Контакт

Fact checking

(ВИДЕО) Реформите видливи само за власта, членовите на советот негираат

Објавено пред

К. Ландов

Fact checking

(Видео) Што вети, а не исполни Владата на СДСМ за една година

Објавено пред

Година на промени за просперитетна земја за сите граѓани, вака премиерот Зоран Заев со една реченица сумираше што е постигнато во изминатите 365 дена. Владата се пофали дека исполнила сè што ветила, но реалноста е поинаква. Заев на прес-конференција во средата по повод една година од Владата на СДСМ кажа што исполнија, но изостави да спомене што не исполнија, а ветија.

На предизборните митинзи СДСМ најгласно ветуваше зголемување на просечната плата на 30 000 денари и зголемување на минималната плата до 16 000 денари. Иако во владината програма која беше објавена по изборите пишува дека зголемувањето на минималната и просечната плата ќе достигнат 16, односно 30 000 денари до крајот на мандатот, на митинзите тоа не беше така прецизно кажувано и се одаваше впечаток дека СДСМ ветува дека ќе го оствари тоа веднаш откако ќе дојде на власт. Иако СДСМ ветуваше дека тоа ќе се случи во април минатата година, во септември лани минималната плата беше зголемена од 10 на 12 000 денари, а според најновите податоци од Државниот завод за статитика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 23 694 денари.

Низа протести предизвика и неисполнувањето на ветувањето за намалување на надоместокот на извршителите и за должниците кои се социјални случаи. СДСМ во 2016 година вети дека извршувањето ќе биде без наплата на извршителска тарифа за социјалните случаи. Две години подоцна Владата повторно го ветува истото. „Убеден сум дека можеме да успееме. Ако посветено работиме можеме да изнајдеме решение за вакви горливи проблеми. Но, од еден дел од своите приходи треба да се откажат и нотарите и државата“, изјави Заев на прес-конференција на 1 мај годинава.

Исто така, СДСМ вети и дека на секој граѓанин ќе му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. СДСМ оваа мерка ја ветуваше и во 2013 година. Заев во кампањата за изборите во декември 2016 година оваа мерка ја промовираше како една од најважните и ветуваше дека ќе биде донесена веднаш по денот на изборите, 11 декември. „Ако потрошите илјада денари, имате 180 денари ДДВ внатре. Ние предлагаме 15 проценти од тоа ДДВ што го има на секоја сметка, за вода, за храна, за облека, за струја, за сè што плаќаме, 15 проценти да се врати назад кон граѓаните“, ветуваше Заев.

Актуелниот премиер на митинзите велеше дека парите ќе се вратат кај граѓаните и дека сè што било украдено од претходната власт ќе биде вратено. Тој во сите јавни настапи повторуваше дека на Триумфалната капија ќе постави бројчаник на кој како што Агенцијата за запленет имот ќе продаде имот и ќе врати пари во буџетот, така ќе заврти бројчаникот. „Сè што е украдено ќе се врати“, велеше Заев.

Тој веднаш по преземањето на премиерската функција најави и распуштање на судството и негов реизбор и формирање специјално одделение во судот за предмети на специјалното јавно обвинителство. Во јули минатата година вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, го кажа спротивното од тоа што го најави Заев. „Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии. Ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите“, рече Османи на 23 јули, 2017 година.

Во здравството, СДСМ вети бесплатно болничко лекување за сите граѓани и зголемување на капитациониот бод на матичните лекари на 90 денари. Во март годинава Владата донесе одлука за бесплатно лекување само за лицата на возраст до 18 години чии семејства се корисници на социјална парична помош. Капитациониот бод не е зголемен и изнесува 55 денари.

Во предизборната кампања СДСМ вети и дека ќе се посвети на целосно расветлување на кумановските настани од мај 2015 и откривање на иницијаторите и позадината на целиот случај. „Ќе побараме и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување потполна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата. Воедно ресорното министерство ќе даде целосна логистичка поддршка на обвинителсите судски инстанци во отворањето и водење постапки за предметите Сопот, Бродец, смртта на Мартин Нешкоски и на Никола Младенов и за ‘Монструм’“, пишува во владината програма. Сите наведени случаи до ден денес не се расчистени.

Заев и СДСМ ветија општество со нула корупција. „Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаме одговорност да се справиме со сериозните предизвици што корупцијата ги поставува пред нас. Корупцијата е закана за воспоставување владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“, нагласи премиерот во обраќање во декември лани.

