Контакт

Фени

Швајцарците влегуваат во „Фени“, рестартирање за 2-3 недели

Објавено пред

Одборот на доверители на „Фени“ во стечај склучи договор со швајцарското друштво GSOL за преработка на никелова руда за месечен надомест од 1.200.000 евра. Фабриката ќе почне со работа за две-три недели кога ќе заврши набавката на руда.

Одборот на доверители одлуката ја донел едногласно на 30 јануари со цел производствените капацитети, кои влегуваат во стечајната маса, да ги заштити од натамошно пропаѓање и намалување на нивната вредност.

Од GSOL најавуваат дека ќе влезат во фабриката следната недела, а со производство ќе почнат за две-три недели, време што им било потребно за набавка на руда. Сите вработени остануваат на работа, а средствата од 1,2 милион евра се наменети за плати и трошоци за фабриката.

Во исто време со рестартирањето на фабриката ќе тече и стечајната постапка. Следното рочиште е закажано в среда во судот во Велес.

Стечајната постапката продолжува кога Апелацискиот суд во Скопје ја отфрли жалбата на „Кунико рисорсис“, досегашниот сопственик на „Фени“, кој смета дека не се исполнети условите за стечај на фабриката.

(М. И. П.)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Тасева до „Макфакс“: Ако дојдовте да ми ја минирате прес-конференцијата, ви благодарам

Објавено пред

Претседателката на „Транспаренси интернешнал – Македонија“, Слаѓана Тасева, го обвини „Макфакс“ за минирање на прес-конференцијата откако ја прашавме зошто застапува интереси на компанија, ќерка на фирма која   „Транспаренси – интернешнал“ во 2013 година во Белгија ја оценила како коруптивна. Во извештајот на „Транспаренси – интернешнал“, кој е јавно достапен, како коруптивна е оценета компанијата ЕНРЦ, мајка на компанијата „Кунико рисорсис“.

„Каде вие слушнавте дека ние застапуваме интерес на ‘Кунико рисорсис’? Тоа е ваше извртување на состојбите, на фактите и на нашето искажување. Ние минатата прес-конференција само кажавме дека постапуваме по претставка, а тоа не значи дека застапуваме било чии интереси. Ние работиме само објективно и на основа на факти и дали таа претставка ќе покаже едно или друго сè уште не знаеме затоа што во тек е проверката. Вие ако дојдовте овде да ми ја минирате прес-конференцијата, ви благодарам“, рече Тасева.

Таа вели дека и претходно слушнала дека треба да гледаат што се случило претходно, но се прашува кој е интересот на Македонија во тоа.

„Колку милиони, билиони македонски пари уште од 1973 година се вложени во овој гигант, мои, ваши, на нашите родители?! Сега некој сака да го зграпчи без пари. И колку квадрати земја од Тиквешијата е тоа и што ќе се случи и со имотот и со луѓето и со сега вработените? Тоа што некој правел, па бил во Белгија, па бил на листата, тоа не е нашиот интерес“, рече Тасева.

На прес-конференцијата Тасева постапувајќи по претставката од „Кунико рисорсис“ побара стечајната судијка да го отфрли планот за реорганизација на „Фени“ оти бил доставен 12 дена по истекот на рокот. Стечајниот управник на „Фени“, Миодраг Анастасиевски, по обвинувањата, изјави дека Тасева изнесува паушални информации и дека планот бил поднесен во законскиот рок.

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Тасева изнесува паушални информации, планот е поднесен во законскиот рок, тврди стечајниот управник на „Фени“

Објавено пред

Стечајниот управник на „Фени“ тврди дека обвинувањата дека планот за реорганизација на „Фени“ е донесен 12 дена по истекот на законскиот рок и поради тоа стечајната судијка требало да го отфрли, се неточни.

„Во однос на одржаната прес-конференција на Слаѓана Тасева, сакам да ја информирам јавноста дека повторно беа изнесени паушални информации кои служат единствено за дефокусирање од фактичката состојба. Ваквите постапки се директно мешање и медиумски притисок на водењето на стечајната постапка. Планот за реорганизација е доставен во законски предвидениот рок, а стечајниот судија треба да постапи согласно со член 235 од Законот за стечај. Јас како стечаен управник сум должен согласно со член 225 да се изјаснам по поднесениот план за реорганизација. Слаѓана Тасева кога веќе го цитира моето изјаснување по поднесениот план за реорганизација, требала тоа да го направи во целост, а не да си зема за право да манипулира со текстот со пренесување  селективни и делумни информации со цел да ја испревртува вистината“, изјави за „Макфакс“ стечајниот управник Миодраг Анастасиевски.

Тасева денес апелираше сите државни институции да се вклучат во истрагата за стечајот на „Фени“ поради сомнежот за незаконски стечај.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Објавено пред

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот поднесен со 12 дена задоцнување, обвини денеска Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл – Македонија“. Презентирајќи ги наодите од мониторингот на стечајот за кој Тасева вели дека се води спротивно на законот, таа ги повика сите институции во државата, вклучително Судскиот совет, финансиската полиција и Јавното обвинителство, да преземат мерки. Нагласи дека е жално што најактуелниот сомнеж за криминал го испитува само невладина организација.

