Контакт

Македонија

Екс-министерот Маневски оценува дека има голем напредок во судството – Оценката на Брисел е поинаква (ВИДЕО)

Објавено пред

Македонија

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата – „Наместо нови инвестиции исплаќаме долгови“

Објавено пред

Здружението на Директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива од државата.

Тие денеска се сретнаа со министерот за образование и наука Арбен Адеми и заменик министерот Петар Атанасов при што разговараа за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата кои ги уплатува државата.

„За 16 години партиципацијата од министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10 отсто. Оваа сума ни одблиску не ги покрива трошоците околу сместувањето на учениците/студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и 8 студентски домови“, велат од здружението.

Дополнително Здружението на Директори на ученичките и студентските домови бара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година.

Здружението на директори на ученичките и студентските домови велат дека работат на подобрување на условите во домовите. Тие оценуваат дека затекнатите состојби сепак се на незадоволително ниво па наместо за нови инвестиции се исплаќаат долгови.

„Наша цел е учениците и студентите да имаат соодветни услови за стекнување на своето образование. Здружението на директори на ученичките и студентските домови секојдневно работи за остварување на тоа“, додава здружението.

На средбата присуствуваа и претставници од кабинетите на премиерот, министерството за финансии и министерството за информатичко општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новата пратеничка група: Гневот поради еден случај да не се исфрла врз други

Објавено пред

Гневот поради еден случај не смее да се исфрла врз други, реагира преку соопштение новата независна пратеничка група во врска со притворите што беа изречени деновиве.

„Процесот на помирување кој го започнавме е чекор што не е едноставен ниту лесен, но потребен за општеството и намалување на тензијата и поделеноста меѓу луѓето. Институциите треба да бидат одговорни кон овој сензитивен процес. Телото што го формиравме треба да донесе еден нов период, посмирен, конструктивен и насочен кон реформи за подобро утре во Македонија“, наведуваат пратениците во реакцијата.

Тие се децидни дека СДСМ во опозиција гласно го бранел ставот дека притворот не треба да биде казнена мерка. Изјавите на некои функционери, вели пратеничката група, се непринципиелни и не се во насока на подадената рака за започнување на овој процес за смирување за кој се заложи и премиерот и пратениците.

„Секако од круцијална важност е и амбиентот во општеството што се создаде по изречените притвори последниве денови. Сепак, поведението на секој кој е дел од некој процес е индивидуално и така и треба да се мери“, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Борисов: Бугарскиот пасош на Груевски е лажна вест

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски ниту побарал, ниту, пак, бугарската страна му издала пасош, изјави бугарскиот премиер, Бојко Борисов, за време на заедничката прес-конференција со претседателот на македонската Влада, Зоран Заев.

„Тоа е 100 проценти лажна вест“, рече Борисов, коментирајќи ги информациите што завчера излегоа во дел од медиумите дека Груевски со бугарски пасош побегнал во Унгарија.

Претседателот на бугарската влада во својата изјава ја нагласи зголемената соработка помеѓу двете земји, перспективите за нејзино продлабочување и го нагласи поврзувањето на двете земји во повеќе области, како што се културата, образованието и економијата, како исклучително значајно.

Од своја страна, македонскиот премиер Зоран Заев рече дека имаат блиска пријателска средба со Борисов и двете земји се пример за новата реалност на Балканот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата – „Наместо нови инвестиции исплаќаме долгови“

Здружението на Директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија1 час

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија1 час

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија2 часа

Кабинетот на Иванов: Јанакиески се сретна со претседателот, но не бараше амнестија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, завчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, но не зборуваа за амнестија,...

Македонија2 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија4 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија4 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија4 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија4 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија4 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток5 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток5 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија6 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа7 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија8 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија8 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија19 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија22 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија23 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија24 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Досие