Контакт

Fact checking

Богоев: Бонева земала 2.000 евра на месец за патни трошоци, ВМРО-ДПМНЕ немала усул во крадењето. Тунтев, Ковачевски, Митрески и Поцков земале повеќе од 2.500 евра месечно

Објавено пред

К. Ландов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Fact checking

(Видео) Што вети, а не исполни Владата на СДСМ за една година

Објавено пред

Година на промени за просперитетна земја за сите граѓани, вака премиерот Зоран Заев со една реченица сумираше што е постигнато во изминатите 365 дена. Владата се пофали дека исполнила сè што ветила, но реалноста е поинаква. Заев на прес-конференција во средата по повод една година од Владата на СДСМ кажа што исполнија, но изостави да спомене што не исполнија, а ветија.

На предизборните митинзи СДСМ најгласно ветуваше зголемување на просечната плата на 30 000 денари и зголемување на минималната плата до 16 000 денари. Иако во владината програма која беше објавена по изборите пишува дека зголемувањето на минималната и просечната плата ќе достигнат 16, односно 30 000 денари до крајот на мандатот, на митинзите тоа не беше така прецизно кажувано и се одаваше впечаток дека СДСМ ветува дека ќе го оствари тоа веднаш откако ќе дојде на власт. Иако СДСМ ветуваше дека тоа ќе се случи во април минатата година, во септември лани минималната плата беше зголемена од 10 на 12 000 денари, а според најновите податоци од Државниот завод за статитика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 23 694 денари.

Низа протести предизвика и неисполнувањето на ветувањето за намалување на надоместокот на извршителите и за должниците кои се социјални случаи. СДСМ во 2016 година вети дека извршувањето ќе биде без наплата на извршителска тарифа за социјалните случаи. Две години подоцна Владата повторно го ветува истото. „Убеден сум дека можеме да успееме. Ако посветено работиме можеме да изнајдеме решение за вакви горливи проблеми. Но, од еден дел од своите приходи треба да се откажат и нотарите и државата“, изјави Заев на прес-конференција на 1 мај годинава.

Исто така, СДСМ вети и дека на секој граѓанин ќе му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. СДСМ оваа мерка ја ветуваше и во 2013 година. Заев во кампањата за изборите во декември 2016 година оваа мерка ја промовираше како една од најважните и ветуваше дека ќе биде донесена веднаш по денот на изборите, 11 декември. „Ако потрошите илјада денари, имате 180 денари ДДВ внатре. Ние предлагаме 15 проценти од тоа ДДВ што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја, за сè што плаќаме, 15 проценти да се врати назад кон граѓаните“, ветуваше Заев.

Актуелниот премиер на митинзите велеше дека парите ќе се вратат кај граѓаните и дека сè што било украдено од претходната власт ќе биде вратено. Тој во сите јавни настапи повторуваше дека на Триумфалната капија ќе постави бројчаник на кој како што Агенцијата за запленет имот ќе продаде имот и ќе врати пари во буџетот, така ќе заврти бројчаникот. „Сè што е украдено ќе се врати“, велеше Заев.

Тој веднаш по преземањето на премиерската функција најави и распуштање на судството и негов реизбор и формирање специјално одделение во судот за предмети на специјалното јавно обвинителство. Во јули минатата година вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, го кажа спротивното од тоа што го најави Заев. „Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии. Ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите“, рече Османи на 23 јули, 2017 година.

Во здравството, СДСМ вети бесплатно болничко лекување за сите граѓани и зголемување на капитациониот бод на матичните лекари на 90 денари. Во март годинава Владата донесе одлука за бесплатно лекување само за лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош. Капитациониот бод не е зголемен и изнесува 55 денари.

Во предизборната кампања СДСМ вети и дека ќе се посвети на целосно расветлување на кумановските настани од мај 2015 и откривање на иницијаторите и позадината на целиот случај. „Ќе побараме и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување потполна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата. Воедно ресорното министерство ќе даде целосна логистичка поддршка на обвинителсите судски инстанци во отворањето и водење постапки за предметите Сопот, Бродец, смртта на Мартин Нешкоски и на Никола Младенов и за ‘Монструм’“, пишува во владината програма. Сите наведени случаи до ден денес не се расчистени.

