Контакт

Истражувања

Обвинувања за градежна афера: Со години чекаат да се вселат во зграда во Дебар Mаало

Објавено пред

Повеќе семејства со години чекаат да влезат во своите станови кои ги купиле во зграда во Дебар Маало. Иако зградата е во финална фаза, подолг период има застој и никој од купувачите не може да се всели, открива за „Макфакс“ една од граѓанките кои купиле стан. Инвеститорот „Интернова траде“ почнал претстечајна постапка, а сопствениците на земјиштето и граѓаните кои уплатиле станови си ја префрлаат топката едни на други за тоа кој ја запира изградбата.

„Требаше да се вселиме во становите што ги купивме во август 2014 година, а зградата која се изгради со наши пари уште стои незавршена“, вели за „Макфакс“ Ј.И., граѓанка која купила стан во нова зграда во Дебар Маало. Таа потекнува од внатрешноста, па пред неколку години решила да купи мал стан за своите деца кои студираат во Скопје, за да не плаќа кирија. Сега и плаќа кирија и отплатува кредити, бидејќи станот сè уште го нема.

„Становите ги купивме во градба, јас и повеќе купувачи целосно ги исплативме за градбата да се случи побрзо. Наместо да добиеме станови, инвеститорот и фирмата во меѓувреме станаа неликвидни и не го остварија ветувањето. Зградата е речиси завршена, со средени тоалети, со паркети, само нема приклучок за струја и за вода. Целата работа е во застој, за уште малку не се завршува и работата е запрена“, вели таа за „Макфакс“. Уплатила околу 37 илјади евра за стан од 34 м2. Во истата ситуација се уште многу семејства бидејќи зградата има 25 станови.

За случајот е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „измама“.

„Нотарот ме убеди дека преддоговорот е правно издржан и истите пред нотарот се обврзаа станот да ми го предадат во владение на 15.9.2014 година, на почетокот на студиската година за да може да се всели син ми кој е студент во Скопје, доколку ги уплатам сите средства во рок од еден месец. Со такво лажно ветување градба и со анекс-договори успеале да се стекнат неосновано со по околу 20 м2 станбена површина, иако имале обврска да уплатат парични средства за изградба на зградата. Неосновано истите добиле станбена површина како награда за лобирање за инвеститорот (кој нè измами и ни ги зеде парите) и за наводно завршени механички работи во зградата“, се вели во кривичната пријава поднесена од една од граѓанките кои купиле станови во зградата.

Во кривичната пријава се обвинува и дека повеќе станови се дадени на подизведувачи по многу пониска цена од пазарната врз основа на услугите што ги извршиле, за истите да бидат потоа продадени на сегашните купувачи по пазарна цена и тоа за да се избегнат даночни обврски спрема државата, да се сокрие протокот на парите надвор од сметката на „Интернова траде“, која станала неликвидна уште во јули 2014, пред становите да бидат предадени во владение.

Од ОЈО иако поставивме прашања засега немаме информации до каде е постапката со кривичната пријава, дали таа е прифатена и дали е започната истрага. Ј.И. за „Макфакс“ тврди дека завршувањето на зградата, освен проблематичната ситуација со инвеститорот, го запираат и сопствениците на земјиштето каде што е изградена зградата. Според неа, тие континуирано не даваат согласност за отстапување на паркинг-местата и подрумскиот простор, поради што инвеститорот се откажал и зградата веќе три години е незавршена.

„Бесправно сме ставени како продавачи на станови“

Дел од сопствениците на земјиштето за „Макфакс“ велат дека поднесената кривична пријава против нив нема основа бидејќи тие не биле продавачи на станови од зградата, туку дале полномоштво за продажба на инвеститорот.

„Тешка криминална постапка, јас и Зоран сме ставени како да сме ги продавале становите. Ние сме сопственици на земјиштето, а тој кога ги продавал становите нè ставил и нас како да сме продавачи. Ние не сме знаеле воопшто за ова, бевме на разговор во обвинителство, имаме поднесено документи, не склучуваме никакви договори и преддоговори, тоа тој што го направил без наши потписи, јавниот обвинител да си го реши. Ние му дадовме полномоштво да ги продава, а тој нè ставил како ние да сме продавале“, вели за „Макфакс“ Александар Јовановски, еден од сопствениците на земјиштето.

Сличен став има и Зоран Поповски, друг сопственик на земјиштето, кој исто така се нашол во кривичната пријава, но вели дека тие како сопственици на земјиштето не продавале станови од зградата, туку дале полномоштво на инвеститорот да продава станови. Според него, нема никаква логика тие да ја запираат доизградбата на зградата бидејќи и тие ги чекаат своите станови во неа.