Претходно, Заев на 1 ноември обелодени дека двајца членови на неговата Влада се под истрага за корупција, а до денес нема никакви информации до каде е истрагата, ниту, пак, се откриени имињата на двајцата функционери.

Во последниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ се наведува дека Република Македонија и понатаму не презема доволни напори за исполнување на препораките на ГРЕКО за борба против корупцијата. Во јануари минатата година „Транспаренси интернешнл – Македонија“ веќе ја извести јавноста дека државата не презема доволно активности за борба против корупцијата во согласност со овие препораки. „Денес, речиси една година подоцна, работите не се поместени од точката на која биле и тогаш“, констатираат од оваа организација во извештајот за минатата 2017 година. И извештајот на Транспарентност Македонија (ТМ) за периодот јануари – април 2018 покажа дека резултатите во трансформирањето на капацитетите на државата за борба против криминалот и корупцијата, најблаго речено, се делумни и бавни. Во извештајот се наведува и дека реформите во правосудството се запрени во коридорите на политичките и правните перипетии.

Сè уште не е донесен и новиот закон за работни односи во кој меѓу другото е предвидено договорите по 6 месеци на определено да се трансформираат на неопределено, во кој се гарантира враќање на истото работно место по породилно отсуство, како и овозможување на заедничко користење на родителско отсуство на двајцата родители за првите 1-3 месеци, односно по истекот на 3 месеци мајката или таткото го продолжува породилното отсуство.

Владата вети и изградба на студентски град во Скопје со модерни архитектонски решенија, како и фунцкионални содржини – спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри и нова студентска зграда во Автокоманда со преку 700 легла. Во владината програма е наведено и дека „Мој термин“ ќе се замени во нов систем кој ќе гарантира брза и квалитетна здравствена заштита на секое ниво и ќе го намали времето за административни обврски на докторите.

Уште еден проблем кој сè уште не е решен е и снемувањето на лекови после 15. во месецот кој СДСМ вети дека ќе го реши. „Владата ќе работи на надминување на проблемот со немање лекови на рецепт после 15. во месецот. Ќе се воспостви систем кој ќе оневозможи злоупотреба на препишаните рецепти и фиктивно трошење на месечните квоти за набавка на лекови“, пишува во владината програма.

Останаа нереализирани и ветувањата за трет мобилен оператор, за изградба на регионални центри за управување со отпадот и зголемување на зелените површини во градовите. Владата вети и попис на населението, како и измени во Кривичниот закон со цел криењето на јавниот долг да стане кривично дело.

Што вети и спроведе Владата на СДСМ?

Ја укина радиодифузната такса, воведе евтина струја два часа секој ден, го укина екстерното тестирање, го реши проблемот со стечајните работници и околу 5 000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од 7 596 денари. Се изедначија условите за бизнис за домашните и странските компании. Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017 година беа зголемени за 10 милиони евра, мерката „Млад земјоделец“ беше зголемена за 4 милиони евра, за 23 пати се намали цената на државното градежно земјиште во 58 општини, беа обезбедени 135 милиони денари за поддршка за малите и средни претпријатија и за поддршка на домашни гринфилд инвестиции…

Прикажи повеќе...

Fact checking

Проверка со факти – Груевски: „Не сум комуницирал со судии“

Објавено пред

Прикажи повеќе...

Fact checking

Реконструкција на Влада до крајот на април

Објавено пред

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Иванов одбегнува да ги покаже службените трошоци пред јавноста, велат од Владата

И понатаму нема одговор од претседателот, Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог да ја прифати Алатката за транспарентно,...

Свет36 минути

Се уништуваат четири локации за нуклеарни тестирања во Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е започнато уништувањето на четири големи локации за вршење нуклеарни тестирања во Северна Кореја....

Свет40 минути

Се подготвува терен за средбата Путин – Трамп

Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин. За таа цел...

Македонија17 часа

(Видео) „Импичмент“ на Иванов за спас на договорот

Ќе помине ли Договорот со Грција без потпис од претседателот Иванов? Слично како и со законот за употреба на јазиците,...

Македонија18 часа

Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор со Грција...

Македонија19 часа

Ексградоначалници направиле милионски сметки за ручеци и забави во ресторани

Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане ја задолжиле Општината со милионска сума за ручеци и забави во неколку угостителски објекти....

Македонија22 часа

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на Охридскиот Регион

По повод Денот на Охридското Езеро еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија22 часа

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести23 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет23 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа24 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија1 ден

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ2 дена

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија2 дена

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија2 дена

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија2 дена

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија2 дена

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија2 дена

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Досие