Контакт

Фени

Патот на „Фени“ од металуршки гигант до стечај

Објавено пред


Производството во „Фени“ престана минатата година во септември кога единствената производна линија што работеше беше ставена на минимум колку да се одржува топла, а 850-те вработени сè уште се во неизвесност. „Макфакс“ во многу наврати пишуваше за случувањата во „Фени“. Од септември минатата година масовно почнавме да добиваме информации од вработените дека компанијата е пред банкрот, а сопствениците заговараат продажба на бугарски „Енекод“, кој треба само да послужи како параван за елегантен излез на дотогашните сопственици, без да понесат никаква одговорност за пропаста на фабриката. Ваквите тврдења вработените вчера ги поткрепија и со аудиоснимка, на која претседателот на Синдикатот сè уште лобира за бугарската фирма.

За „Фени“ е познато дека се приватизира во 2000 година од страна на француската компанија СЦММ, која во 2005 година ја продава на новите сопственици ИМР и БСГР, кои имаат еднакви удели во сопственоста на „Фени“. Токму во периодот од 2005 до 2015 година „Фени“ го доживува својот најголем раст и развој, а производството прогресира од дотогашните 5.000 до 20.000 тони никел годишно. Во тој период фабриката станува најголем извозник во Македонија, секогаш на врвот на најуспешните компании, најдобар работодавец со плати повисоки и до 40 отсто од просечните во Македонија, прва компанија со еколошка дозвола, компанија со признание од УЈП како даночен обврзик, признанија од Царинската управа, како и многубројни награди за општествена одговорност и сертификати за стандардизација.

Во меѓувреме компанијата се шири и на меѓународно ниво, во 2007 година ја купува и фабриката за никел во Косово, со што официјално се формира Групацијата „Кунико рисорсис“, а земајќи ги предвид ограничените количини руда во Македонија и регионот, групацијата купува и два рудника во Гватемала како гарант за обезбедување на иднината на долг рок.

 

Миракхмедов од менаџер на магацин назначен за генерален директор

Во 2015 година, која е и кризна година за пазарот на никел, акционерите ИМР и БСГР не наоѓајќи заеднички јазик за иднината на компанијата, на која ѝ треба финансиска помош, несогласувањето го решаваат по судски пат во Холандија, каде што е регистрирана Групацијата „Кунико“. Судот одлучува во корист на ИМР (International Mineral Resources), која тогаш понудува 66,5 милиони долари за 90 отсто сопственост на Групацијата „Кунико“. По преземањето, ИМР на функцијата генерален директор го поставува Јусуф Миракхмедов, кој дотогаш бил менаџер на магацин во „Фени“, без претходно извршно раководно искуство во која било индустрија, но кој е во роднински релации со Абдулмалик Миракхмедов, кој високо котира во редовите на ИМР на меѓународно ниво, а тесно поврзан со офшор-компании на Маршалските Острови, Панама, Девствените Острови и уште многу други. Вработените велат дека несериозниот пристап кон „Фени“ го препознале уште со самото поставување на Јусуф Миракхмедов на чело на компанијата.

Во периодот од 2005 до 2015 година „Фени“ го доживува својот најголем раст и развој, а производството прогресира од дотогашните 5.000 до 20.000 тони никел годишно

Во следните две години, по преземањето на „Фени“ од страна на казашкиот ИМР, а под водство на Јусуф Миракхмедов, вработените велат дека во компанијата не се вложени ниту долар од заложените 66,5 милиони долари. Напротив, се исцрпувале сите резерви на руда, репроматеријали и резервни делови што зад себе ги остава претходното раководство, а сите долгови што компанијата ги трупала  во овој период со притисоци се префрлани за 2017 година за што постојат и писмени договори кога истекува важноста на гаранцијата од 66,5 милиони долари. Од таму потекнува и толеранцијата на банките кредитори на „Фени“, од каде што тврдат дека воопшто не биле информирани дека оваа сума има рок на важност и кога кон средината на 2017 година побаруваат да ги наплатат натрупаните и задоцнети долгови, откриваат дека средствата се повлечени од сметката по истекот на рокот кој бил до крајот на 2016 година.