„На 10.5.2018 година ‘Глобал спешал опортјунитис лтд’ до Основниот суд Велес поднел план за реорганизација на стечајниот должник ‘Фени индустри’ АД Кавадарци. Овој план е поднесен 72 дена по одржувањето на извештајното собрание, односно 12 дена по утврдениот рок за поднесување на планот. На овој начин сторена е формална повреда на Законот за стечај. Во согласност со член 216, став 4 од Законот за стечај, ако во определениот рок не биде поднесен план за реорганизација, со решение на стечајниот судија постапката веднаш продолжува со впаричување на имотот“, укажа претседателката Тасева и побара судијката да го отфрли планот за реорганизација.

Таа вели дека судијката, спротивно на Законот за стечај, го процесирала планот и го доставила на разгледување и мислење до одборот на доверители и до стечајниот управник. Доверителите ГСОЛ, цементарницата „Усје“, „ТАВ Македонија“, „Раде Кончар“ – Скопје и Управата за јавни приходи дале позитивно мислење за планот за реорганизација.

„При носењето на оваа одлука директорката на УЈП гласала ‘против’ затоа што во планот има причина за тоа. Се работи за намирување на побарувањата на државата“, рече претседателката Тасева.
Според неа, и самиот стечаен управник укажал на одредени недоследности во самата содржина на планот, но неговите укажувања не биле прифатени во целост од страна на членовите на одборот на доверители иако се однесувале на суштински елементи на планот.

Тасева денеска реагира и на договорот за преработка на руда со ГСОЛ.

„На 31.1.2018 година со ГСОЛ од Бахамите стечајниот управник склучи договор за преработка на никелова руда. Од договорот произлегува дека предмет на закуп не се само технолошките капацитети, како предмети, туку се и работниците, неверојатно третирани како предмети, врз кои закупецот има право на целосна контрола, надзор и управување. Сето тоа со договор за закуп. На оваа околност никој досега не реагира“, рече Тасева.

Таа смета дека проблемот со криминалот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“ и по обем и по содржина и побара институциите да реагираат уште денес оти утре ќе биде доцна.

„’Фени’ вака поставено ќе работи до септември-октомври, тогаш ќе стане нерентабилно и Република Македонија ќе го изгуби“, тврди Тасева нагласувајќи дека вработените под притисок на големата невработеност во државата во моментот се задоволни што работат за минимални плати.

На нејзините забелешки одговорија вработени во „Фени“.

„Малку веројатно е дека некој ќе инвестира 70 милиони евра во комбинатот за да работи нерентабилно или да го згасне. Тасева настапува против нашите интереси бидејќи нејзиниот предлог за одбивање на планот за реорганизација и впаричување на имотот за нас значи ликвидација на комбинатот, згаснување на печките кои веќе работат, а на улица повторно да останат уште најмалку 800 вработени“, велат вработени од „Фени“.

 

УЈП ја демантира Тасева: Директорката не учествувала во разгледувањето на панот

 

Од Управата за јавни приходи ги демантираат тврдењата на Тасева. Управата информираше дека директорката Сања Лукаревска не учествувала во разгледување на планот.

„Директорот на УЈП во рамките на своите надлежности не одлучува за планот за реорганизација на посочениот стечаен должник. Оттука, директорот на УЈП не учествувал ниту во  разгледувањето, ниту, пак, можел да биде согласен за предложениот план за реорганизација. УЈП во стечајни постапки е застапувана од страна на државен  правобранител. Во предметната стечајна постапка сè уште не е закажано и одржано Собранието на доверители на кое се расправа и одлучува по предложен план за реорганизација“, велат за „Макфакс“ од УЈП.

 

Судот во Велес не ги коментира тврдењата на Тасева

 

Велешкиот суд во кој се води стечајната постапка за „Фени“, за која Тасева смета дека е незаконска, не сака да ги коментира наодите на „Транспаренси интернешнал – Македонија“.

„Судот своите ставови по конретни предмети, вклучително и во поглед на навременоста на поднесоците во стечајна или која било друга судска постапка, ги изразува единствено низ своите одлуки кои подлежат на контрола од страна на повисок суд. Од оваа причина, судот во моментов нема основа да се впушта во јавно коментирање на процесни прашања кои се однесуваат на судска постапка која е во тек“, изјавија за „Макфакс“ од велешкиот суд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија15 часа

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија17 часа

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија18 часа

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија18 часа

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија19 часа

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија21 час

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет21 час

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија1 ден

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија1 ден

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија2 дена

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија2 дена

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија2 дена

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија2 дена

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија3 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија3 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија3 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија3 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија3 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија3 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Досие