Контакт

Истражувања

Обвинителството бара меѓународна помош за расчистување на криминалот во „Фени“

Објавено пред

За злоупотребите во „Фени“ повеќе од една година се поднесуваат кривични пријави, но резултати од пријавите нема. Над десет кривични пријави се поднесени против поранешните раководни лица, има пријава и против стечајниот управник и стечајната судијка, а кривични пријави заработија и неколку фирми поврзани со „Фени“. Злоупотреба на службена должност, перење пари, злосторничко здружување и измама, се само дел од обвинувањата вo кривичните пријави.

Од Основното јавно обвинителство Велес велат дека истрагите се во тек, а за некои од кривичните пријави, кои се однесуваат на ист настан, се спроведува единствена постапка. Такви се кривичните пријави против поранешниот главен извршен директор, Јусуф Миракхмедов, за незаконско отуѓување резерви фероникел и друга руда од фабриката врз кои банките имале заложно право. Во Основното јавно обвинителство Велес кривични пријави за отуѓувањето има од Финансиската полиција, од Стопанска банка и од Комерцијална банка.

„Со оглед на тоа што сите три кривични пријави се однесуваат на ист кривично-правен настан во врска со продадените движни предмети, сопственост на ‘Фени’, над кои банките имале воспоставено заложно право, во вкупна вредност од 1.809.617.164 денари, одлучено е по сите да се спроведува единствена постапка по што е донесена наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Во текот на предистражната и истражната постапка утврдено е дека петмина од пријавените не се наоѓаат на територијата на Македонија, па Основното јавно обвинителство во Велес преку Министерството за правда до надлежните органи на Узбекистан и Кралството Холандија упати замолница за меѓународна правна помош во кривично-правна материја“, велат од Обвинителството, од каде што чекаат одговор и нагласуваат дека истрагата е во тек.

За ексдиректорот Миракхмедов, сите кривични пријави се поднесени кога тој ја напушти Македонија, лани, на крајот на октомври. Додека вработените во „Фени“ тврдеа дека Миракхмедов избегал за да не му се суди, неговите правни застапници ја уверуваа јавноста дека ја напуштил Македонија поради здравствени проблеми и дека ја имаат неговата точна адреса. Гарантираа дека не бега од судот и дека ќе се појави доколку тоа од него биде соодветно побарано. Обвинителството работи и на втората кривична пријава против него од Финансиската полиција за незаконскиот отпис на незастарени побарувања на „Фени“ во износ од 51,5 милион американски долари.

„Во текот на предистражната постапка во овој предмет испитани се сведоци – членови на Управниот одбор на ‘Фени’, а застапниците на пријавениот на закажаниот распит приложија медицинска документација дека тој се наоѓа на болничко лекување во Ташкент. Во јули годинава Обвинителството издаде наредба за финансиско вештачење во Скопје, а резултатите сè уште не се доставени до Основното јавно обвинителство Велес“, велат од ОЈО Велес.

Поранешниот главен извршен директор, Јусуф Миракхмедов, има кривична пријава за незаконско отуѓување резерви фероникел и друга руда од фабриката врз кои банките имале заложно право

Обвинителството не даде податоци за кривичната пријава против Миракхмедов и уште неколку раководни лица во „Фени“ за перење пари, поднесена од БСГР, малцинскиот партнер во „Кунико рисорсис“.

Последната кривична пријава Миракхмедов ја доби минатата недела од стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски. Кривичната е против Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев, сите носители на високи функции во „Фени“ пред да отиде во стечај, а се товарат дека во 2016 година извршиле незаконски дејства со кои го оштетиле комбинатот со 51 милион американски долари и ја довеле фабриката до стечај.

„Пријавата е земена во работа, со оглед дека веќе се водат постапки во Основното јавно обвинителство Велес, се разгледува дали содржи елементи на кривични дела за чие постапување е надлежно Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, велат од Обвинителството.

Се работи и на кривичната пријава против стечајниот управник и стечајната судијка за незаконитости во стечајната постапка. За да се исклучи секакво сомнение за непристрасно постапување на Основното јавно обвинителство во Велес, надлежноста му е пренесена на ОЈО Скопје, од каде што веќе упатиле барања до судот во Велес и велат дека е во тек предистражна постапка.

Паралелно со кривичните пријави во Основното јавно обвинителство во Велес, велешкиот Основен суд ја води стечајната постапка за „Фени“.

