Контакт

Featured

Аналитичарите во Будимпешта за Макфакс: Поголема соработка меѓу власта и граѓанското општество за враќање кон европската агенда

Објавено пред

Македонија е сé уште на агендата на Европската унија, но како што Унијата треба да ги исполни своите обврски кон земјата, истото треба да биде направено и од страна на Македонија а првиот чекор кон ова е одржувањето на кредибилни избори во декември, коментираат за Макфакс политичките аналитичари од Брисел. Една од најважните работи е соработката помеѓу владата и граѓанското општество, нешто што во моментов е на многу ниско ниво и поради што постојат големи последици во однос на македонските евроинтеграции.

dobivaj vesti na viber

Од Будимпешта, Бојан Стојковски

„Уште постои недоверба меѓу владата и граѓанското општество, тоа не е таму за да ги замени властите туку за да ги набљудува и да ја подобри нивната работа, ова особено можеше да се забележи во јули за подготовката на изборите коишто требаше да се случат тогаш. Она што треба да се направи е секако имплементација на европското законодавство, бидејќи таму постојат доста одредби околу состојбата на граѓанското општество“, вели за Макфакс Нуно Лореиро, политички аналитичар, учесник во дебатата на ОБСЕ и Советот на Европа која деновиве се одржува во Будимпешта.

Според Лореиро, иако европскиот проект во моментот минува низ најголемите потешкотии од своето основање па сé досега, интеграцијата во Унијата е единствената алтернатива за западен Балкан.

„Јас сум голем поддржувач на европскиот проект, можеби не начин на којшто тоа се спроведува во моментов, односно преку централизацијата на Унијата, но, сепак, преку спроведувањето на најдобрите практики коишто можат да се применат за процесот на демократизацијата на западен Балкан. Верувам дека западен Балкан ќе стане дел од ЕУ еден ден, поради тоа што ова е чувството во Брисел, повеќето политичари таму се отворени кој приемот на овие земји и верувам дека тој процес ќе се случи, но ќе оди бавно. Пред сé, станува збор за за политички процес, постојат одредени обврски што морат да бидат направени од страна на Македонија но и од страна на ЕУ“, додава Лореиро.

Учеството на младите во политичките процеси според Лореиро е уште еден проблем во земјата и на кој треба да му се посвети огромно внимание.

„Кога се работи за учеството на младите во политичките процеси, особено во поглед на изборите, сметаме дека тоа не е на задоволително ниво, односно не постои позитивна дискриминација за младите да се вклучат во овие процеси и се уште постои она чувство дека постарите генерации треба да ги водат овие работи а дека младите не треба да се занимават со тоа бидејќи е сериозно. Ова е проблем не само во Македонија туку и во останатите земји од регионот, но и во земјите од источна Европа“, заклучува португалскиот експерт.

Дискриминацијата и нетолеранцијата се исто така дел од проблемите кои постојат кај земјите кандидати, а токму овие прашања се главните теми на кои повеќе европски и светски претставници дискутираат конференцијата во Будимпешта, во организација на ОБСЕ и Советот на Европа./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Featured

(Видео) Костовски: Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Мицкоски мора да биде расчистен

Објавено пред

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен, изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Рече дека најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинската насока.

Но, надлежните институции, вели Костовски, имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

„МВР мора да одговори на прашањето за улогата на Мицкоски? Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување. Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата. Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин. Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога. Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?“, праша Костовски.

Овој случај, како што додаде, мора целосно да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Прикажи повеќе...

Featured

(Видео) Груевски: Ретко се гледам со Мицкоски

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски по судското рочиште за предметот на СЈО, „Насилство во Центар“, на новинарско прашање одговори дека со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ретко се гледа и дека тој самостојно ја води партијата.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е ново раководство, си имаат свои приоритети. На почетокот се на својот мандат и треба да им се остави време за да се докажат со работењето, да ги покажат своите идеи“, изјави Груевски пред судот.

Прикажи повеќе...

Featured

Заев: Во борбата на нотарите и адвокатите за подобра заработка забораваат дека сите им служиме на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го повлече најавениот предлог-закон за нотаријат бидејќи адвокатите бараа повлекување или најавија штрајк, тој одговори дека правото на штрајк на адвокатите не им бега.

dobivaj vesti na viber

„Ред е првин да разговараме, а по тоа, правото на штрајк не им бега. Јас денеска закажав состанок со министерот за правда и заменик-министерот за правда, мојот советник за правни работи, но и претседателот на Комората за нотаријат на нотарите, претседателот на Комората на адвокатите и претставникот на Стопанската комора, која работи на оваа проблематика. Верувам дека денеска ќе најдеме решение што ќе биде прифатливо за двете страни, а во функција на закон што, пред сè, ќе им служи на граѓаните. Во борбата кој ќе добие повеќе можности да заработи се забораваат дека сите им служиме на граѓаните преку пренесени овластувања, пред сè, нотарите, но секако и адвокатите. Наша конечна цел како Влада е да ги намалиме трошоците на граѓаните во која било постапка“, рече премиерот.

Тој се надева дека ќе имаат разбирање од претставниците на двете комори и на Стопанската комора на Македонија да изнајдеме правично решение и секој да добие фер шанса во согласност со Уставот и законите да заработува од Република Македонија, но и граѓаните да добијат пониски сметки при нивните правно-формални постапки што ги водат пред институциите.

„Законот, секако, ќе претрпи промени. Тоа што можам од почеток да го кажам е дека во еден дел сигурно се во право адвокатите, а во друг дел сигурно се во право и нотарите. Верувам дека има и меѓународни пракси, ние не го измисливме ова, ќе ги примениме сите меѓународно добри, признати примери и она што е пракса во Република Македонија, сослушувајќи ги аргументите на двете страни, на крајот да се донесе правично законско решение за заинтересираните страни. Но, како што реков, во функција на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 час

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија3 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ4 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија4 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија4 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија7 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет7 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет7 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија7 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион8 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет8 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет8 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија23 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија24 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...