Контакт

Економија

(Видео) „Повеќе домашно производство на електрична енергија, пониски трошоци“, вели Петкова

Објавено пред

„Енергетиката е една од најважните теми за секоја држава, но и тема која директно го засега секое семејство. Затоа определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, да го зголеми домашното производство и да создаде услови за предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите“, рече Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе почнеме со цената на електричната енергија. И покрај тврдењата на опозициската и предавничка СДС, дека струјата ќе поскапи за цели 5 проценти, реалното зголемување изнесува 2,28 проценти и е најниско во Европа.

Веќе трета година од мандатот, цената на електричната енергија за граѓаните, не само што не е поскапена, туку Владата со новиот Закон најде решение со кое се отвора можност струјата за граѓаните да поевтини и 5 до 10%.

Воедно, Владата донесе мерки за субвенционирање на електричната енергија, со цел директно да го заштити стандардот на граѓаните и да спречи ценовен шок за домаќинствата.

Но, нашата политика не се сведува само на тоа државата да интервенира кога има притисок врз цените, долгорочно решение е да произведуваме повеќе домашна електрична енергија и да ја намалиме зависноста од увоз.

Токму затоа, во април годинава домашното производство покри 88,8 проценти од вкупната потрошувачка во земјата. Тоа е значаен чекор кон нашата цел, Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија, односно на крајот од годината да произведува повеќе отколку што увезува.

Во исто време, се работи на консолидација и подобрување на работењето на ЕСМ, на зголемување на акумулациите и на максимално искористување на постојните производствени капацитети. Тоа го надополнуваме со нови инвестиции.

Потпишавме договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните-Фаза 3, што претставуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор, во вкупна вредност од 97 милиони евра.

„Битола 3“ е важен чекор кон зголемување на производството од чисти извори, додека со ревитализацијата на хидроелектраните покажуваме дека сериозно се грижиме и за постојните капацитети и нивното подобро искористување.

Паралелно со тоа започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во земјава, со 55 ветерници, кој ќе произведува електрична енергија за околу 100 илјади домаќинства, инвестиција на „Алказар Енерџи“ во вредност од пола милијарда долари.

Со потпишувањето на меморандум со „Казанџи Груп“, се отвора простор за реализација на значаен стратешки проект, вреден до една милијарда евра, инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата.

Затоа што, проектот предвидува три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електричната енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас, како и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас.

Со оваа инвестиција, се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата, а истовремено, со развојот на домашни производствени капацитети ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици.

Градиме енергетски систем кој ќе биде отпорен на кризи, флексибилен кон идните предизвици и усогласен со европските стандарди.

Кога зборуваме за енергетика, не зборуваме само за струјата што ја плаќа едно семејство денес, туку зборуваме за тоа каква држава ќе имаме утре, а целта на Владата е Македонија да биде држава која произведува, која извезува и која има сигурен и стабилен енергетски систем“, изјави Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Свет1 минута

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија8 минути

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...

Македонија14 минути

Сметот од Куманово ќе се носи во Дрисла, Димитриевски им се извини на сограѓаните

Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, откако се појави проблем...

Македонија32 минути

Кардиолог открива како неправилното чување го уништува „течното злато“

Маслиновото масло е познато по своите корисни својства и поволното влијание врз здравјето на срцето, но начинот на кој се...

Македонија36 минути

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе...

Македонија46 минути

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет9 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет10 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава11 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...