можела да почне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, најави Мицкоски

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до јули треба да бидат завршени клучните студии за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, по што проектот ќе влезе во собраниска процедура, а првите активности на терен би можеле да започнат уште наесен.

Одговарајќи на новинарско прашање за проектите што треба да се реализираат во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Мицкоски рече дека во земјава веќе престојувале претставници на британската страна и на потенцијалниот заемодавател, а во тек е подготовката на физибилити студијата и студијата за влијанието врз животната средина.

Според него, доколку документите бидат готови во предвидениот рок и процедурите се одвиваат според планот, Владата ќе предложи закон во Собранието, по што би започнала реализацијата на проектот по принципот „жолт фидик“.

Мицкоски воедно ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека со договорот со Обединетото Кралство се предвидува прифаќање мигранти во државата.

„И нема мигранти, и нема неуспешни баратели на азил како што гледате, и повторно се потврдија невистините коишто доаѓаат од СДСМ дека се невистини, и нема да има. Сакам ова да биде јасно кажано, јасно прецизирано бидејќи требаше во април да имаме бран на такви лица – еве средина на јуни е – нема, и нема ниту да има, а ќе има брза пруга којашто ќе биде Коридорот 10 и којашто ќе ги поврзе нашата северна граница и нашата јужна граница, изјави Мицкоски.

Премиерот се осврна и на критиките од опозициската СДСМ за економските показатели, оценувајќи дека партијата манипулира со податоците за бруто домашниот производ. Повикајќи се на податоци од Меѓународниот монетарен фонд, тој рече дека номиналната вредност на БДП во изминатите две години е повисока за 560 милиони долари во споредба со растот остварен во седумгодишниот период на претходната Влада.

Според Мицкоски, оваа економска вредност е постигната со значително помало задолжување во однос на претходната власт, додавајќи дека таквите оценки се потврдени и во последниот извештај на ММФ за македонската економија.

Најново

Забава10 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава10 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија11 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт11 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија11 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт11 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт11 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт11 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....