Синдикатот не реагирал кога се раскрчмувал имотот на „Фени“

Дополнително, во 2017 година „Кунико“ противзаконски, без знаење на банките и без да пријави во македонските институции, издава залог врз акциите на „Фени“ за износ од 35 милиони долари од меѓународниот конгломерат „Трафигура“, средства што воопшто не стигнуваат на сметките на „Фени“, а за што на брифинг информираа банките и институциите. Истата година фирмата „Нова логистик“, која била основана од „Фени“ со цел да заштеди на транспортни трошоци кон фирми посредници, станува сопственост на Надица Атанасова-Кабранова, тогашната менаџерка и блиска соработничка на Миракхмедов. Ваквиот пренос на сопственост поминува без реакција на Синдикатот и претседателот Палитов, а реакција изостанува и кога дробилка за петролкокс, вредна речиси 3 милиони долари, „Фени“ ја префрла во сопственост на „Нова логистик“ и таа се изнесува од кругот на „Фени“ на други локации во Кавадарци за што вработените информираа во октомври минатата година.

Во периодот кога „Нова логистик“ не ги исплаќала транспортерите од сметката се ваделе пари за други намени: документот што ни го покажаа вработени во „Фени“

Во моментот „Нова логистик“ има милионски долгови кон кавадаречките транспортери, кои во заговор со Палитов се закануваат дека ќе го блокираат евентуалното рестартирање на „Фени“ доколку претходно не им се исплатат долговите. Сопственичката Атанасова-Кабранова и покрај тоа што компанијата се давела во долгови и не ги исплаќала транспортерите, вработените за „Макфакс“ покажаа документи дека си исплаќала на свое лично име износи од 60.000 евра на име материјален трошок, износи од 10.000 евра на својот сопруг за кирија, плаќала 100.000 евра за адвокатски услуги на адвокат што истовремено го застапувал и „Фени“ и приватната компанија „Нова логистик“.

Од овие причини „Нова логистик“ е предмет на кривична истрага на УЈП и Финансиската полиција за што информира и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, а тужба врз основа на злосторничко здружување против Атанасова-Кабранова и директорот Миракхмедов, како и против Амир Абед и Џереми Неадс, кои се обвинети за потпомагање кривични дејства, поднесе и малцинскиот акционер на „Кунико“, БСГР.

На телефонот на „Нова логитик“ никој не одговара за да даде објаснување за неисплатените долгови кон транспортерите.

Откако се разоткриваат намерите на „Кунико“ да ја напуштат државата без притоа да сносат одговорност за состојбата на фабриката, со наводна продажба на бугарски „Енекод“, чиј финансиски извештај покажува дека станува збор за компанија која, според банките, е далеку под секаква можност да преземе компанија со 60 милиони евра долг, што отвора можност кредиторите да ги активираат своите хипотеки, банките откриваат дека залогот во руда и во никел воопшто веќе не постои во фабриката. За да спречат побарувања на банките кредитори преку ликвидација, „Кунико“ го отуѓува и најголемиот рудник што го поседува – „Мајаникел“, а како што откриваат нашите извори, тој преминува во рацете на компанија што е во скриена сопственост на истите казашки сопственици.

Во „Фени“ нема производство од септември минатата година, паркингот на фабиката е празен

Она на што веројатно не сметале казашките газди, како што велат нашите извори,  е дека „Фени“ е премногу голем и важен субјект за македонската економија за да се дозволи негово затворање. Само неисплаќање на долговите кон банките во износ од 40 милиони евра би резултирало во дестабилизација на банкарскиот сектор, кој нашите извори тврдат дека во најмала рака може да предизвика поскапување на кредитите, односно зголемување на каматните стапки, а со тоа ќе ја разниша целокупната економија. Откако институциите започнаа детаљно да го проверуваат работењето на „Фени“ во потрага по причините што доведоа до негов стечај, поведени се многубројни кривични постапки и истраги против раководството и откриени се измами од милионски размери преку отпишување долгови, продажба на заложени материјали, двојни залози, неподнесени финансиски извештаи, отуѓување имот и добра на компанијата итн.

Соочени со ваквата реалност и кругот што сè повеќе се стеснува околу нив, нашите извори велат дека преку негативни кампањи „Кунико“ се обидува да го оттргне фокусот од себе со тоа што ги обвинуваат претходниот менаџмент, кој успешно го менаџирал комбинатот цела деценија, банките, институциите, а обвинија и владини претставници.

Од „Кунико“ никој не сака да разговара за состојбата со „Фени“. Новинарските прашања ги избегнува и правниот застапник, кој се појавува на судските рочишта. Поранешниот директор Миракхмдов, пак, лани во октомври ја напушти Македонија, а неговите правни застапници објаснија дека не избегал, туку дека е на напозната адреса и подготвен да се јави на суд.

Маја Илиевска-Пачемска

Економија

В понеделник продолжува обесштетувањето на необезбедените доверители на ФЕНИ

Објавено пред

Од

В понеделник продолжува обесштетувањето на необезбедените доверители на ФЕНИ, чиишто исплати започнаа минатата недела. ГСОЛ досега инвестирал над 60 милиони евра во рестартирање на фабриката и откуп на побарувањата кон оваа компанија, со план за дополнителни инвестиции во наредните недели.