Истражувања

Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми

Објавено пред

Фабрика за преработка на медицински отпад ќе се гради на земјиштето во дворот на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“. Како што дознава „Макфакс“, инвеститорот минатата недела ги информирал газдите на околните фирми во комплексот кај МЗТ дека ќе почне со градба. Уплашени од опасноста и штетните последици од ваква фабрика во нивна близина, сопствениците на околните фирми потпишуваат петиција за да се стопира оваа изградба. Од Општина Гази Баба ни одговорија дека дозволата е издадена во 2014 година и е потпишана од тогашниот градоначалник Тони Трајковски, но, наводно, станува збор за преработка на неопасен отпад.

Станува збор за фирмата „Еко клуб“ ДООЕЛ Битола, чија основна дејност е манџирање со отпад. Фирмата барањето за складирање, третман и/или преработка на неопасен отпад до Општината го доставила на 10.12.2014 година.

„Од Општина Гази Баба на 17.12.2014 година е издадена потврда од страна на комисијата за изготвување потврди за одредување локации на кои ќе се врши дејноста складирање, третман и или преработка на неопасен отпад, потпишана од тогашниот градоначалник Тони Трајковски“, ни одговорија од Општина Гази Баба.

Но, сепак, во документите до кои дојде „Макфакс“ покажуваат дека „Еко клуб“ има договор за соработка со „Дрисла“ за вршење услоги на преработка на опасен медицински отпад.

Во описот на дејноста на фирмата „Еко клуб“ стои дека е водечка комунална компанија во регионот на југозападна Македонија и пошироко на Балканскиот Полуостров.

Компанијата работи веќе 27 години и е прва приватна комунална компанија во Македонија. Компанијата е регистрирана на 26.9.1990 година. Основни дејности се еколошки и комунални услуги, кои се изведуваат со сопствена механизација.

Минатата недела имаше бурни реакции во јавноста по информацијата дека во склоп на фабриката „Железарница“ ќе се гради фабрика за тешка индустрија. Активистите постојано апелираат да се престане со градба на фабрики што дополнително ќе ја влошат енормната загаденост на воздухот во Скопје.

 

Прикажи повеќе...

Истражувања

(Видео) Во Општина Охрид се јадело и се пиело за 18.000 евра годишно

Објавено пред

Општина Охрид потрошила 18 илјади евра за јадење и пиење последнава година по доаѓањето на Јован Стојаноски на функцијата градоначалник.

Според фактурите што ги има „Макфакс“, се јадело и се пиело само во шест ресторани, најмногу во хотелите „Милениум“, „Нова ривиера“ и ресторанот „Острово“. Просекот е дека дневно се трошеле по 50 евра, а еден ручек или вечера изнесувал над 350 евра.

Од потрошените 18.000 евра за една година за јадење и пиење Општина Охрид ни испрати фискални сметки само за третина од потрошеното – односно за 6 илјади евра.

Од сметките се гледа дека во една пригода со делагации од збратимените градови се испиле 44 ракии, 24 пива, 34 вина, 10 уза и коњаци…. Во друга пригода, само за риби и рибни специјалитети се потрошиле речиси 600 евра.

Коктелот за патронот на Охрид е платен над 1.600 евра, ручекот со членови на делегации од збратимени градови 1.000 евра, за оброците на пејачот Сергеј Ќетковиќ, кој настапуваше во Охрид, платени се речиси 400 евра, а плаќани се пари и за гоштевањето на претставници од Охридската архепископија, кои јаделе комати, ѓомлезе, пастрмка, а испиле и 5 вина, пива и ракии. Но, ова е само дел од фактурите. За преостанатите не добивме одговор кој сè се гоштевал во охридските ресторани.

Сите фактури се одобрени за плаќање од градоначалникот Стојаноски. Тој вели дека Охрид е центар за манифестации и дека постојано доаѓаат гости. Градоначалникот во телефонска изјава уверува дека ниту една сметка не е направена за негова лична потреба или за потреба на вработените во Општината.

Сметката на Општина Охрид е под постојана блокада од 2005 година поради неисплатени долгови.

По објавите за луксузното трошење на претходната власт по кафеани, СДСМ жестоко реагира – се донесе правилник за трошењата во министерствата, но не и за општините.

На совеста на секој градоначалник е оставено дали ќе се луксузира со скапи вина и специјалитети или, пак, поскромно ќе ги троши општинските пари, особено во време кога општините се соочуваат со милионски долгови и блокирани сметки.

Мери Јордановска, Кристијан Ландов

Прикажи повеќе...