Заев и СДСМ ветија општество со нула корупција. „Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаме одговорност да се справиме со сериозните предизвици што корупцијата ги поставува пред нас. Корупцијата е закана за воспоставување владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“, нагласи премиерот во обраќање во декември лани.

Претходно, Заев на 1 ноември обелодени дека двајца членови на неговата Влада се под истрага за корупција, а до денес нема никакви информации до каде е истрагата, ниту, пак, се откриени имињата на двајцата функционери.

Во последниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ се наведува дека Република Македонија и понатаму не презема доволни напори за исполнување на препораките на ГРЕКО за борба против корупцијата. Во јануари минатата година „Транспаренси интернешнл – Македонија“ веќе ја извести јавноста дека државата не презема доволно активности за борба против корупцијата во согласност со овие препораки. „Денес, речиси една година подоцна, работите не се поместени од точката на која биле и тогаш“, констатираат од оваа организација во извештајот за минатата 2017 година. И извештајот на Транспарентност Македонија (ТМ) за периодот јануари – април 2018 покажа дека резултатите во трансформирањето на капацитетите на државата за борба против криминалот и корупцијата, најблаго речено, се делумни и бавни. Во извештајот се наведува и дека реформите во правосудството се запрени во коридорите на политичките и правните перипетии.

Сè уште не е донесен и новиот закон за работни односи во кој меѓу другото е предвидено договорите по 6 месеци на определено да се трансформираат на неопределено, во кој се гарантира враќање на истото работно место по породилно отсуство, како и овозможување на заедничко користење на родителско отсуство на двајцата родители за првите 1-3 месеци, односно по истекот на 3 месеци мајката или таткото го продолжува породилното отсуство.

Владата вети и изградба на студентски град во Скопје со модерни архитектонски решенија, како и фунцкионални содржини – спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри и нова студентска зграда во Автокоманда со преку 700 легла. Во владината програма е наведено и дека „Мој термин“ ќе се замени во нов систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво и ќе го намали времето за административни обврски на докторите.

Уште еден проблем кој сè уште не е решен е и снемувањето на лекови после 15. во месецот кој СДСМ вети дека ќе го реши. „Владата ќе работи на надминување на проблемот со немање лекови на рецепт после 15. во месецот. Ќе се воспостви систем кој ќе оневозможи злоупотреба на препишаните рецепти и фиктивно трошење на месечните квоти за набавка на лекови“, пишува во владината програма.

Останаа нереализирани и ветувањата за трет мобилен оператор, за изградба на регионални центри за управување со отпадот и зголемување на зелените површини во градовите. Владата вети и попис на населението, како и измени во Кривичниот закон со цел криењето на јавниот долг да стане кривично дело.

Што вети и спроведе Владата на СДСМ?

Ја укина радиодифузната такса, воведе евтина струја два часа секој ден, го укина екстерното тестирање, го реши проблемот со стечајните работници и околу 5 000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од 7 596 денари. Се изедначија условите за бизнис за домашните и странските компании. Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017 година беа зголемени за 10 милиони евра, мерката „Млад земјоделец“ беше зголемена за 4 милиони евра, за 23 пати се намали цената на државното градежно земјиште во 58 општини, беа обезбедени 135 милиони денари за поддршка за малите и средни претпријатија и за поддршка на домашни гринфилд инвестиции…

Прикажи повеќе...

Fact checking

Проверка со факти – Груевски: „Не сум комуницирал со судии“

Објавено пред

Прикажи повеќе...

Fact checking

Реконструкција на Влада до крајот на април

Објавено пред

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија10 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија10 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија11 час

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија11 час

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ11 час

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ12 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија13 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија14 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија15 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија15 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија16 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија17 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион17 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет17 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа18 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Досие