Контакт

Интервју/Дебата

Стојанче Рибарев, в.д. претседател на Кривичниот суд за Макфакс: Никој не ми ја сугерираше листата за годишниот распоред на судии

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во ексклузивно интервју за Макфакс, в.д. претседателот на Кривичниот суд Стојанче Рибарев говори за тоа дали некој влијаел во составувањето на најновиот годишен распоред на судии, за кој има бура реакции и дури 17 приговори од судии, за соработката со СЈО, „сваровски судството“, може ли да се влијае на судските одлуки…

 

 

М: Дојдовте во  Кривичниот суд од Врховниот суд како човек кој требаше да ги смири страстите,со оглед на Вашето искуство во  раководењето со штипскиот основен и апелационен суд.Како се случи уште на стартот најмногу реакции да има токму на вашиот годишен распоред на судии?

 

С.Р.: Во Судот дојдов во фаза  на започната постапка и кога распоредот што го донесе претходниот в.д претседател беше укинат во еден дел од Врховниот суд.Меѓутоа,бидејќи сум човек дојден надвор од Судот,кој не се познава и не работел со ниту еден судија,за мене беше очекувано дека ќе направам некоја грешка.

 

М: Зошто не ги испочитувавте желбите на судиите?

 

С.Р.: Според Законот за судовите и Деловникот  нема обврска да се почитуваат сите желби на судиите,Меѓутоа, доколку е возможно, секогаш се настојува да се почитуваат нивните желби.Треба да знаеме дека е невозможно во Суд со 60 судии на сите да им се излезе во пресрет.Дел од желбите на судиите се прифатени и се вратени на материјата што ја работеле,а дел се упатени на друга материја.Но, и кривичното и прекршоците се дел од надлежноста на овој суд и на казнената материја.Не зборуваме за преместување на судија од кривична во граѓанска област,или од граѓанска во работни спорови,туку за области кои им се познати.

 

М: Ве обвинуваат дека и со овој распоред,како и со претходните се таргетирани судиите кои што работеле на предмети поврзани со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и во зависност од одлуките се наградени или казнети?

 

С.Р: Апсолутно,не би се согласил  со таква констатација и не би поврзувал  било кој судија со СЈО или со редовни обвинителства,или со претходно донесени одлуки.Секој предмет  по кој постапуваат судиите е нов предмет.Работата во тој дел и по закон и Деловник е чиста.Во одлуките на судиите не учествува претседателот на судот,туку во институционална надлежност по жалба учествуваат уште два суда-апелациониот и Врховниот.Како дојден од надвор,незнам кој судија по кој предмет постапува.

 

М: Штом велите дека не ги познавате судиите и она што го работеле,тогаш по чија сугестија го направивте распоредот на судии,што предизвика незадоволство кај дури 17 судии кои поднесоа приговор  до Врховиот суд?

 

С.Р.: Распоредот го направив врз основа на комплетните состојби во судот и резултатите од работатата,но и забелешките од повисоки судови при редовните контроли.Таму каде што беше можно се почитуваа одредени желби на судиите,но и фактот дека некои судии заминуваат во пензија.

 

М: Дел од медиумите излегоа со тврдење дека  распоредот е „листа на желби“ на владејачката партија?

 

С.Р.: Не сум имал контакти со никого од владејачката партија,ниту некој ми доставил некаква листа.Одговорно тврдам дека  листа од било која политичка партијаа нема дојдено.

 

М: Како е можно  да се концентрираат толку функции  кај поранешниот претседател на Кривичниот суд,Владимир Панчевски кој во исто време е шеф на одделот на организиран криминал,судија во претходна постапка,судечки судија?А,токму Панчевски е човекот од кој доаѓаат најголемите опструкции на СЈО.

 

С.Р.: Не би навлегувал во досегашното работење на било кој колега,па и на  поранешниот претседател Панчевски.Обврска и надлежност е на други институции да ја следат неговата работа и да го оценуваат сработеното,за д аможат да фомираат суд при евентуален нареден избор.Распоредот во делот на Панчевски би го коментирал во следната насока-ниту го унапредив,ниту го уназадив Панчевски,туку го задржав на истата позиција на која беше пред да дојдам во овој суд.

 

М: Панчевски порано не работеше на претходна постапка?

 

С.Р.: Тоа е распоредот што го наследив од претходната в.д претседателка Татјана Михајлова,пред да го укине Врховниот суд.Не само Панчевски,туку и сите останати раководни позиции,ги задржаа судиите.Во тој дел немаше промени.

 

М: Зошто ја сменивте досегашната заменичка на претседателот Дијана Груевска и ја ставивте на ова место судијката  Славјанка Јанкоска која одлучуваше да не се земат „бомбите“ на опозицијата како доказ во постапката,а која  што е неколку месеци пред пензија?

 

С.Р.: Замената е направена токму заради тоа што го споменавте во прашањето,затоа што Славјака е најстариот судија во судот.Сметав дека најискусниот судија треба да биде заменик и да не дојде до други размислувања  дека се форсираат некои судии.

 

М: Што ќе се случи доколку Врховниот суд ги  прифати приговорите на судиите и  ги поништи решенијата.Спремни ли сте да дадете оставка како вашата претходничка Татјана Михајловска?

