Контакт

Daily news

Членовите на АЕК и годинава ќе трошат по 600 евра дневно за службени патувања и патни трошоци

Објавено пред

Агенијата за електронски комуникации (АЕК) годинава ќе потроши 5 милиони денари повеќе за плати на членовите во споредба со минатата година, а бројот на вработени ќе остане ист како лани. Ова беше соопштено на промоцијата на „Петтиот мониторинг-извештај за работата на АЕК и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ)“, кој се однесува на последниот квартал од лани (октомври-декември).

dobivaj vesti na viber

„Вкупните расходи предвидени на Агенцијата за 2018 година изнесуваат исто колку и предвидените приходи (475.555.000 денари), од кои околу 85 отсто се предвидени за четири расходни ставки: капитални средства, плати, опрема и интелектуални и други услуги. Втора најголема ставка во планираниот буџет се пресметаните плати во износ од 136.000 000 денари, односно 32,8 отсто од вкупниот буџет. Оваа ставка е зголемена 5 милиони денари во споредба со минатата година“, пишува во извештајот.

Фотографија од настанот

Една од најголемите ставки е интелектуални и други услуги (34.889.500 денари), односно нешто повеќе од 7 отсто од целиот буџет предвиден за 2018 година. Најголем дел од оваа ставка е предвиден за консултантски услуги по што следуваат услугите за обезбедување имот и лица. Трет трошок според големината во оваа ставка се договорните услуги за членовите на Комисијата, во висина од 5.600.000 денари. Доколку се направи пресметка и оваа сума се подели со бројот за АВМУ и за АЕК на членовите на Комисијата (пет), се добива сума од 1.120.000 денари (на годишно ниво) или 93.333 денари (на месечно ниво), кои се предвидени како месечен бруто-хонорар за секој член на Комисијата. И во 2017 година беше предвидена идентична сума за хонорари на членовите на Комисијата на АЕК.

Според Законот за електронските комуникации, членовите на Комисијата не се вработени во АЕК, а според Законот тие имаат право на месечен надомест во висина од четири просечни плати. Уште една голема ставка се дневниците за службено патување и патни трошоци за кои во 2018 година се предвидени 8.850.000 денари, исто како и во 2017 година. „И во првиот квартален извештај, во кој го разработувавме буџетот за 2017 година, посочивме дека доколку се направи пресметка според која во 2018 година е предвидено да има 235 работни дена, тогаш секој работен ден во текот на годината Агенцијата ќе троши просечно 37.660 денари или нешто повеќе од 600 евра дневно за службени патувања и патни трошоци“, пишува во извештајот.

Во споредба со претходните години, во буџетот за 2018 година може да се забележи една голема разлика, а тоа е дека во ставката помош, донации и други давачки не се предвидени никакви средства.  Презентацијата на извештајот за мониторингот на АЕК и АВМУ ја организираа „Евротинк – Центар за европски стратегии“, НВО „Инфоцентар“, „Транспарентност Македонија“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

В. М.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)

Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј...

Регион4 часа

Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан.  Семејството, колегите, но и бројни пријатели и...

Топ5 часа

Го убиле соседот кој претходно ги пречекал во Кочани и со кој заедно пиеле

ОВР Кочани поднесе кривична пријава до ОЈО Кочани против Ѓ.Б. (32) и Љ.С. (48), двајцата од Кочани поради основи на...

Македонија7 часа

Гужва на „Богородица“ продолжениот викенд направи долги колони за влез во Грција

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на останатите...

Топ8 часа

Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје

Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје...

Свет9 часа

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната...

Македонија10 часа

Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека вчера во кратовско Таласманци, од страна на Шумската полиција запрено е...

Македонија10 часа

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на седум места

Во текот на изминатиот ден имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се седум, под контрола се...

Македонија11 часа

Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

Владата соопшти дека преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот на издавање на пасоши и други лични...

Свет12 часа

Оружје и опрема вредни 250 милиони долари ќе добие Украина од САД

САД најавија обезбедување на нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари. Помошта...

Македонија23 часа

Муцунски во Будимпешта се заблагодари за заемот и големата помош за справувањето со пожарите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на својот колега Петер Сијарто, денес престојуваше во работна...

Македонија1 ден

Дваесет и пет нови случаи на голема кашлица, петмина хоспитализирани

Во периодот од 30.8 до 5.9.2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, за 47,1 % повеќе во...

Македонија1 ден

(Видео) „Браќата на Филипче и Заев преку брза шема стануваат сопственици на ‘Фос имерас’ – соларна електрана“, вели Митева

„Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија. Покрај тоа што Венко Филипче...

Македонија1 ден

ИЈЗ потврди морбили кај 12-годишно дете: се работи за увезен случај од Србија

Институтот за јавно здравје потврди нов, втор случај годинава, на морбили кај дванаесетгодишно дете од Долно Коњари, општина Петровец. Детето...

Топ1 ден

Скопјанка и нејзиното бебе нападнати од куче скитник, пријавени уште два случаја на каснување

Во текот на вчерашниот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во градот. На 5.9.2024, во...

Топ1 ден

14-годишник со уште две деца го запалил Расадник во Кисела Вода

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, предвидено и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде што завршуваат парите од семејните шеми

Започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија. Денес ќе дознае јавноста,...

Топ1 ден

Скопјанец се обидел да силува жена во Кисела Вода, ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил...

Македонија1 ден

Филипче мора да одговори зошто ја скрил фирмата во Петрич од анкетниот лист, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Адресата во Петрич, Бугарија која пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче сакал да ја сокрие, очигледно е местото од...

Македонија1 ден

Владата: Инвестиравме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Владата објави јавен повик на кои општините може да аплицираат за инфраструктурни капитални проекти. Ова е историски највисок инвестициски циклус...