Истражувања

(ВИДЕО) Пругата кон Бугарија се гради еден и пол век

Објавено пред

Уште 900 милиони евра и голема посветеност на Владата се потребни за да стане реалност Коридорот 8, односно железничката пруга која Македонија ќе ја поврзе со Црно Море на исток и со Јадранско Море на запад. Пругата се гради неверојатни еден и пол век, период во кој на трасата на Коридор 8 се испречувале војни, преврати и политички притисоци кои ја пролонгирале изградбата. Последните најави на Владата за придвижување на градежните активности за изградба на пругата скопјани ги искоментираа како подеднакво недостижни како и влезот во ЕУ. „Знаете кога ќе влеземе во ЕУ? Кога ќе биде готова пругата Паланка – бугарска граница!“, пишуваат на социјалните мрежи и покрај уверувањата од властите дека следната година интензивно ќе се работи на пругата.

Коридорот 8 во Македонија се состои од три дела. Источен дел – од Куманово до границата со Бугарија во должина од 90 километри, кој не е изграден, делот кој сега функционира помеѓу Куманово и Кичево, кој е околу 150 километри, и западен дел – од Кичево до границата со Албанија во должина од 66 километри, кој исто така не е изграден.

Последниот рок за комплетирање и проточност на Коридорот 8 е 2025 година, но само доколку оваа влада ја постави железницата како приоритет, смета Петар Спасовски, помошник-директор за електротехнички постројки во Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“. Според Спасовски, се покажало дека судбината на Коридорот 8 е зависна од политиката.

„Досега се потрошени 180 милиони евра, а ни требаат уште 900 милиони евра, тоа значи 550 за западниот дел и 350 милиони за источниот дел“, Петар Спасовски, помошник директор во „МЖ Инфраструктура“

„За Коридорот 8 се зборува многу одамна. За првпат таа траса е проектирана и ставена на хартија уште во 1869 година, тоа значи приближно еден и пол век. Многупати од тогаш пругата почнувала да се гради, меѓутоа сите обиди биле неуспешни. Интересно е што секогаш кога требало да се почне да се гради делот во Македонија, бидејќи целата траса поминува и низ Бугарија и низ Албанија, каде што веќе има изградено пруга, во делот низ Македонија се случувале некои збиднувања, дали тоа биле војни, преврати, промени на влади и така натаму, па досега не се изградил Коридорот 8 низ Македонија“, изјави за „Макфакс“ помошник-директорот Спасовски.

Првата идеја за градење транс-балканска рута Цариград- Одрин-Пловдив- Софија-Ќустендил-Ѓуешево-Куманово-Скопје-Приштина, а од тука преку Босна и Хрватска до Виена, датира од 1869 година

Според историјатот на пан-европскиот Коридор 8, првата идеја за градење транс-балканска рута Цариград- Одрин-Пловдив- Софија-Ќустендил-Ѓуешево-Куманово-Скопје-Приштина, а од тука преку Босна и Хрватска до Виена, датира од 1869 година. Железницата била основана во 1870 година со цел изградба на линија од Истанбул до Виена, но првата пречка се појавила во 1875 година кога работите биле забавени поради османлиската финансиска криза. По Санстефанскиот договор од март 1878 година, Македонија била вклучена во Кнежевството Бугарија, но по Берлинскиот конгрес во летото 1878 година била вратена во Турција поради што двете земји морале да преговараат за делот на пругата во Македонија. По многу одлагање, во Виена во декември 1882 година четирикратниот комитет Австро-Унгарија, Србија, Бугарија и Отоманската Империја конечно се состанува и потпишува договор во мај 1883 година со кој се менува јужната патна линија низ Македонија со директен пат низ Србија. Во 1897 година, по исклучувањето на Македонија, Бугарија повторно почнала со преговори за пруга низ Македонија, кои продолжиле во 1899, 1904 и 1907 година, во 1908 година и по Младотурската револуција. Договор бил постигнат во 1912 година, но избувнувањето на Балканските војни ги прекинало сите активности. Во меѓувреме Бугарија почнала со изградба на пруга на своја територија. 1893  почнала изградбата на пругата од Софија до Перник, 1909 година изградбата стигнала до Ќустендил, а во 1910 година до граничната станица Ѓуешево.