 

С.Р.: Не сум размислувам во таа насока.На Врховниот суд  му ги доставив сите податоци за да може да одлучува.Незнам што содржат приговорите и на кои  околности се повикуваат,бидејќи не се упатени до мене,туку до Врховниот  суд.Останува  врховните судии врз основа на списите да проценат дали ќе се прифатат или одбијат приговорите.Затоа не би прејудицирал ништо додека не ги добијам одлуките.Секако дека ќе ги прифатам сите  упатства на Врховниот суд.Повторувам,бев свесен дека мојата грешка може да биде поголема од  оние на моите претходници.Ова не е прва реакција за распоред на судии и според моите сознанија тоа трае од 2015 наваму.

 

М: Но,од Вас се очекуваше да ги смирите тензиите,а не да ги разгорите уште повеќе.

 

С.Р.: Мислам дека нема да се зголемат тензиите со распоредот.Не е причина само распоредот за незадоволство.Како и да е,сите судии работат на материја од казнена област и претседателот на судот не може да одговара за одлуките на судиите или да влијае врз нивните одлуки.

 

М: Може ли да се очекува подобрување на соработката со СЈО и да се тргне етикетата дека  Кривичниот суд  е кочничар на нивната работа?

 

С.Р.: Не би се согласил дека има таква етикета.Никаде не сум сретнал таков  збор.

 

М: Дали зборовите како отежната соработка,непочитување на рокови,двојни аршини во постапувањето не упатуваат на опструкции?

 

С.Р.: Јас имав средба со специјалната јана обвинителка Катица Јанева во функција  на запознавање и подобрување на соработката.Обвинителката ми го достави и лично извештајот.

 

М: Го прочитавте извештајот?

 

Да, го прочитав.На средбата разгледавме некои прашања,кои можат да се поделат во два правца.Првиот, околу начинот на одлучување на конкретни судии.Во тој дел,претседателот на судот не е тој што ја оценува нивната работа,освен повисоките судови по редовни и вонредни правни лекови.Во делот,пак,на забелешките за постапување на судии,за кои СЈО смета дека има нестручност и несовесност, тука не се надлежни повисоките судови,туку Советот за утврдување на факти и Судскиот совет.По мои сознанија и по она што го искажа Јанева,од нивна страна има иницирано неколку постапки.

 

Од моја страна јас им ги дадов сите податоци што им беа потребни.Немам надлежност да проценам дали некој судија работел несовесно.

 

М: Досега четири пати беа одбиени барањата на СЈО со судски налог да се обезбеди увид во базата на најголемата телекомуникациска мрежа.Зошто не се дозволува тоа да се направи,кога е од јавен интерес да се дознае дали и кој незаконски прислушувал?

 

С.Р.: За секое барање во конкретен предмет одлучува судија кој е определен со автоматската  распределба на предмети.Подготвен сум за секое барање на СЈО да побарам податоци. Каква и да е одлуката на судијата,СЈО има право на правен лек.

 

М: Не е ли чудно зошто еднаш судија од истиот суд дозволил со судски налог да се направи увид во базата на друг оператор, а тоа да не може да се спроведе за Македонски телеком, кој генерира најмногу броеви?

 

С.Р.: Нема да коментирам одлука на судии,бидејќи незнам ниту што е барано,ниту што е одлучено.Неможам да го пречекорам прагот на законот и деловникот и да дадам било каков коментар.

 

М: Зошто Кривичниот суд одбива да ги достави списите и записникот околу еден од обвинетите во „Пуч“,Ѕвонко Костовски за кој е поднесено барање за заштита на законитоста пред Врховниот суд?

 

С.Р.: Од мене ништо не е побарано.Досега, се што побарале од мене институциите, сум одговарал..

 

М: Што може да се очекува од судијата Рибарев како в.д претседател?

 

С.Р.: Стојанче  Рибарев е тука, времено,додека се избере  претседател на Кривичниот суд .Во моментов таква постапка тече и очекувам колку може побрзо да заврши за да може да се вратам во Врховниот суд.Тука сум дојден да обезбедам функционирање на судската управа до изборот на нов претседател.Не треба да се заборави дека се работи со суд со 380 вработени и сериозна инстурција ,која само со неколку предмети стана “популарна“.

 

М: Се покајавте  што се нафативте на местото вршител на должност?

 

С.Р.: Јас само ја почитував одлуката на Судскиот совет.Само се надевам дека помалку време ќе поминам тука.Ова е за мене целосно нова средина и незнам кој на која група припага,кој со кого пие кафе.Мислам дека се престоги оценките дека е нарушена  атмосферата во Кривичниот суд .Немам намера да ги иделаизирам состојбите,но и овој суд не е имун на вкупните  состојби во државата и  не е затворен во стаклено звоно.

 

М: Но, за овој  суд  најмногу се врзува префиксот „сваровски суд“,а не за некој друг?

 

С.Р.: Не би се согласил со такви префикси.И во овој суд,како и во другите има судии избрани во различни  периоди.На крајот на денот,после секоја донесена одлука,секој останува со својата совест.

 

М: И за вас се говори како судија кој  направил метерорска кариера,токму во времето на оваа владејачка гарнитура

 

С.Р.: Не знам дали имам метерорска кариера.Во Врховиот суд дојдов после стаж од 14 години,а со моите 53 години,во судството сум точно 30 години.

 

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија11 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија13 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија14 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија15 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија16 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ17 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија17 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија18 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија21 час

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет21 час

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет21 час

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија21 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион21 час

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет22 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет22 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...