„Јас сум со две мали деца на улица, плаќам кирија и едвај чекам да се заврши. И ние поднесовме кривична пријава до ОЈО како сопственици на земјиштето против инвеститорот. Повикаа еден комшија на разговор и на тоа остана. И сега се фативме за гуша меѓу себе, ти си виновен, овој е виновен, а всушност државата е виновна.  И Мартин не е виновен, државата го овозможува тоа. Ако дозволиш секому да гради згради, ќе се случи ова“, вели Поповски за „Макфакс“.

Тој додава дека институциите мора да ја испитаат работата со зградата и да се заврши праведно нивната голгота, за секој кој вложил и платил пари да добие стан.

Инвеститорот „Интернова траде“ во претстечајна постапка

За инвеститорот на зградата во Дебар Маало што се наоѓа на улицата Црвена вода, „Интернова траде дооел“, според документацијата во Централниот регистар, минатиот месец почнала претстечајна постапка. Со решение на Основниот суд одредена е општа забрана за располагање со имот на должникот, како и забрана за исплати од сметките на должникот.

Управителот на „Интернова“, Мартин Скуманов, за „Макфакс“ вели дека тој околу три години веќе нема никакви овластувања во зградата која ја градела неговата компанија.

„Во зградата има средства, има купувачи кои должат, над 45-46 илјади евра, има гаражи, подруми кои се за продажба, сопствениците сега не даваат отуѓување на подрумските и гаражните простории, купувачите должат пари и имаме една шах-мат ситуација. Ни едните попуштаат, ни другите. Од 2014-2015 полноштвата ми се отповикани, немам никакви овластувања, едноставно има блокада. Со стечајот најдобро ќе се заврши ситуацијата и ќе се разделат сите работи. Реално таа зграда околу 95% е завршена, фалат само два лифта, се поставува трафостаницата, интензивно се работи,  уплатено е за водовод и е во завршна фаза“, вели Скуманов.

Тој убедува дека никој од оние што уплатиле пари не може да остане без станови бидејќи уплатите им се чисти и признаени.

„Од ЕВН имаме некое ветување дека за недела-две ќе имаме струја во зградата, платено e хлорирање за да нè вклучат на водовод. Тоа се главните фази и се надеваме дека процесот наскоро ќе се приврши“, додава тој.

За проблемите на граѓаните и случувањата во оваа зграда испративме прашања и до општина Центар, но до објавата на текстот не добивме одговори.

Кристина Озимец

Истражувања

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што беше објавено на неговата страница на „Фејсбук“, тој нема да го дочека обвинението за еден од најголемите случаи, „Талир“, за начинот на финансирањето на партијата.

Според истражувањето на „Макфакс“, од сите 69 имотни листови, кои сега се под мраз, партијата располага со делови од 90 куќи, 21 дуќан, 26 стана, 17 градежни земјишта, 15 деловни простории, 36 земјишта под зграда, 7 дворови, една нива, односно над 30 илјади квадратни метри имот во 28 града во земјата.

Замрзнувањето на имотот следуваше кога претседателот на партијата Мицкоски рече дека размислува да ја продаде или изнајми белата палата, а во меѓувреме партијата веќе продаде еден стан во Кисела Вода за 100.000 евра додека привршува истрагата на СЈО за еден од најобемните предмети, „Талир“, поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Бевме на повеќе локации каде што ВМРО-ДПМНЕ има имот во Скопје. Сите објекти беа под клуч, со искинати плакати од поранешниот лидер Никола Груевски, а очигледно беше дека таму одамна не се појавил никој.

„Макфакс“ истражуваше на кој начин ВМРО-ДПМНЕ го стекнала имотот за кој постојат сомнежи дека е купуван од црни пари, кои потоа преку уплатници за донации и членарини „легално“ легнувале на сметката, како и начинот на кој партијата ја изгради палатата „Христо Татарчев“.

Поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски, кој се бара со потерница, е првоосомничен во овој случај.

Прикажи повеќе...

Афера „Банки“

(Видео) Афера „Банки“ – Кичевец тврди дека го измамиле банка и локални моќници

Објавено пред

Во четвртата епизода од серијалот „Банки“ на „Макфакс“ ја објавуваме приказната на Мито Митановски од Кичево. Тој ја купил фирмата „Тане Целевски“, која била во стечај. Тоа се покажало како добра шанса за локални моќници да го изиграат Митановски. Тој под хипотека ги ставил сите погони и недвижности, но наместо да управува со парите од кредитот доделен од Комерцијална банка, парите завршиле на сметка на новоотворената фирма „Металика“.

Тој тврди дека имал закани и уцени да ги потпишува документите. „Металика“ не го враќала кредитот, но затоа правела анекси и го проширувала. Комерцијална банка ја активирала хипотеката и му го одзела целиот имот на Митановски.
Прикажи повеќе...