Со почнување на Втората светска војна,  во јуни 1941 година Македонија е доделена на БДЖ за организирање, работење и управување со железничките пруги

Во текот на Првата светска војна, во 1914 година, по формирањето на Бугарската државна железница (БДЖ) во Скопје, веднаш почнува да се планира поврзување на Ѓуешево – Крива Паланка – Куманово, но поради недостиг на персонал, материјали  и време, изградбата никогаш не почнала.
Со почнување на Втората светска војна,  во јуни 1941 година Македонија е доделена на БДЖ за организирање, работење и управување со железничките пруги. Во јануари 1942 година Дирекцијата за изградба на нови железнички линии на БДЖ отворила градежен дел во Крива Паланка со што почнала изградбата на најтешкиот дел од пругата Ѓуешево – Крива Паланка, со завршување на војната престанала и изградбата на оваа пруга.

Следниот обид е во 1994 година, кога самостојна Република Македонија со буџетски средства повторно почнува изградба на пругата кон Бугарија. Ангажирани биле најголемите градежни компании во државата, „Гранит“, „Бетон“, „Илинден“ и „Маврово“,  кои по десет години, во 2004 година целосно ја сопреле изградбата поради политички и економски проблеми во државата.

Дваесет години подоцна, во 2014 година, кога со кредит од ЕБРД германската компанија „Вибе“ го направи најголемото поместување на градежните работи за оваа пруга. Почна да ја гради делницата Куманово – Бељаковце во должина од 30 километри, а изградбата требаше да заврши во 2016 година. Рокот е пробиен поради поради проблеми со експропријацијата, а новите прогнози се дека овој дел од пругата ќе биде готов следната година.

„Тој дел е веќе во завршна фаза и очекуваме во 2019 година да ја завршиме таа делница. Работиме да го одбереме изведувачот на втората делница, помеѓу Бељаковце и Крива Паланка, во должина од 36 километри каде што имаме обезбедени финансиски средства од 145 милиони евра, исто така преку кредит од ЕБРД. Веќе се изработени проектите за третата делница, а тоа е помеѓу Крива Паланка и границата со Бугарија, односно Деве Баир. Оваа делница иако е најмала од трите од источниот дел, има должина од 23 километри, сепак е најскапа и таа приближно ќе чини околу 350 милиони евра. Целата траса е планинска, има вијадукти, мостови, тунели и поради тоа изградбата на тој планински терен е тешка. Очекуваме  следната година и таму да го објавиме тендерот, за да може да ја забрзаме постапката. Таму треба да се одбере фирма што ќе ги изведува работите за да можеме паралелно да работиме на двете делници, и на втората и на третата, и во 2023 година да се спои источниот дел со пругата во Бугарија“, вели помошник-директорот Спасовски.

Крајниот рок за комплетирање на Коридор 8 е 2025 година

Последна фаза од изградбата на Коридор 8, Спасовски вели дека ќе биде делот од Кичево до Лин, за кој се потребни уште 550 милиони евра. Проектите се готови и предвидуваат експропријација, поради што од МЖ велат дека ќе им требаат две години за подготовка за градење. Крајниот рок за комплетирање на Коридор 8 е 2025 година, доколку не се појават непредвидени работи.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, минатата недела претставувајќи го буџетот за 2019 година рече дека дел од средствата се обезбедени.

„За третата делница имаме обезбедено 60 милиони евра грант-средства, исто како и за втората 70 милиони од страна на ЕУ.  Министерството за финансии работи на обезбедување финансии, очекуваме, исто така во најбрз период, комплетно да биде обезбедено финансирањето“, рече министерот Сугарески.

За пругата кон Бугарија и за модернизација на Коридор 10 во буџетот за 2019 година се предвидени вкупно 54 милиони евра. Помошник-директорот Спасовски, пак, вели дека за завршување на Коридор 8 се потребни многу повеќе пари.

„Досега се потрошени 180 милиони евра, а ни требаат уште 900 милиони евра, тоа значи 550 за западниот дел и 350 милиони за источниот дел. Доколку Владата на Република Македонија овој проект го стави во приоритетни и како проект што ѝ е неопходно потребен на Македонија, доколку се обезбедат финансиски средства, а тоа е во ингеренции на Владата на Република Македонија, нормално со голема помош и од јавното претпријатие МЖ – инфраструктура, можно е тој проект да се заврши 2025 година“, вели Спасовски.

Монтажа: Вероника Коцева

Камера: Адем Маровци

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски23 минути

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија27 минути

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски41 минута

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа2 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа2 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија2 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет14 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија15 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија18 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија19 часа

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија20 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија21 час

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ2 дена

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија2 дена

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија2 дена

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“2 дена

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион2 дена

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Досие