Компанијата Еуриникел соопшти дека по објавата минатата недела, пристапила кон комерцијални разговори со необезбедените доверители чии побарувања беа утврдени во стечајната постапка на ФЕНИ.

„Повеќе од 80 проценти од вкупниот број необезбедени доверители одговорија позитивно и досега се потпишани договори со поголемиот дел од нив. Првите исплати по потпишаните договори беа направени минатиот четврток и петок, а процесот ќе продолжи од понеделник следната недела. Покрај необезбедените доверители, ГСОЛ го заврши и преземањето на побарувањата на трите локални банки кон ФЕНИ, по што во петокот поднесе официјално известување до Судот во Велес дека тие побарувања се преземени и ја потврди намерата за поднесување план за реорганизација, заради континуитет на активностите за производство на фероникел“, соопшти компанијата.

ЕуроНикел ги охрабрува сите останати доверители кои сé уште не ги контактирале и не започнале преговори, да стапат во контакт со правните советници, Адвокатското друштво Поленак, за преземање следни чекори.

„Ние сме големи оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите и брзината со која ги започнуваме позитивните промени во ФЕНИ. Секоја од овие промени значи чекор напред кон сигурна, продуктивна и профитабилна иднина за комбинатот и колку побрзо ги поместиме активностите на ФЕНИ надвор од стечајната постапка, ќе можеме да се посветиме кон засилено производство и пласман на производите на фероникел на европскиот и светскиот пазар. Плаќањето на утврдените обезбедени и необезбедени доверители е еден од клучните чекори во таа насока“, рече Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на ЕуроНикел, по неговата посета на Скопје.

Прикажи повеќе...

Економија

„Еуроникел“ ги повика необезбедените доверители на „Фени“ да ги достават барањата

Објавено пред

Компанијата ГСОЛ, преку претставништвото „Еуроникел“ Дооел Скопје ги повикува сите необезбедени доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка што се води за „Фени“, да ги достават барањата за да почне постапката за исплата.

Барањата треба да се достават во период од 12 – ти до 16 – ти март 2018 година во канцелариите на адвокатското друштво Поленак, правни застапници на „Еуроникел“.

„Се покануваат необезбедените доверители претходно, да го контактираат Адвокатското Друштво Поленак на телефонскиот број 02 3114 737, заради закажување термини“, стои во соопштението на ГСОЛ.

Пред два дена „ГСОЛ – Еуроникел“ извести дека почнале постапка за исплата на вкупните побарувања од „Фени“ на сите признати доверители.

„Со исплата на 100% од прифатените побарувања во стечајната постапка, швајцарскиот инвеститор става крај на неизвесноста за ‘Фени’ ја демонстрира компетентноста на ‘Еуроникел’ и го започнува излезот на ‘Фени индустри’ од стечајот обезбедувајќи извесна и стабилна иднина за комбинатот, вработените и партнерите“, велат од ГСОЛ.

Прикажи повеќе...

Фени

„Евроникел“: „Фени“ преку „Гсол“ е на чист пат за излез од стечајот

Објавено пред

„Евроникел“ предлага пат за излез од стечајот на „Фени“. Поддржувајќи ја компанијата во најтешкиот период и по успешното рестартирање на производството, имаме сериозен предлог до сите должници на „Фени“ и цврст инвестициски план за раст и успех на компанијата, велат од „Евроникел“.

„’Евроникел’ започна постапка за исплата на сите побарувања од ‘Фени индустри’ на сите признати доверители што се дел од стечајната маса. Веќе во следните неколку дена 60 отсто од сите побарувања на доверителите ќе бидат исплатени, а преостанатите 40 отсто ќе бидат исплатени во период од една година по вообичаената детаљна анализа и преглед на документацијата со побарувањата. Ова ќе стави крај на неизвесноста за ‘Фени’ и 100 отсто од прифатените побарувања во стечајната постапка ќе бидат исплатени. Доверителите се покануваат да се состанат со претставниците на ‘Евроникел’ во наредните денови со цел да ги достават своите барања и да ја комплетираат постапката“, се вели во соопштението.

Од „Евроникел“ наведуваат дека денес има јасен и опиплив знак на стабилизација и успешно враќање на производството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија15 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија16 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион17 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија17 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија17 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет17 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија2 дена

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија2 дена

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет2 дена

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија2 дена

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија2 дена

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија2 дена

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие