Контакт

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Храната поевтини, инфлацијата се намали

Објавено пред

„Економските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини. Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни месец изнесува 3,4%, додека споредено со мај месец годинава бележи намалување од 0,5 проценти, додека индексот на цените на мало, исто така, во однос на мај бележи намалување за 0,8%.

Тоа е што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%.

Практично, тоа што ја зголемува годишната инфлација во јуни се алкохолните пијалаци и тутунот со 9,3%, и транспортот со 6,2 проценти. Ова значи дека храната поевтини и дека основните производи за живот, граѓаните ги обезбедуваат со помалку пари.

Колку за споредба со земјите од регионот, инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, додека пак во Турција инфлацијата изнесува неверојатно високи 32,11%.

Што се однесува на инфлацијата во другите земји од регионот, тие сè уште ги немаат објавено податоците за јуни месец. Последен податок им е за месец мај, кога инфлацијата во соседно Косово изнесувала 6,8%, во Босна и Херцеговина 5,6%, Црна Гора била подобра со инфлација од 3,6 проценти и Албанија со 3%.

Од друга страна, ако ги споредиме јуни 2026 и јуни 2022 година, сега кога владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и периодот кога на власт била СДС, тогаш бројките се следни: јуни 2026 инфлацијата во Македонија е 3,4%, додека во јуни 2022 била високи двоцифрени 14,5 проценти.

Ова е резултатот кога ќе споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина и втората со нападот на САД на Иран. Соодносот на инфлацијата сега со таа тогаш во 2022 година е 1:4,26.

Овие не се само статистички податоци и бројки, туку одраз на реалната слика, која влада како се справила со енергетската, со растот на цените, со инфлацијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Спорт36 минути

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт47 минути

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт57 минути

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт1 час

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт2 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт2 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт2 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт4 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника5 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...