Истражувања

Градоначалникот на Охрид ги троши парите на граѓаните за медиумско внимание

Објавено пред

Општина Охрид и натаму истура милионски суми за реклами во медиумите. Милиони одвојува и за организирање концерти. „Макфакс“ дознава дека сегашниот градоначалник, Јован Стојановски, склучил нови договори вредни 2,4 милиони денари за рекламирање во текот на целата година, а за организирање на 5 концерти летово на организаторите им исплатил 5.649.000 денари или безмалку 93 илјади евра. Исплатите и Стојановски, исто како и неговите претходници, ги врши од општинската сметка, која поради долгови е блокирана од 2005 година и дозволени се плаќања само за основно функционирање на Општината.

Стојановски, според досега склучените договори за соработка со медиуми, на локални радија, портали и телевизии месечно им исплаќа по 216 000 денари, односно годишно ќе исплати 2.430.000 денари или приближно 40 илјади евра. Договорите со медиумите се потпишуваат во континуитет, a Општината има и долгови кон нив. „Макфакс“ дознава дека Општина Охрид треба да доисплати 549.595,00 денари на ТВМ, локална телевизија која со години добивала најмногу пари од Општината.

Во август годинава Општина Охрид ја надминала месечната сума од 216 илјади денари и на медиумите им исплатила вкупно 496.532 денари. Сумата ја кренале неисплатени фактури од минатите месеци.

Медиум кој моментално добива најмногу јавни пари преку Општина Охрид е „Супер радио“, кое на месечно ниво добива по 54 000 денари, односно 648. 000 денари на годишно ниво. Телвизијата ТВМ е втор најплатен медиум и за шест месеци ќе земе 330.000 денари. На трето место е МХ радио кое за 12 месеци ќе земе 295.200 денари. Најмалку пари од Општина Охрид, односно по 4 000 денари месечно се одвојуваат за „Москито“.

„Потребно е на некој начин да бидеме присутни за тоа што сме го направиле и да бидеме поддршка за медиумите. Не пречи блокираната сметка. Секоја општина која има блокирана сметка има рамка одобрена од судот. Ние имаме 50 милиони месечно. Според договорот, медиумите објавуваат банер, текстови, пресови, сè што ние ќе испратиме како допис“, изјави градоначалникот Јован Стојаноски, кој нагласи дека рекламирањето не е луксузирање.

Ставот на ЗНМ за практиката на трошење јавни пари во медиуми за да се добие нивната наклонетост е чиста корупција и ја загрозува независноста на медиумите.

Со народни пари, пак, летово општина Охрид финансирала и 5 концерти, за кои на организаторите им исплатила 5.649.000 денари или безмалку 93 илјади евра. Парите ги зеле два правни субјекта „БМЈ Медиа гроуп“ издавач на „1ТВ“, чиј сопственик е Бојан Јовановски, и „Самоорганизација букинг“ застапник на „Аволон продукција“, чиј сопственик е Бобан Милошески.

„БМЈ Медиа гроуп“, односно „1ТВ“ ги организираше концертите на Марија Шерифовиќ и на Северина за што Општината им платила 2 милиони денари. „1ТВ“ емитуваше и рекламни спотови, за кои службите на општината не кажаа колку средства се исплатени. Летово градоначалникот на Охрид, Стојановски, имаше низа гостувања во „1ТВ“ на кои се фалеше со реализираните проекти во Охрид. Сопственикот на телевизијата, Јовановски, вели дека гостувањата не се платени со парите што ги зел од Општината за концертите, туку станува збор за покана од страна на новинарите. За двата милиона што ги добиле, во рамки на организацијата на концертите, објавувале и рекламни спотови.

„Договорот е помеѓу ‘1ТВ’ и Општината. Се емитуваа рекламни спотови, се промовираше Општината, која беше покровител на двата концерта. Општината доби соодветен третман во ‘1ТВ’. Тоа е цел пакет. Ние побаравме поддршка од градоначалникот“, вели Бојан Јовановски, сопственик на „1ТВ“, чија фирма доби пари.

Втората продукција, за чии концерти биле дадени народни пари, била „Самоорганизација букинг“, односно „Аволон продукција“, која беше истражувана од Финансиската полиција поради долгови кон ЗАМП за авторски права. За концерти на пет имиња од светската ДЈ-сцена на фестивалот „Охрид колинг“, Стојаноски им дал 3.5 милиони денари. Оваа фирма доби и 100 000 евра од Министерството за култура по повод „25 години Авалон“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски7 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија9 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија9 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија9 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија10 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate12 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести12 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести13 часа

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски1 ден

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија1 ден

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија1 ден

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија1 ден

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски1 ден

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски1 ден

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија1 ден

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет1 ден

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски1 ден

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски1 ден

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски1 ден

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Досие